fbpx
Таг: Унгарија

таг: Унгарија

Германија, Италија и Франција бараат ревизија на политиката за азил на ЕУ

Министрите за надворешни работи на Германија, Италија и на Франција, вчера потпишаа документ со кој бараат ревизија на актуелните правила на Европската унија (ЕУ) за доделување азил и за „фер распределба“ на мигрантите во земјите-членки на унијата, соопшти шефот на италијанската дипломатија, Паоло Џентилони. Во документот, на кој освен на Џентилони, стојат и потписите на Лорен Фабиус и на Франк-Валтер...

Австрија: Со воз од Будимпешта во Виена пристигнале 3.650 бегалци

Во Виена вчера со воз пристигнаа 3.650 бегалци од Будимпешта, соопшти денеска австриската полиција. Тоа е рекорден број мигранти кои стигнале во Виена во еден ден. Унгарските власти им дозволиле на бегалците да влезат во возот за Виена, иако многу од нив немале визи. Портпаролот на австриската полиција, Патрик Мајерхофер, рече дека властите во Австрија ги евидентираат доколку има поднесувачи на барање за...

Австриските засилени контроли на границите создадоа 20-километарска колона

Австрија ги засили контролите на источните граници, соопшти денеска министерката за внатрешни работи, Џоана Микл-Лајтнер, откако 71 мигрант се задушија минатата недела во камион на австриски автопат, кој пристигнал од Унгарија. - Отсега ќе спроведуваме контрола на сите гранични премини на истокот, прегледувајќи ги сите возила што имаат место за шверцување луѓе – вели Џоана Микл-Лајтнер за радио ОРФ. Австрија на исток...

Унгарија ја заврши оградата од бодликава жица на границата со Србија

Заврши поставување на бариерата од бодликава жица во должина од 175 километри, долж границата со Србија, соопштија унгарските власти. Жицата е поставена за да го спречи преминувањето на мигрантите на нејзина територија. Ова го соопшти министерството за одбрана, кое додаде дека зад бодликавата жица, армијата гради и 4 метра високата ограда. Унгарија која е земја членка на Европската Унија и на Шенген зона...

Унгарија: Три години затвор за мигранти кои нелегално ќе ја минат границата

Поостри казни за мигрантите и бегалците кои нелегално ќе ја минат државната границата предвидува новиот нацрт-закон, кој унгарската Влада го предложи пред парламентот. Владата на Унгарија предложи 13 мерки за поефикасно справување со бранот на мигранти во оваа земја. Во нив се предвидува и три години казна затвор за мигрантите кои ќе бидат фатени како нелегално ја минуваат границата. Освен тоа,...

Унгарија ќе ангажира илјадници полицајци на границата со Србија

Лазар Јанош, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер денеска информираше дека поради контрола на миграцијата, владата одлучила да ангажира неколку илјадници полицијци долж границата со Србија. Пограничните единици ќе работат заедно со полициските сили. Јанош информираше и дека унгарската влада побарала од пратеничките групи на владејачката коалиција да покренат постапка за закажување на вонредна седница на Парламентот на која...

Унгарија во 2015 година примила 110.000 барања за азил

Шефицата на унгарската имиграциона канцеларија, Зузана Вег, изјави дека таа земја во 2015 година примила 110.000 барања за азил. Како што наведе таа, тоа зголемување било причината владата да почне со изградба на ограда на границата со Србија. Според нејзините зборови, регистрираните баратели на азил се упатуваат во еден унгарски центар за бегалци, каде чекаат одлука на нивното барање, но...

Оградата на унгарско-српската граница ќе биде завршена до ноември

Унгарија до 30 ноември ќе ја заврши изградбата на оградата долж границата со Србија, соопшти унгарскиот министер за одбрана Чаба Хенде. Градењето на оградата на границата меѓу Унгарија и Србија почна на 13 јули, седум дена откако парламентот го усвои законот. Локалните медиуми ја пренесоа изјавата на унгарскиот министер за внатрешни работи, Шандор Пинтер, кој рече дека оградата е привремено решение,...

Унгарскиот парламент го усвои законот за подигнување ѕид на границата со Србија

Унгарскиот парламент со големо мнозинство ѝ даде поддршка на контроверзната политика на владата на премиерот Виктор Орбан кон мигратската криза со која се соочува Европа, пренесува ХРТ. Парламентот го усвоил законот кој предвидува изградба на 175 киметри долга и четири метри висока ограда на границата со Србија, која треба да ги запре илегалните премини на мигрантите во Унгарија. Најголем број од мигрантите...

Унгарија со нов закон ги заостри правилата за азил

Унгарскиот парламент денеска усвои закон со кој се заоструваат правилата за азил и дава правна основа за подигнување ограда долж границата со Србија, која би требало да го спречи приливот на имигранти. Со законот се скратува периодот за проверка на азилантите, а на официјална Будимшета ѝ се овозможува да ги отфрла барањето на имигрантите од Сирија, Авганистан или Ирак, кои...

