fbpx

Невработеноста е најголем предизвикувач на сива економија

-

Невработеноста е еден од најголемите предизвикувачи на скриената економија во Македонија. Како што изјави Емил Шурков од ЦРПМ на денешната трибина „Зајакнување на медиумското известување за скриената економија и за корупцијата: Најнови трендови и европски искуства“, справувањето со сивата економија ќе биде многу поуспешно ако има поголема соработка и поголема поврзаност меѓу институциите. Во истражувањето „Економија на маглини и на сенки – скриената економија во Македонија“, уделот на скриената економија во Македонија, во зависност од користениот метод на мерење, се движи од 24 до 47 отсто од БДП, но добро е што има тенденција на опаѓање. Шурков истакна дека за да се намали скриената економија, треба да се зголеми вработеноста, да се зголеми даночната дисциплина, да има поголема контрола, како и свесност и едукација на населението.

– Зголемената стапка на невработеност е генератор на неформалните економски активности во Македонија. Во Македонија, за намалување на скриената економија, најчесто се користат превентивните мерки и оние за одвраќање од сивата економија, додека малку се употребуваат куративните и поттикнувачките мерки – вели Шурков.

Во контекст на новиот закон за задолжително социјално осигуруавање, Шурков вели дека како идеја законот е добар, но дека треба да се оргаизираат јавни дебати и дека мерките сè уште не се доволно јасни. Според анкетата што ја правел ЦРПМ, дополнителното плаќање придонеси нема да придонесе за подобри услови со пензиите и со здравството.

– Ако добро се осмисли законот, би било во ред и тој би можел да влијае на намалувањето на сивата економија, но бидејќи законот не е јасен, граѓаните не знаат дали ќе имаат некакво подобрување на здравствените услуги или, пак, зголемување на пензијата. Може да настане проблем и граѓаните да одбиваат да ги плаќаат дополнителните приднеси и само повеќе да се развие сивата економија. Исто така, кон ова може да придонесе и тоа што законот е дискриминирачки, односно некои категории граѓани се исклучени од дополнителното плаќање придонеси – објасни Шурков.

Руслан Стефанов, експерет од Бугарија, вели дека законот на долг рок може да биде добра мерка, но дефинитивно негативен ефект ќе има тоа што законот нема ист аршин кон сите граѓани.

ЦРПМ направил и анализа за тоа колку често поимите како „невработеност“, „сива економија“, „скриена економија“, „даноци“ и слично се употребуваат во медиумите. За повеќе од три години, имало вкупно 115 текстови, од кои 76 биле извештаи од владини седници, прес-конференции и слично, додека 18 биле теми, 15 интервјуа и шест истражувачки стории.

Според анализата на ЦРПМ, оваа година се напишани 40 текстови на оваа тема, а  најмногу текстови имало во 2013 година, вкупно 45. Во 2012 година имало 16, додека во 2011 – само шест четива на оваа тема.

Во анализата биле направени и интервјуа со новинари кои зборувале зашто толку малку се пишува за скриената економија. Како најголем показател, сите ја посочиле слабата комуникација со институциите.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...