fbpx

Јанкулоска: Нека шибаат, не е проблем!

-

На вечерашната трибина на СДСМ, беа објавени и снимки од разговори на Миле Јанакиески, кој со директор од затвор договара влијание врз затворениците за нивното гласање.

Шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер, според тоа што се слуша на друга снимка, зел луѓе од МВР за да се победи во Охрид на избори.

Тој, во разговор со Јанкулоска, ѝ кажува дека зел една екипа од неколкумина што ќе бидат со него во Охрид. Според него, „таму имал тешки глупости“.

Јанкулоска и Протоѓер, пак, во друга од вечерва објавените аудиоснимки, зборуваат за „бандата“ на Протоѓер. Јанкулоска вели дека тој ги одбрал „најголемите бараби во МВР“. Ама, вели Јанкулоска, „нека  шибаат, не е проблем, нема гајле“.

Љупчо Тодоровски-Радникот и Мартин Протоѓер, на друга снимка, повторно зборуваат за изборите во Охрид и за некои членови на партијата „кои се фатени и за кои треба да се реагира“.

Миле Јанакиески и Никола Тодоров, пак, разговараат за избори каде освоиле помалку гласови.

Јанкулоска и Тодоров зборуваат и се договараат да лажираат дека СДСМ направиле беља и сакаат да ги направат криминалци.

Миле Јанакиески и Сашо Мијалков разговараат за тоа како некој граѓанин им предложил да го озвучат за да „го наместат Андреј Жерновски“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...