Унгарија одлучи, ќе подигне ѕид за мигрантите

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави денеска дека владата во Будимпешта одлучила што е можно поскоро да подигне привремен ѕид на границата со Србија  за да го спречи влезот на мигрантите. Сијарто изјави дека е потребно да се сменат неколку закони пред почетокот на изградбата, иако не прецизираше кога ќе почнат со работа. Тој изјави дека ѕидот не е билатерално прашање со...

Европската комисија е против кревање ѕид во Европа

Европската комисија не го поддржува градењето ограда и ѕидови во Европа, изјави Наташа Бертауд, портпаролката за правосудство и за внатрешни работи по одлуката Унгарија да подигне четириметарска ограда на границата со Србија поради бранот илегални мигранти. - Неодамна се ослободивме од ѕидовите во Европа и не би требало повторно да ги подигнуваме. Членките на ЕУ имаат обврска да го обезбедуваат...

Муизниекс: Одлуката на Унгарија за оградата е погрешна

Европскиот претставник за човекови права, Нилс Муизниекс, на својот твитер-профил напиша дека одлуката на Унгарија да изгради ограда за да спречи доаѓање на илегални мигранти е „погрешна“. Муизнеикс истакна дека фокусот треба да биде на оние кои бараат азил, а не тоа да им се оневозможи. Унгарија во средата донесе одлука долж целата граница со Србија да изгради четири метри...

Унгарија ќе подигне четириметарска ограда на границата со Србија

Унгарија ќе изгради четири метри висока ограда на својата граница со Србија за да го спречи бранот илегални имигранти што од Србија се обидуваат да влезат во Унгарија, изјави шефот на дипломатијата, Петер Сијарто. - Имиграцијата е еден од најсериозните проблеми со кои денеска се соочува ЕУ. Земјите од ЕУ бараат решение за овој проблем, но Унгарија не може да си дозволи...

Почна Парламентарното собрание на НАТО во Будимпешта

Пленарното заседание на Парламентарното собрание на НАТО, на кое треба да се усвои нацрт-декларацијата на ова меѓународно тело за проширување на алијансата, почна во Будимпешта. Претседателот на македонското собрание, Трајко Вељаноски, учествува на денешното заседание и ќе има свое обраќање. Нацрт-декларацијата ја подготви шефот на унгарската делегација, Михаили Бала. Претходно е најавено дека Декларацијата за проширувањето би требало да биде усвоена на...

Унгарската владејачка партија размислува за враќање на смртната казна

Унгарската владејачка партија Фидеш, која е под сè поголем притисок на екстремно десничарската опозиција, изрази желба да ја разгледа можноста за враќање на смртната казна, која е укината по падот на комунизмот во 1990 година, но е забранета во ЕУ. Прашањето за смртната казна го поставија премиерот Виктор Орбан и водечкиот политичар на Фидеш, по минатонеделното убиство на 22 работници...

Македонија, Србија, Грција и Унгарија ќе разговараат за „Турски тек“

Министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Србија и на Унгарија денеска во Будимпешта ќе разговараат за потенцијалното учество во рускиот план за новиот гасовод наречен „Турски тек“, пишува „Еурактив“. Грчкиот весник „Катимерини“ јавува дека енергетската соработка ќе биде фокусот на средбата на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, со неговите колеги од Турција, Србија, Македонија и од Унгарија, а...

Унгарија: Приведени 880 илегални мигранти од Косово

Унгарската полиција во текот на вчерашниот ден привела 937 мигранти кои илегално ја преминале српско-унгарската граница. Како што јавуваат локалните медиуми, 880 од имигрантите се косовски Албанци, додека останатите се Авганистанци, Конгоанци, Сиријци и по еден жител на Гана и на Нигерија. Во последните три дена унгарската полиција привела повеќе од 2.000 илегални мигранти, од кои повеќето се жители на Косово.

Потпишан договор за железничката пруга Атина-Будимпешта

Премиерите на Македонија, Србија, Унарија и на НР Кина, денеска на Самитот во Белград потпишаа договор за изградба и за реконструкција на брза железничката пруга која ќе ја поврзе Атина со Будимпешта. Надградената пруга на оваа железничка линија е важен момент за соработката меѓу Европска Унија и Кина, особено зашто со неа ќе се овозможи побрз транспорт на кинески производи од...

Потпишан договорот за царинска соработка со Србија, Унгарија и со Кина

Македонија, Србија, Унгарија и НР Кина денеска во Белград потпишаа договор за царинска соработка. Договорот го потпишаа во рамки на Третиот состанок на шефовите на влади на Кина и на земјите од Централна и од Источна Европа. Договорот, кој беше потпишан во рамките на Третиот состанок на шефовите на влади на Кина и на земјите од Централна и од Источна...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...