fbpx

Загадувањето и мерките за подобрување на животната средина, тема на трибината на ЛДП во Битола

-

Негрижата на власта ја издигна Македонија на врвот на црната листа на најзагадени држави во светот, обвинува Либерал-демократската партија (ЛДП). Во соопштението на партијата пишува дека особено е критична ситуацијата со суспендираните честички ПМ10, кои се директен предизвикувач на респираторни болести и на канцер.

„Тоа е данокот што го плаќаат граѓаните и за урбанистичкиот хаос, уништувањето на зелените површини во градовите, за големиот број увезени стари автомобили, но и за греењето на домаќинствата и на институциите на дрва и на нафта. Милионите евра вложени во „Скопје 2014“ требаше да се наменат за гасификација на целата територија на Македонија и за вградување еколошки стандарди на големите загадувачи, РЕК-Битола, „Југохром“, „Окта“ и ним сличните. Инвестициите требаше да се насочат во обновливи извори на енергија и во чисти води“, пишува во соопштението на партијата.

Либералдемократите додаваат дека денеска во Битола, со почеток во 19 часот, во хотел „Епинал“, ќе се одржи втората трибина од серијата „Македонија по груевизмот – либерални решенија“, а ќе се разговара токму за овие теми.

На трибината за загадувањето и за последиците за здравјето на граѓаните, како и за мерките за подобрување на животната средина ќе се обратат универзитетските професори Зоран Шапуриќ, поранешен министер за животна средина и просторно планирање, и Никола Пановски.

За економијата и за актуелната општествена и политичка состојба во земјава ќе говорат Јован Манасиевски, поранешен министер за труд и социјална политика и одбрана и претседателот на ЛДП, Горан Милевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...