fbpx
Таг: трибина

таг: трибина

Шапуриќ: Загадувањето на воздухот во Битола е спротивно на концептот за одржлив развој

Државата мора да вложи во РЕК Битола според сите европски еколошки стандарди, бидејќи загадувањето на воздухот во битолско-пелагонискиот регион е спротивно на концептот за одржлив развој. Ова е ставот на Либерално-демократскaта партија (ЛДП) за големото загадување на амбиенталниот воздух во Битола и за последиците по здравјето на граѓаните. На трибината на ЛДП, поранешниот министер за животна средина, Зоран Шапуриќ, рече дека државата...

Милевски: Иселувањето го преполови бројот на жители во Битола

Масовното иселување на битолчани и кражбата на гласови на власта беа главните поенти на говорот на лидерот на ЛДП, Горан Милевски, на вечерашната трибина во Битола која беше дел од серијата „Македонија по груевизмот – либерални решенија“. - Градот е преполовен, битолчани се иселуваат. Последните години тоа добива драматични размери. Според некои процени, денес во Битола живеат околу 55.000 граѓани,...

Загадувањето и мерките за подобрување на животната средина, тема на трибината на ЛДП во Битола

Негрижата на власта ја издигна Македонија на врвот на црната листа на најзагадени држави во светот, обвинува Либерал-демократската партија (ЛДП). Во соопштението на партијата пишува дека особено е критична ситуацијата со суспендираните честички ПМ10, кои се директен предизвикувач на респираторни болести и на канцер. „Тоа е данокот што го плаќаат граѓаните и за урбанистичкиот хаос, уништувањето на зелените површини во...

Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ се плаши од губењето на МВР

ВМРО-ДПМНЕ се плаши од трите големи работи од Договорот од Пржино, тоа се „бомбите“, истрага за сите злодела и од губењето на Министерството за внатрешни работи (МВР). Ова беа клучните поенти од трибината на СДСМ во Битола, на која зборуваше заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска. Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина верува во поддршката од народот, зошто бега од преодна влада, запраша Шекеринска...

Законот за „бомбите“ е буквален атак врз слободата на интернетот

По повод меѓународната иницијатива „Слобода наместо страв“, се одржа трибината „Безбедност на комуникации и закани од следење и надзор на комуникациите“, во организација на Фондацијата „Метаморфозис“, а во партнерство со коалицијата Граѓаните за Македонија. Секоја институција или компанија кој прибира податоци за одредено физичко лице мора да почитува одредени принципи за лицето да има контрола кои негови податоци се користат и...

СДСМ вечерва во Охрид со проектот „Визијата за Македонија“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва во Охрид ќе одржи трибина, по повод презентација на првиот столб од проектот „Визијата за Македонија - Одговорна власт и контрола над власта“. Трибината ќе се одржи во хотелот „Ривиера“ во Охрид, со почеток во 19 часот. На трибината може да присуствуваат сите заинтересирани граѓани и да учествуваат во граѓанската дебата со претставниците од највисокото партиско...

Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ сака да ги блокира преговорите, но нема да им помине

„ВМРО-ДПМНЕ ја повторува старата тактика, сака да ги блокира преговорите со нивно постојано одложување и со барања за консултации, за паузи, враќање назад на прашања кои одамна се расчистија за преговорите да влезат во ќор-сокак. Тоа нема да им помине, утре договор за изборниот закон мора да има“, рече заменик-претседателката на СДСМ, Рамила Шекеринска, при посетата на Неготино. - Во текот...

Трибина за работата на парламентот: Пратениците немаат интегритет

Пратениците немаат интегритет, носат одлуки како што ќе им наложи нивната партија. Дебатата во парламентот не постои, аргументите за одредени прашања на народните избраници веднаш се отфрлаат како неоправдани од нивните политички опоненти или вооопшто не се земаат предвид. Ова се заклучоците од анализата на работата на парламентот, реализирана од Институтот за демократија, како дел од проектот „Собранието под...

Ставрески: ВМРО-ДПМНЕ има сила и човечки капацитет да ги надмине овие случувања

„Првата порака што ќе ја упати ВМРО-ДПМНЕ до жителите на Неготино и низ Македонија е дека треба да бидат спокојни и мирни. ВМРО-ДПМНЕ има сила и човечки капацитет да ги надмине овие случувања, да најде решение за предизвиците што ги поставува пред нас ситуацијата, дa им го врати мирот и спокојството на граѓаните“, изјави Зоран Ставрески во вестите на „Сител“...

Ставрески од Гостивар: Нема да дозволиме да си поигруваат со стабилноста на Македонија

Со овие трибини сакаме да покажеме дека сме со народот и во време кога неодговорната опозиција наметна ситуација која никој не ја посакува, рече министерот за финансии и вицепремиер, Зоран Ставрески, денеска на трибината на ВМРО-ДМПНЕ во Гостивар и порача дека нема да дозволат никој да си поигрува со стабилноста и со безбедноста на државата. Ставрески рече дека ова не е...

