fbpx
Таг: Унгарија

таг: Унгарија

Унгарија со протестна нота до Хрватска

Унгарскиот амбасадор во Загреб му предаде на Министерството за надворешни работи на Хрватска протестна нота, поради понудата на тоа министерство да го отвори главниот граничен премин на границата со Србија, под услов српските власти да ги насочуваат бегалците кон Унгарија. Дипломатската нота беше испратена по наредба на унгарскиот министер за надворешни работи Петар Сијарто, со согласност од Министерството за надворешни...

Унгарија дозволи војската да се справува со бегалците

Унгарскиот парламент денеска го усвои законот со кој на владата ѝ се дозволува да испрати војска на границите за да се справи со бегалската криза. Во согласност со законот, армијата ќе има дозвола да употреби гумени куршуми, пиротехнички средства, гранати-солзавец, пиштоли кои фрлаат мрежа. Законот е усвоен со 151 глас „за“, 12 „против“, а 27 од пратениците биле воздржани. Владејачката центристичка партија Фидез на премиерот...

ЕУ до Унгарија: Насилството и оградата не се решение

Европскиот комесар за внатрешни работи и за миграција, Димитрис Аврамопулос, во Будимпешта изјави дека оградата и насилството не се решение за мигрантската криза. Тој ги повика унгарските власти да им се придружат на заедничите европски напори за да се реши кризата. - Оградата е привремено решение и со тоа се доведува само до пренасочување на приливот на беглаци и дозголемување на...

Бан Ки-мун шокиран од третманот на бегалците

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, изрази шокираност и вознемиреност од третманот кон бегалците и кон мигрантите на границата меѓу Унгарија и Србија. - Бев шокиран од начинот на кој бегалците и мигрантите се третирани. Тоа е неприфатливо. Сите земји имаат внатрешни проблеми, но станува збор за луѓе кои бегаат од војна и од прогон. Мора да се искаже...

Орбан најави ограда и на границата со Романија

Унгарија ќе подигне ограда и долж деловите на својата граница со Романија, соопшти денеска премиерот Виктор Орбан. - Донесена е одлука за подигнување ограда и на границата со Романија – рече Орбан. Романија денеска го повика унгарскиот амбасадор поради планот на Будимпешта да ја продолжи граничната ограда кон Романија за да го спречи приливот на мигранти што се обидуваат да стигнат до Северна...

Советот на Европа бара објаснување од Орбан

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, денеска соопшти дека побарал објаснување од Унгарија за законот што беше усвоен минатата недела поради бегалската криза. - Му пишав на премиерот Виктор Орбан за да добијам објаснување за новите регулативи – рече Јагланд. Унгарија вчера ја затвори својата граница со Србија за да го спречи големиот наплив на мигранти. Будимпешта усвои закон со кој,...

Унгарија покрена кривична постапка против 60 бегалци

Унгарија соопшти дека почнала кривична постапка против 60 бегалци кои денеска се уапсени под обвинение дека ја „оштетилe“ бодликавата ограда на границата со Србија. Во согласност со новиот закон, кој стапи на сила на полноќ, за ова дело следува затворска казна од пет години. Ова е прв голем бран апсења по стапувањето на сила на унгарскиот антиимигрантски закон. Законот предвидува до три години...

Управен суд на Австрија: Унгарија веќе не е безбедна држава

Управниот суд на Австрија оцени дека Унгарија веќе не е безбедна држава за давање азил на бегалците. „Состојбата во Унгарија, од октомври минатата година, значително се смени, поради огромниот наплив на бегалци. Таа околност, со конкретните критики на условите за прием на азилантите во Унгарија, води кон оцена дека Унгарија не е безбедна за поднесувачите на барање за добивање азил“,...

Автопатот Австрија – Унгарија затворен во двата правци

Автопатот кој ги поврзува Австрија и Унгарија, кој минува низ границата на двете земји и е рута по која се движат бегалците кон ЕУ, е затворен во двата правци, соопшти австрискиот автомото-сојуз АСФИНАГ. - Причината е приливот на бегалци што го очекува полицијата – се наведува во изјавата и се додава дека сообраќајот од другата страна го запрела Унгарија. Засега не се...

Унгарската армија почна воена вежба на границата со Србија

Унгарската армија денеска почна воени вежби на нејзината јужна граница со Србија, како подготовка за евентуално нејзино вклучување во обезбедувањето на границата поради големиот наплив на мигранти. Будимпешта, како што веќе најави унгарскиот премиер, Виктор Орбан, планира да испрати војници како засилување на полицијата на јужната граница, каде илјадници мигранти секојдневно влегуваат во земјата од Србија. Предходно Унгарија постави ограда од...

Отказ за унгарската снимателка што тепала бегалци

Снимателка на приватна унгарска телевизија синоќа доби отказ откако на интернет и во медиумите се појави снимка на која се гледа како таа со нога удира бегалци и им подметнува нога за да ги турне. На снимката се гледа жена како удира девојка и сопнува маж, кој во рацете држи дете, додека стотина мигранти, меѓу кои голем број сириски бегалци, бегаат...

Затворен унгарскиот автопат M5 поради мигрантите

Унгарија го затвори автопатот M5 откако група бегалци го проби полицискиот кордон кон кампот Роске, на границата со Србија, соопшти унгарската полиција на својата интернет-страница. Соопштено е дека влезната точка на автопатот М5, која води јужно кон Будимпешта, исто така е затворена. Унгарската државна новинска агенција МТИ извести дека меѓу 200 и 250 бегалци го напуштиле собирниот центар за мигранти во...

Унгарскиот министер за одбрана поднесе оставка

Унгарскиот министер за одбрана, Чаба Хенде, поднесе оставка по состанокот на Советот за национална безбедност, кој беше посветен на големиот наплив на бегалци. Тој оставката ја поднел поради тоа што војската била премногу бавна во подигнување на оградата на границата со Србија. Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја прифати оставката и на функцијата го понудил Иштван Симичко, исто така член на...

Орбан: Мигрантите во Европа се имигранти, а не бегалци

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека луѓето кои масовно доаѓаат во ЕУ се имигранти, кои се привлечени од просперитетната иднина во Германија, а не се бегалци. - Ако сакаат да продолжат да доаѓаат во Унгарија, тоа не е затоа што се во опасност, туку затоа што сакаат нешто друго – рече Орбан, додавајќи дека нивната цел е Германија и...

Австрија и Германија очекуваат илјадници нови бегалци

Речиси 10.000 мигранти во изминатите 24 до 48 часа ја минале австриската граница, соопштиле властите на земјата, откако Будимпешта одлучи да ја крене блокадата и да им овозможи на бегалците да заминат за Австрија. Најголем дел од луѓето што пристигнале во Австрија својот пат веднаш го продолжиле кон Минхен, на југот на Германија, каде биле дочекани со аплаузи од локалните жители,...

Германија денеска ќе прими близу 10.000 бегалци

Помеѓу 5.000 и 10.000 бегалци до крајот на денот се очекува да влезат во Германија, соопштила тамошната полиција, јавуваат светските агенции. Првата група од 450 луѓе во текот на денот пристигна на железничката станица во Минхен, откако, поради вонредната ситуација, Германија и Австрија се договориле со Унгарија да им биде дозволено на бегалците да ги преминат нивните граници. Бегалците со посебен...

Унгарските власти попуштија, илјадници мигранти ноќеска влегле во Австрија

Илјадници мигранти ноќеска влегле во Австрија, откако унгарските власти донеле „неочекувана“ одлука и обезбедиле автобуси за превоз на мигрантите од железничката станица Келети во Будимпешта до границата со Австрија, јавуваат медиумите. Унгарските власти, претходно, неколку дена ги суспендираа меѓународните железнички линии кон Северна и Западна Европа, поради што стотици мигранти вчера попладне пеш тргнаа кон австриската граница, пат долг околу...

Полициите на Македонија, Србија, Австрија и на Унгарија потпишаа меморандум за справување со мигрантската криза

„Како држава сме оставени сами да се справуваме со состојба настаната не по наша вина и од регионален аспект, предизвикана на делот од државната граница со земја-членка на Европската унија“, истакнал министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, на денешната министерска средба во Охрид, посветена на мигрантската криза, и додал дека за „успешно долгорочно справување со оваа состојба, неопходно е итно...

Унгарската полиција забрани пристап на новинари на железничката станица

Шефот на унгарската полиција, Карољ Пап, денеска им наложи на новинарите да ја напуштат железничката станица во градот Бичке, каде претходно дојде до судир меѓу бегалците и полицијата. Пап на новинарите им соопштил дека може да чекаат пред станицата, но оти влезот нема да им биде дозволен, пренесува унгарската агенцијата МТИ. Агенцијата наведува дека унгарската полиција ја прогласила железничката станица во...

Утре средба на министрите за внатрешни на Македонија, Србија и на Австрија за мигрантската криза

Утре, 4 септември, во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид, ќе се одржи средба на министрите за внатрешни работи на Македонија, Австрија и на Србија и на претставник на Министерството за внатрешни работи на Унгарија на која ќе се разговара за мигрантската криза. Како што информираат од МВР, на средбата, министрите Митко Чавков, Јохана Микл-Лајтнер и Небојша Стефановиќ и заменичката на државниот...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...