fbpx

Ставрески: ВМРО-ДПМНЕ има сила и човечки капацитет да ги надмине овие случувања

-

„Првата порака што ќе ја упати ВМРО-ДПМНЕ до жителите на Неготино и низ Македонија е дека треба да бидат спокојни и мирни. ВМРО-ДПМНЕ има сила и човечки капацитет да ги надмине овие случувања, да најде решение за предизвиците што ги поставува пред нас ситуацијата, дa им го врати мирот и спокојството на граѓаните“, изјави Зоран Ставрески во вестите на „Сител“ пред почетокот на трибината во Неготино.

– Никој нема право да ги вознемирува граѓаните и да ги држи во агонија со месеци, мора да се најде решение што ќе им овозможи на граѓаните да продолжат спокојно и мирно да живеат и истовремено да ги решаваме нивните проблеми. Значи, втората порака ќе биде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане посветена на решавање на реалните проблеми на граѓаните, да се најде работа за луѓето, да им се помогне со подобри здравствени услуги, да реновираме училишта, да изградиме некој пат или канализација, она што на граѓаните ќе им значи подобар живот. Тоа е нашата мисија, затоа сме избрани ние политичарите и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со таквите политики и ќе ја водиме Македонија во подобар живот – рече Ставрески.

Тој додаде дека во континуитет работат со Општина Неготино за да овозможат да се реализираат повеќе проекти и на централно и на локално ниво.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...