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево

Во Делчево, во Домот на културата АСНОМ, денеска во 18 часот ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи трибина пред граѓаните. На трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево ќе се обратат координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, министерот за здравство, Никола Тодоров, и потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Антонио Милошоски. Тројцата се членови на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните на Делчево ќе ги...

Карванот на ВМРО-ДПМНЕ почнува утре со народен собир во Битола

ВМРО-ДПМНЕ утре во Битола, во 13 часот, во спортската сала „Младост“, ќе одржи народен собир, кој ќе биде почеток на караванот на големи собири на ВМРО-ДПМНЕ низ целата држава, а продолжение на минатонеделниот собир од Скопје. На собирот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обратат Никола Груевски и уште неколку важни политички личности. Ова е продолжение на минатонеделниот огромен собир во СЦ...

Џорлев: „Танец“ не настапуваше на митингот на ВМРО-ДПМНЕ, луѓето си беа таму приватно

Зоран Џорлев, директорот на Националната установа „Танец“ - Ансамбл за народни песни и игри на Македонија, вели дека се чувствува крајно разочаран затоа што многу новинари му се јавиле да го прашаат дали навистина „Танец“ настапувал на трибината на ВМРО-ДПМНЕ која во неделата се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. - Не, тоа не беше „Танец“. Јас не можам да им кажувам...

Двете лица на Груевски: Битка за инвестиции и за секој квадрат на Водно и во Капиштец

Премиерот Никола Груевски на трибината во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се пофали со инвестициите и со делата кои ВМРО-ДПМНЕ ги направила за Македонија, но најави и десетици нови инвестиции. Паралелно, неговиот политички противник, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пушти снимки од разговорите во кои Груевски договара промена на урбанистички планови, пренамена, поделба и откуп на парцели на Водно и во...

Груевски: Преодна влада е можна, но без ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев е директно инволвиран во дестабилизација на државата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на трибината на партијата која попладнево се одржа во СЦ „Борис Трајковски“. - Гледате ли во каков грч е, се сили, се удира в гради. На крајот, тој пресудува што е по закон што не е. Во неговата алчност за власт, пари и за моќ и...

Почна трибината на ВМРО-ДПМНЕ, присутни сите министри и раководството на партијата

Сите министри во Владата на Република Македонија, членовите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ со премиерот Никола Груевски и со неговата сопруга, се присутни на трибината на ВМРО-ДПМНЕ што почна во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Салата е целосно исполнета, а пред Спортскиот центар има, исто така, многу граѓани. На почетокот се обратија актерот Тони Михајловски и бранителот Јохан Тарчуловски, кој обраќањето го заврши со...

Огромен интерес за трибината на ВМРО-ДПМНЕ

Огромен интерес побуди трибината на ВМРО-ДПМНЕ, која треба да почне во салата „Борис Трајковски“. Салата е исполнета, а надвор има исто така многу граѓани. Во секој момент се очекува и нејзин почеток. Репортерот на „Мета“ забележа и автобуси кои се паркирани покрај булеварот Партизaнски одреди, а кои носеле членови на ВМРО-ДПМНЕ и граѓани од другите градови. „Јавноста низ целата држава ќе...

Колони граѓани за трибината во „Борис Трајковски“

По скопскиот булевар Илинден, колона граѓани се упатуваат кон салата „Борис Трајковски“ каде денеска напладне, ВМРО-ДПМНЕ организира трибина. Репортерот на „Мета“ забележа и автобуси кои се паркирани покрај булеварот Партизнски одреди, а кои носеле членови на ВМРО-ДПМНЕ и граѓани од другите градови. „Јавноста низ целата држава ќе има можност да ги чуе позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици, ќе се...

ВМРО-ДПМНЕ напладне со трибина во салата „Борис Трајковски“

Во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, денеска напладне, ВМРО-ДПМНЕ организира трибина. „Јавноста низ целата држава ќе има можност да ги чуе позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици, ќе се испратат јасни пораки, за она за што се залага и за она што го планира партијата во наредниот период“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Влезот на настанот во салата...

Величковски: Побргу до влада со политички капацитет

Либералната партија организираше трибина на тема „Кризата бара решение“, на која говореа Ивон Величковски, Јове Кекеновски, Мерсел Биљали и Исмет Рамадани. Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, вели дека понудиле платформа до сите политички партии за побргу да се дојде до влада со политички капацитет. - Треба да се оспособи и парламент што би го вратил политичкиот дијалог внатре. Ние понудивме...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...