fbpx
Таг: трибина

таг: трибина

ВМРО-ДПМНЕ организира трибина в недела во „Борис Трајковски“

Владеjачката партија ВМРО-ДПМНЕ в недела, во салата „Борис Трајковски“, ќе организира трибина за актуелната политичка ситуација, објави „Дневник“, повикувајќи се на извори во Извршниот комитет на партијата. На трибината главен говорник ќе биде премиерот Никола Груевски, а ќе се обратат и други членови на партијата. Како што пишува весникот, граѓаните на трибината ќе можат да ги слушнат ставовите на партијата за актуелните...

Шекеринска: Ова се луѓе што не им веруваат на своите и на својата држава

  На трибината зборуваше и потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска. - Кога корумпирани и забегани луѓе се плашат од сè, тие го знаат само стравот. Тие, поради тоа, сакаат и да владеат со страв. Затоа лесно им е секој ден да се закануваат. Ове денови повторно излегуваат на телевизија и бараат да им се верува. Дали треба да им се верува...

Јанкулоска: Нека шибаат, не е проблем!

На вечерашната трибина на СДСМ, беа објавени и снимки од разговори на Миле Јанакиески, кој со директор од затвор договара влијание врз затворениците за нивното гласање. Шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер, според тоа што се слуша на друга снимка, зел луѓе од МВР за да се победи во Охрид на избори. Тој, во разговор со Јанкулоска, ѝ кажува дека зел една...

Трибина на СДСМ: Се нарачувале стотици лични карти за изборите

Со извиците „Зоки“, „Стево“, „Рада“, почна трибината на СДСМ во „Универзална сала“. Во првиот блок беа објавени три аудиоснимки, кои според Владимир Лазовски, модераторот на трибината, ги илустрираат малверзациите со лични карти во текот на изборните процеси. Министрите Гордана Јанкулоска, Спире Ристески и Миле Јанакиески, според модераторот, нарачуваат лични карти за изборите во Струмица и во Ресен. Јанакиески нарачува 300 лични карти, се...

Заев во Охрид: Власта се ниша од сите страни

„Подготвуваме сценарио кое што допрва ќе се случува и кое мора да води кон успех. Злото да го снема, ама да ги отвори патиштата кон иднината на оваа наша земја. Тоа е конечната цел кон која се стремиме. Ќе ги претставиме сите аргументи и докази, но и тогаш не можеме да ѝ наштетиме на Македонија, туку ќе ја отстраниме...

Бакрачески: Победивме со 8.000 гласа разлика во услови на секојдневни закани

Лидерот на СДСМ и на опозицијата, Зоран Заев, синоќа, на трибина во Охрид, кажа дека бомбата која ќе ja активира СДСМ ќе предизвика силна експлозија бидејќи изборите што се организираа во 2013 и во 2014 година се криминални, а тоа се однесува и на Охрид. - Овде сум пред охриѓани и сакам да знаат дека она што се случи 2013...

Шекеринска: Македонија го губи чекорот со сите свои соседи

Радмила Шекеринска, заменик-претседател на СДСМ, од трибина во Охрид, обвини дека Република Македонија девет години не направи ниту еден чекор на патот кон ЕУ. - Вчера беше донесен уште еден ист заклучок на земјите-членки на ЕУ, со кој ни кажаа вест на која веќе се навикнамве, дека уште 12 месеци Македонија ќе помине во ЕУ-чекалницата. Ниту е прв, ниту вторпат. Деветта...

Пендароски: Саудиска Арабија може да извезува само нафта и вахабизам

СДСМ и нејзините коалициски партнери од опозицијата ја проблематизираат посетата на претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, на Саудиска Арабија, во време кога во Белград се одржуваше Самитот на Централна и на Источна Европа со НР Кина. Забелешките ги упатија преку нивниот претседателски кандидат, Стево Пендаровски, кој од партиската трибина на СДСМ во Охрид, го обвини Никола Груевски...

Заев: Граѓаните веќе не се плашат, секојдневно доставуваат докази за криминал

„Овие денови, гледате, и еден медиум објавува афера за издавање пасоши во приватни станови, коишто сите знаеме како можат да бидат искористени. Ја гледате Гордана Јанкулоска, вели никој не пријавил дека му недостига пасош. На гранични премини не било тоа евидентирано. Таа има обврска да помогне во истрагата којашто ја отвора обвинителството, во согласност со законот. Таа е должна...

Презентација: Препораки за работа со отворени образовни ресурси

Утре, 2 декември 201 година, во просториите на ЕУ Инфо-центар во Скопје, со почеток во 11 часот, ќе се одржи презентација на „Препораки за работа со отворени образовни ресурси“ од Алијансата за отворени образовни ресурси во Македонија. Презентацијата ќе трае еден час. На презентацијата, организирана од „Метаморфозис“ и од Алијансата за отворени образовни ресурси, ќе бидат презентирани тековните состојби, заклучоците и препораките...

