fbpx

Шеќеринска: Доказите за криминалот на власта им ги должиме на граѓаните

-

На синоќешната трибина во Гевгелија, заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, ги повика граѓаните да се придружат во битката за уривање на оваа власт и порача дека опозицијата тргнува во битка без штедење. Според неа, не е нормално да има казни за фалсификаторите на изборот за песна за „Евровизија“, а да нема казни за фалсификаторите на избори.

– Каква е таа држава во која ако ви дојде соседот да го поправи шпоретот, ќе бидете казнети, но нема казна за министерот за финансии кој го крие долгот на државата. Не е нормално. Субрата Рој е слика и прилика каква држава сакаат да направат од Македонија – рече Шекеринска.

Таа рече дека во Собранието не се враќаат, но не поради инает, туку затоа што се работи за сериозно обмислена одлука, бидејќи „наредните избори не смеаат да бидат со криминал, измама и срам“.

– Слушаме многу критики и прашања за тоа каде е опозицијата. Ние сметавме дека прво треба домашната задача да си ја завршиме, па да излеземе во јавноста. Имаме докази за криминалот на власта, и ѝ ги должиме на јавноста. Маските паднаа. Сега самите тие доаѓаат кај нас и ни велат дека имаат докази за поголем криминал кај некој друг – рече Шекеринска.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...