fbpx
Таг: Унгарија

таг: Унгарија

Унгарија прогласува вонредна состојба и испраќа војска и полиција на границите

Унгарија дополнително ќе го засили воениот и полициски надзор на своите јужни граници, соопшти министерот за внатрешни работи, Сандор Пинтер. Одлуката доаѓа на денот кога земјите од таканаречената балканска рута почнаа да спроведуваат засилени мерки за влез на мигрантите. - Унгарија ќе ја засили заштитата на своите граници и поради мигрантите ќе прогласиме кризна состојба во целата земја – рече Пинтер. Словенија,...

Пинтер: Унгарија ќе затвори три железнички премини со Хрватска

Унгарија ќе затвори три железнички премини со Хрватска за да го спречи евентуално влегување на бегалци, соопшти унгарскиот министер за внатрешни работи, Шандор Пинтер. Одлуката за затворање на премините Которибе, Копривница и Бели Манастир доаѓа откако хрватските власти испратиле воз полн со бегалци под полициско обезбедување кон Унгарија. Пинтер, сепак, не прецизираше кога премините ќе бидат затворени ниту, пак, кога возот бил...

Сијарто: ЕУ мора да постави силна одбранбена линија на југ

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, соопшти дека ЕУ мора да воспостави „силна одбранбена линија на југот“ за да го запре напливот на бегалци, во спротивно заканите од терористички напади ќе се зголемат, а јавната безбедност на Унијата ќе се влоши. Според Сијарто, ако одбранбената линија не може да се постави на јужната страна на Грција, тогаш таа треба...

Орбан: Никогаш повеќе нема бегалци да влезат во Унгарија

Унгарија никогаш повеќе нема да дозволи бегалци да влезат на нејзина територија, рече денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. - Имигрантската рута може да оди каде сака, но сигурно нема да минува низ Унгарија – рече Орбан во неделното интервју за радио „Кошут“. Унгарија беше дел од таканаречената балканска рута додека Орбан не ја затвори границата прво кон Србија, а потоа и...

Муижниекс: Унгарија може да почне да ги враќа мигрантите во Србија и во Македонија

Комесарот за човекови права на Советот за Европа, Нилс Муижниекс, предупреди дека враќањето на мигрантите од Австрија во Унгарија, врз основа на Даблинската спогодба, би можело да доведе до сериозно кршење на нивните човекови права, како и на тоа дека во тој случај, унгарските власти би почнале автоматски да ги депортираат во Србија, а потоа и во Македонија. По одлуката...

Жичената ограда за јужната граница Македонија ја набавила од Унгарија

Жичената ограда со која се оградени и дополнително се оградуваат делови од македонско-грчката граница, поради мигрантската криза, Македонија ја набавила од Унгарија, објави хрватската државна телевизија ХРТ. Унгарците беа првите кои подигнаа жичена ограда на својата граница за да го спречат протекот на мигранти на нивна територија, а сега, како што јавува ХРТ, бодливата жица им е еден од најголемите...

Грција ги негира тврдењата за исклучување од шенгенската зона и за одбиена соработка со Фронтекс

Грција остро реагира во врска со информациите дека Европската комисија (ЕК) размислува за нејзино исклучување од шенген- зоната поради проблемот со справување со бегалците. Министерот за внатрешни работи, Јанис Музалас, на денешната средба со новинарите истакна дека овие информации доаѓаат како предлози и притисоци од држави како Унгарија, меѓутоа не се официјален став, ниту размислување на ЕК. Музалас призна дека постојат вакви предлози...

Унгарија ќе ја обжали одлуката на ЕК за релокација на мигрантите

Унгарија денеска до Европскиот суд за правда ќе поднесе жалба поради обврзувачката одлука на Европската комисија за релокација на бегалци на унгарска територија, соопшти унгарскиот премиер Виктор Орбан. Орбан истакна дека квотите за релокација на бегалците придонеле за ширење на тероризмот во Европа. ЕУ воведе механизам на квоти за прераспределба на 120.000 баратели на азил во нејзините 28 членки. Европската комисија кон...

Орбан: Со Македонија во ЕУ и во НАТО, ќе се пополни дупката на Балканот

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска во Будимпешта изјави дека Унгарија ќе ја поддржи Македонија за влез во ЕУ и во НАТО, со што, како што рече, ќе се пополни празнината на Балканот. Орбан, по средбата со македонскиот премиер, Никола Груевски, која во Македонија не беше најавена, изјави дека во интерес на Унгарија е секоја земја од Балканот, од Грција до...

Унгарија: Парламентот го отфрли планот на ЕУ за бегалците

Унгарскиот парламент денеска го отфрли планот на Европската унија за воведување квоти за распоредување на бегалците во земјите на Унијата. Пратениците од владејачката партија ФЕДЕС, заедно со коалициската Христијанско-демократска народна партија и со ултрадесничарската ЈОББИК, ја усвоија резолуцијата што овозможува владата на премиерот Виктор Орбан да преземе правни дејства против ЕУ, за Унгарија да не биде дел од планот за распределба...

