fbpx
Таг: студентски стипендии

таг: студентски стипендии

Како да поднесете приговор на решението за одбиена студентска стипендија?

Министерството за образование и наука (МОН) во јануари ги објави резултатите од конкурсот за студентски стипендии за академската 2022/2023 година, при што за годинава беа предвидени околу 3.000 стипендии. Одбиените кандидати кои аплицирале за студентска стипендија требаше да почекаат на домашна адреса да добијат писмено решение дека се одбиени, а потоа со истиот документ можат да поднесат жалба, информираа за...

МОН повторно најавува изедначување на стипендиите за сите ученици и студенти

Откако на почетокот од месецов Министерството за образование и наука (МОН) објави дека средношколците и студентите што земаат пониски стипендии треба да потпишат анекс на договорите за да ги земаат повисоките суми, стана јасно дека покачени стипендии ќе земаат само оние ученици и студенти кои се активни корисници на стипендија, и тоа почнувајќи од март. За учениците што во...

МОН: Исплатени се студентските и ученичките стипендии

Исплатени се средствата по основ на ученички и студентски стипендии на новите и на  постојните корисници, информираше Министерството за образование и наука (МОН). Учениците кои правото на стипендија го оствариле во учебната 2022/2023 година на своите сметки вчера добија седум месечни стипендии, додека на студентите денеска им се исплатени шест месечни стипендии. На постојните корисници, пак, им се исплатени средствата по...

УСС УКИМ реагира на ненавремената исплата на субвенционираниот оброк и студентските стипендии

Преку отворено писмо, претставниците на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) реагираа за тоа што надлежните во Министерството за образование и наука (МОН) доцнат со исплата на парите за субвенциониран студентски оброк и стипендии за студентите. Оттаму укажуваат дека меѓу студентите владее атмосфера на незадоволство и дека МОН го злоупотребува трпението на студентите со тоа...

До средината на месецов, студентите ќе ги добијат средствата за субвенциониран оброк и стипендии заклучно со март

До средината на март, сите корисници на ученички стипендии, студентски стипендии и субвенциониран студентски оброк ќе ги добијат средствата кои им следуваат заклучно со овој месец, информираше денеска Министерството за образование и наука (МОН). Од ова министерство велат дека постојните корисници на ученички и студентски стипендии кои ова право го оствариле во некоја од претходните учебни, односно академски години, ги...

Средношколците и студентите со пониски стипендии треба да потпишат анекс на договорите за да добиваат повисоки суми

Корисниците на ученички и студентски стипендии кои се стекнале со ова право во некоја од изминатите учебни, односно академски години и имаат активни договори за користење на стипендијата, од оваа година ќе добиваат зголемен месечен износ, идентичен на износот кој го добиваат новите стипендисти, велат надлежните во Министерството за образование и наука (МОН). Но, за да го остварат правото...

Одбиените кандидати за стипендија ќе може да се жалат откако ќе им стаса решение дека се одбиени

Одбиените кандидати кои аплицирале за студентска стипендија, треба да почекаат на домашна адреса да добијат писмено решение дека се одбиени, па потоа со тој документ ќе имаат можност да поднесат жалба. Како што за Мета.мк информираат од Министерството за образование и наука (МОН), до крајот на февруари сите одбиени кандидати ќе ги имаат добиено овие решенија и тогаш ќе...

Објавени се резултатите од конкурсот за стипендии за редовните студенти Роми

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави резултатите од Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи за академската 2022/2023 година. Доделени се вкупно 125 стипендии, и тоа 50 за студенти кои студираат во прва година и 75 за студенти од повисоките години. Инаку, во конкурсот МОН...

Зградите на ФИНКИ и ФФОСЗ ќе продолжат да се градат догодина, ќе почне и реконструкцијата на државните студентски домови

Изградбата на објектите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) ќе продолжи догодина, информираше денеска министерот за образование Јетон Шаќири на прес-конференцијата на која беше образложен буџетот на Министерството за образование и наука (МОН) за 2023 година. Зградите на овие две високообразовни установи во рамки на Универзитетот „Св....

Заврши пријавувањето за субвенциониран оброк, рокот за аплицирање за студентски стипендии истекува денес

Во сабота, на 3 декември заврши рокот за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, кој започна од 25 ноември, информираше денеска Министерството за образование и наука (МОН). