fbpx
Таг: судење

таг: судење

ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева е новиот Петре Шилегов и срам за правната фела

Катица Јанева е новиот Петре Шилегов. Со последната скандалозна изјава дадена во ЕУ-Инфоцентарот во Скопје се промовираше во најверен поданик на аболицираниот криминалец Зоран Заев, кој лаже и клевети, давајќи политички изјави и квалификации, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дека СЈО не гони обични криминалци, туку криминална група во врвот на...

Судењето на Панчевски за мобинг повторно одложено, тој пак не се појави во судот

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, и денеска не се појави во Граѓанскиот суд на рочиштето од судскиот процес што се води против него за мобинг, а по тужба од Горан Стаменковски, вработен во одделението за човечки ресурси на Кривичниот суд. На денешното рочиште дојдоа неговите адвокати, кои пред судот наведоа дека немаат поднесено писмен одговор на тужбата...

Во Белград почна судењето за Сребреница

Пред одделението за воени злосторства на Високиот суд во Белград, денеска со читање на обвинението почна судењето за осумтемина обвинети за воени злосторства над цивили во селото Кравица во Босна и Херцеговина за случајот „Сребреница“. На судењето присуствуваат сите обвинeти, поранешни припадници на Специјалната бригада МУП на Република Српска. Според обвинението на Обвинителството за воени злосторства, обвинетите се товарат дека...

Одложен почетокот на судењето за „Еразмус“, одбраната побара изземање на судијката

Почетокот на судењето за случајот „Еразмус“, во кој се обвинети шестмина професори од Економскиот факултет во Скопје, е одложено откако на денешното рочиште дел од адвокатите на обвинетите побарале изземање на судијката Љубинка Башеска и на судијата Ивица Стефановски, како член на судечкиот совет, пренесува „24 Вести“. Адвокатот Јован Јоанидис, во образложението на барањето за изземање на судиите, навел дека...

Демири се изјасни за невин, судењето одложено за 14 март

Мариглен Демири се изјасни за невин откако беше прочитано обвиниението против него на денешното рочиште во Основен суд Скопје 1. Јавното обвинителство го товари Демири дека кршел и фрлал предмети и заедно со толпа граѓани на 13 април минатата година ја оштетил народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, за време на протестите против аболицијата на 56 функционери и нивни...

Продолжува судењето на Мариглен Демири за демолирањето на канцеларијата на Иванов

Најавувајќи го денешното рочиште на судењето против Мариглен Демири поради учеството во минатогодишните протести од „Шарената револуција“, Левица порача дека постојаните притисоци нема да ја скршат. Демири е дел од раководството на партијата. „Протестите одамна завршија, но судскиот прогон против истакнати членови на Левица продолжува. Покрај Мариглен Демири, судски процес за учество на протестите се води и против нашите членови...

Одложено рочиштето за „Поткуп“, следното закажано за 23 февруари

Судијката Дијана Груевска-Илиевска го одложи денешното рочиште за случајот „Поткуп“ бидејќи надлежното јавно обвинителство сè уште не донело одлука по барањето на адвокатите на Зоран Заев за изземање на обвинителот Златко Биковски. Одлуката за иземање, сепак, треба да ја донесе Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, од каде, пак, одбија да одговорат на барањето затоа што не...

Одложено судењето против Владимир Панчевски за мобинг – тој не се појави

Иако требаше да почне денеска, одложено е судењето на поранешниот претседател на Основен суд Скопје 1, судијата Владимир Панчевски, по приватната тужба за мобинг што против него ја поднесе поранешниот раководител на одделението за човечки ресурси на судот, Горан Стаменковски. Панчевски не се појави во судницата во Основен суд Скопје 2, иако, како што вели адвокатот на тужителот, бил уредно поканет. -...

Почнува судењето за мобинг против експретседателот на Основен суд Скопје 1

Поранешниот претседател на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски, денеска треба да се појави во судница во Основен суд Скопје 2, каде почнува судењето по тужбата за мобинг што против него ја поднесе поранешниот раководител на одделението за човечки ресурси на судот, Горан Стаменковски. Пред судија за работни спорови, Панчевски денеска ќе треба да ја изнесе својата одбрана на приватната тужба...

УБК одбила да ги декласифицира тајните податоци во „Тврдина 2“

Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) одбила да ги декласифицира класифицираните информации што Специјалното јавно обвинителство ги предлага како докази во судскиот процес за случајот „Тврдина 2“. На барањето на СЈО, кое беше задолжено од судот да побара декласифицирање на информациите, од УБК образложиле дека декласификацијата на податоците би имала последици по безбедноста на државата и дека тие се од особено...

Србија не се откажува од барањето за испорачување на Харадинај

Владата на Србија денеска соопшти дека нема да се откаже од барањето за испорачување на еден од поранешните команданти на ОВК, Рамуш Харадинај, тврдејќи дека има 30 нови сведоци и проширена истрага против него. - Се надеваме дека француските правосудни органи постапуваат професионално и во склад со меѓународните закони и дека ќе ни го испорачаат Харадинај за постапката против него...

Почна судењето на 29 турски полицајци за вмешаност во обидот за пуч

Денеска во Истанбул почна судењето на 29 турски полицајци, обвинети за вмешаност во организирањето на неуспешниот обид за воен удар на 15 јули годинава. Како што јавуваат светските агенции, станува збор за прво големо судење против лица обвинети за вмешаност во обидот за пуч во Турција. На 29 обвинети полицајци, од кои 24 се уапсени, ќе им се суди во...

Судењето на Павле Богоевски одложено за 30 јануари

Основниот суд Скопје 1 денеска третпат го одложи судењето на активистот на „Шарена револиција“ и кандидат за пратеник на коалицијата предводена од СДСМ, Павле Богоевски. Денеска судењето беше одложено по барање на Сашо Дуковски, адвокатот на обвинетиот Богоевски. Тој соопштил дека од лични причини нема да може да биде присутен на рочиштето. Ново рочиште судот закажа за 30 јануари следната година. На...

Шеснаесет години затвор за убиството на охриѓанецот Матилоски

Основниот суд во Охрид попладнево му изрече затворска казна од 16 години на српскиот државјанин Бојан Угреновиќ (29) од Краљево, кој лани, на новогодишната ноќ, до смрт го претепа охриѓанецот Димитар Матилоски, во строгиот центар на Охрид. Судскиот процес почна на 15 декември годинава, а Угреновиќ одговараше за убиство и покрај тоа што семејството и охриѓани преку мирен протест бараа промена...

СЈО: Не водиме предистражна постапка против обвинителот Владимир Милошевски

Специјалното јавно обвинителство демантира дека води предистражна постапка против јавниот обвинител на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Владимир Милошевски. Од СЈО потврдуваат дека политичката партија СДСМ до нив поднела кривична пријава против обвинителот Милошевски и други лица и дека сè уште се испитуваат наводите во кривичната пријава. „До ова јавно обвинителство доставена е кривична пријава од политичката партија...

Адвокатите на Заев побараа изземање на обвинителот за случајот „Поткуп“

Судењето за случајот „Поткуп“ не почна затоа што адвокатите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, побараа изземање на јавниот обвинител Владимир Милошевски бидејќи против него СЈО води истрага за неколку кривични дела. Како што наведе еден од адвокатите на Заев, Јаким Наумов, јавниот обвинител Милошевски е дел од злосторничко здружување во врска со објавените снимки на „Јутјуб“ од посебните истражни...

Судот ги одби „бомбите“ како докази и заштитениот сведок против Груевски и Јанакиески

Судијката Татјана Михајлова, воедно и в.д претседател на Кривичниот суд, одби дел од прислушуваните разговори, односно „бомби“, и сведочењето на заштитениот сведок да бидат користени како докази со судскиот процес што СЈО го води против Никола Груевски, Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и уште 11 обвинети за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година. Михајлова, всушност, ги прифати приговорите на адвокатот...

Никој не побарал одложување на утрешното судење на Груевски за случајот „шамари“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, утре треба да седнат на обвинителна клупа за насилствата пред Општина Центар од 2013 година, а како што потврдуваат за „Мета“ и од Кривичниот суд во Скопје и од одбраната на дел од обвинетите, досега ниту една од странките не побарала одложување на...

СЈО, по една недела, од судот го доби записникот од рочиштето за „Тврдина 2“

Специјалното јавно обвинителство вчера го добило од Кривичниот суд записникот од подготвителното рочиште за судењето за случајот „Тврдина 2“, во кој првообвинет е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, потврдија за „Мета“ од СЈО. Оттаму додаваат дека дополнително ќе информираат кога ќе достават барање до Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) за дозвола за декласификација на доказите во обвинението...

СЈО ќе бара начин да ја деблокира истрагата за „Таргет“

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и нејзините помошници обвинители наредните денови на состанок треба да решаваат што ќе преземат во врска со блокирањето на истрагата за случајот „Таргет“ од страна на Кривичниот суд, велат неофицијално за „Мета“ од СЈО. Она што е официјално е дека СЈО „нема право на жалба на одлуката“ на Кривичниот совет, до повисоките судски инстанци, односно...

Столтенберг не барал од Москва откажување на изложбата на запленето западно оружје од Украина

На Телеграм има профил “Jens Stoltenberg”, кој делува како да му припаѓа на шефот на НАТО, но нема некоја ознака дека е верифициран и има само 15 следбеници, ама од...