Повеќе од 4.000 бегалци влегле во Словенија откако Унгарија ја затвори границата

Илјадници мигранти, во изминатото деноноќие, влегле во Словенија, откако ноќта меѓу петокот и саботата унгарските власти ја затворија границата со Хрватска и го запреа протекот на бегалци на нивна територија. Како што соопшти Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), во Словенија од Хрватска влегле околу 4.000 мигранти. Најголем дел од нив имаат намера да го продолжат својот пат кон...

Словенечката војска ќе ѝ помага на полицијата околу приемот на бегалците

Словенечката војска ќе биде вклучена и ќе помага во организирањето на бегалците кои од Хрватска влегуваат во земјата, откако Унгарија ноќеска на полноќ со бодликава жица ја затвори зелената граница со Хрватска и го запре протекот на мигранти на нејзина територија, соопшти денеска словенечкиот премиер Миро Церар. „Владата донесе одлука да ја вклучи војската, која ќе ѝ помага на полицијата“,...

Унгарија ја затвори границата со Хрватска, Загреб подготвил „план Ц“

Ноќеската, четириесетина минути по полноќ, унгарските власти ја затворија „зелената“ граница со Хрватска, поставувајќи бодликава жица, за да ги спречат мигрантите да влезат на нејзина територија. Како што пренесува хрватската државна телевизија ХРТ, унгарската полиција по полноќ објавила дека границата ја затвора само за мигрантите без соодветни документи, додека редовниот сообраќај преку легалните гранични премини ќе се одвива непречено. Во меѓувреме, поради...

Унгарија на полноќ ја затвора границата со Хрватска

Унгарија на полноќ ќе ја затвори границата со Хрватска поради големиот прилив на бегалци. Бегалската криза беше тема на Советот за национална безбедност, кој денеска го свика унгарскиот премиер Виктор Орбан. Унгарскиот премиер во четвртокот, на самитот на ЕУ, рече дека не станува збор за затворање на границата, туку за спроведување на Шенгенскиот договор. На најавата дека Унгарија ќе ја затвори границата...

Орбан утре ќе соопшти дали ќе ја затвори и границата со Хрватска

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, најави дека утре ќе ја соопшти конечната одлука за затворање на границата со Хрватска поради бегалската криза, пренесува хрватската државна телевизија ХРТ. Пред тоа, тој за планот уште еднаш ќе разговара со европските и со регионалните партнери на вечерашниот самит на шефовите на влади на 28-те земји-членки на Европската унија (ЕУ) во Брисел, на кој тема...

Чешка испраќа војска во Унгарија

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка соопшти дека неговата земја испраќа во Унгарија уште војници и полицајци. В четврток, министрите за внатрешни работи на Вишеградската група ќе прецизираат како Словачка и Полска ќе помогнат во чувањето на унгарската граница. - Во другата фаза од помошта за Унгарија, Чешка ќе испрати повеќе војници и полицајци од тие 25 што ги одобри владата вчера – рече...

ЕУ се закани со мерки против Унгарија

Европската унија се закани со мерки против Унгарија поради законот со кој се лимитира приливот на бегалци преку нејзината територија. Унгарија на 21 септември воведе закони со кои илегалното преминување на нејзината граница или оштетувањето на оградата од бодликава жица, која ја подигна на границата како мерка против бегалците, претставува кривично дело. Шефот на одделот за миграција и заштита на Европската...

Унгарија: Повеќе од 4.000 постапки против бегалците

Унгарската полиција покренала 4.255 постапки против бегалци, од кои 83 во пограничниот дел со Србија, а 4.171 постапка во пограничниот појас со Хрватска. Од почетокот на годинава до синоќа на полноќ, во Унгарија се регистрирани вкупно 291.618 илегални преминувања на границата. До затворањето на границата и стапувањето на сила на новиот, контроверзен закон за државна граница, досега се покренати 351 кривична...

Унгарија нема да постави бодликава жица на границата со Словенија

Бодликавата жица од делот на границата со Словенија денеска ја отстрани унгарското Министерство за внатрешни работи. Министерството посочи дека топовите со бодликава жица биле поставени претходно вчера, единствено и исклучиво експериментално, но подоцна биле отстранети. За разлика од Србија и од Хрватска, каде Унгарија постави четириметарска ограда за да го спречи влегувањето на нелегалните мигранти, Словенија е членка на Шенген-зоната. Портпаролот на...

Ферхојген: Унгарија ја врши „валканата работа“ за Германија

Унгарија само ја врши „валканата работа“ за Германија, рече поранешниот еврокомесар за проширување, Гинтер Ферхојген, коментирајќи ја политиката на унгарскиот премиер Виктор Орбан. - Човекот само се обидува да го направи тоа што го бараме од него, така што ние не мора да го правиме истото. Унгарците ја вршат нашата валкана работа – рече Ферхојген во емисијата „Дуел“ на телевизијата „Н1...

Недоследно е по 2016 година ДУИ да зборува за волјата на граѓаните

Не може волјата на гласачите еднаш да се толкува на еден начин, а другпат на друг. Токму така се однесува ДУИ кон волјата на гласачите од 2006 година досега,...