fbpx
Таг: Томислав Османли

таг: Томислав Османли

Издаден „Столб што пее“ – четвртиот роман на Томислав Османли

Деновиве излезе од печат новиот роман на истакнатиот македонски писател Томислав Османли, „Столб што пее“. „Романот е со сложен хронотоп и наратив составен од девет меѓусебно поврзани текови, соединети во матицата на романот, којшто го следат и го засилуваат впечатливи документарни елементи: автентични фотографии, агенциски вести, tweet-ови, два природно вметнати расказни цитати од „Делата апостолски” на Новиот завет, интернет адреси...

Во грчкото списание „Енкен“ објавен расказот „Наредното евангелие“ на Томислав Османли

Во најновиот број на Ревијата за култура и уметност, списанието „Енкен“ од Солун е објавен новиот расказ на македонскиот писател Томислав Османли, „Наредното евангелие“. Во своето ново прозно дело Томислав книжевно ја прекршува најактуелната тема, пандемијата со која сѐ уште трагично се соочува човештвото. Расказот е опишан како впечатлив, каде феноменот-пандемијата што ја живееме е доловена како нова драма на...

Утре промоција на книгата „Стрип – деветтата уметност“ на Томислав Османли

Утре, недела, 19. септември, во рамките на фестивалот „ArtArea“ во кафе-книжарницата „Буква“, а со почеток во 20:00 часот ќе се одржи промоција на книгата „Стрип – деветтата уметност“ од Томислав Османли, во издание на „Бегемот“. Книгата ќе ја претстави Јован Битољану, соосновач на стрип книжарницата „Бункер“, а разговор со авторот и со присутните ќе води ликовниот уметник и стрип-автор Ѓорѓе...

Објавена студијата „Стрип – деветтата уметност“ од Томислав Османли

Книгоиздателството „Бегемот“ ја издаде книгата „Стрип – деветтата уметност“, капитално дело посветена на медиумот, уметничкото творештво, општествените влијанија и естетиката на стрипот. Книгата претставува ново, изменето и опсежно, речиси двојно дополнето издание на првата македонска теоретска книга во доменот на „деветтата уметност“, првично објавена под насловот „Стрип – запис со човечки лик“, најнапред во 1987 година, на 133 страници,...

Кој е Алан Форд и зошто е толку популарен кај генерациите родени пред 1980 година?

Во времето пред интернет, младите имаа свој извор на „мимови“ и „роустови“* - стрипот „Алан Форд“, чие издание на хрватски јазик имаше култен статус низ цела бивша Југославија. Во рамки на напорите за воведување едукативни содржини во и за  медумската сфера, Мета.мк со дозвола на авторот го пренесува есејот „Наивец во светот на злите“ од Томислав Османли**, кој објаснува дел...

Грчко книжевно списание објави портрет на Блаже Конески и преводи на 6 песни

Во својот број за јуни 2020 г., грчкото списание за литература „Карта“ („Χάρτης“) објави портрет на македонскиот лингвист, писател, преведувач и поет, академик Блаже Конески (1921-1993), насловен „Житија“ („Συναξάρια“), во кој е претставен дел од наговиот опус. Веста до македонската јавност ја пренесе писателот и новинар Томислав Османли преку неговиот профил на Фејсбук. Тој укажа дека написот го прикажува Конески...

Македонија претставена на Меѓународниот саем на книгата во Солун

Македонската класична и современа литература и годинава е претставена пред публиката на Меѓународниот саем на книга во Солун. Преку сопствен штанд, инициран од конзулатот на Македонија во Солун и преку две дискусии и презентации на работата на Блаже Конески и на писателот Томислав Османли, солунската и меѓународната публика имаат можност подобро да се запознаат со македонската творечка дејност и...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...