fbpx

Милевски: Иселувањето го преполови бројот на жители во Битола

-

Масовното иселување на битолчани и кражбата на гласови на власта беа главните поенти на говорот на лидерот на ЛДП, Горан Милевски, на вечерашната трибина во Битола која беше дел од серијата „Македонија по груевизмот – либерални решенија“.

– Градот е преполовен, битолчани се иселуваат. Последните години тоа добива драматични размери. Според некои процени, денес во Битола живеат околу 55.000 граѓани, а можеби и помалку. Секоја година се намалува бројот на ученици во прво одделение, а сè повеќе деца се отпишуваат среде учебната година и се иселуваат во некоја европска држава. Во земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ оваа година се запишаа само 19 ученици. Од која страна да се завртите, доаѓаат само поразителни податоци – рече Милевски.

Според него, во Битола се случува своевиден парадокс, бидејќи од 55.000 жители во градот на последните избори гласале дури 53.000 гласачи, па отаму прашува дали на изборите организирани од ВМРО-ДПМНЕ „гласаат“ и иселените и мртвите.

– Како е можно да има гласачи колку што има жители во Битола? Тоа значи дека се работи за механички изборен инженеринг во гласањето – рече Милевски и најави дека од специјалната обвинителка Катица Јанева ќе бара истрага за случајот од една од „бомбите“ на Заев каде дваесетина жители од селото Кравари гласале во ист ден на две изборачки места и во своето село и во населбата Јени маале.

Либералдемократите велат дека имаат решенија што ќе придонесат да се запре иселувањето на граѓаните и да почне процесот на враќање на нашите иселеници со поттикнување на малите и на средни бизниси.

– Предлагаме секоја година 30 милиони евра од буџетот на Македонија да се насочат кон малите и средни бизниси, кон претприемачите. Државата треба да ги тргне своите „рекетари“, односно да ги тргне сите инспекции и да ги остави приватниците да работат – рече Милевски на трибината во Битола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...