Невработеноста е најголем предизвикувач на сива економија

Невработеноста е еден од најголемите предизвикувачи на скриената економија во Македонија. Како што изјави Емил Шурков од ЦРПМ на денешната трибина „Зајакнување на медиумското известување за скриената економија и за корупцијата: Најнови трендови и европски искуства“, справувањето со сивата економија ќе биде многу поуспешно ако има поголема соработка и поголема поврзаност меѓу институциите. Во истражувањето „Економија на маглини и на...

Заев: Доказите за грдото лице на Груевски и на оваа власт се во наши раце

Слободоумните граѓани да соберат храброст и да не се плашат бидејќи оваа власт мора да замине, порача синоќа од Велес, лидерот на СДСМ, Зоран Заев. - Доказите за грдото лице на Груевски и на оваа власт се во наши раце. Нашите бомби се со докази и како што гемиџиите некогаш со бомби го тргнаа теророт, така и ние со нашите...

Заев: Не ги објавуваме доказите затоа што немаме институции

Ја фрливме ракавицата и пред Груевски и пред целата македонска јавност, апсолутно знаејќи за што зборуваме. За она што го очекуваме од тие докази и аргументи, гарантираме со својот политички кредибилитет, толку многу веруваме во нив, изјави синоќа во Кавадарци лидерот на СДСМ, Зоран Заев. - Знаете како беше со „Македонска банка“? Со „Актор“? Со имотите на Мијалков? Со становите...

Шекеринска: Бегаат од техничка влада поради страв од граѓаните

Немаше сала во која влеговме, а не беше полна. Немаше сала во која влеговме, а да не видиме дека луѓето се сериозно загрижени затоа што ѝ се случува на Македонија. Немаше куќа во која денеска тропнавме во Штип и во Кочани, а во кои не ги слушнавме истите коментари: „Чекаме некој да нè спаси“. Затоа сме тука. Помеѓу граѓаните на Република...

Шеќеринска: Доказите за криминалот на власта им ги должиме на граѓаните

На синоќешната трибина во Гевгелија, заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, ги повика граѓаните да се придружат во битката за уривање на оваа власт и порача дека опозицијата тргнува во битка без штедење. Според неа, не е нормално да има казни за фалсификаторите на изборот за песна за „Евровизија“, а да нема казни за фалсификаторите на избори. - Каква е таа држава...

СДСМ одржа трибина со иселениците во Швајцарија

Делегација на СДСМ, предводена од претседателот Зоран Заев, синоќа одржа трибина во швајцарскиот град Локарно со претставниците на македонската дијаспора. - Вклучете се, заедно да ѝ помогнеме на Македонија - повика Заев на трибината насловен „Иднината на Македонија“. Како што се наведува во соопштението од партијата, иселениците дале поддршка на отворените политики на претседателот Заев и на раководството на СДСМ и порачале партијата да...

СДСМ: Власта не ни дозволи да направиме трибина во Дом на АРМ

Смрт или слобода е идејата-водилка на секоја генерација којашто се обидувала низ историјата да ја оствари слободата на Македонија. Единствен пример кога слободата е извојувана е Народно-ослободителната борба и денес сме среќни што можеме да го прославиме 70-годишниот јубилеј од ослободувањето на Скопје. Фашизмот е победен пред 70 години, но наша задача, наша должност, наша обврска е денес повторно...

Заев: Груевски го нема никаде затоа што знае колку му е валкано владеењето

Убеденоста во овие докази и аргументи што потврдуваат дека не постои слобода и демократија во Македонија, дека не постои слободно изразена волја на граѓаните за време на избори, е толку силна, што секако ни дава право да го ставиме во залог нашиот политички кредибилитет како политичари, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на синоќешната трибина во Крива Паланка. - Некој...

Жерновски: Опозицијата е сплотена како никогаш досега

Никакви притисоци нема да нè поколебаат, подготвени сме да одиме до крај. Финалната цел е Груевски да си замине за доброто на Македонија, порача на трибината во Крива Паланка лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски, и рече дека „бомбата“ ќе биде во народот, кој ќе ја испрати пораката дека власта ќе си замине. - Му верувам на Зоран Заев, а и власта ќе почне...

СДСМ вечерва на трибина во Штип

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва ќе одржи трибина во Штип, со почеток во 19 часот, во Големата сала на Собранието на Општина Штип. „Целта е да разговараме со граѓаните за проблемите во државата, изворно да слушнеме што мислат граѓаните и да ги соопштиме нашите решенија, како да ја вратиме Македонија во нормален колосек. Ги покануваме граѓаните и медиумите да бидат...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...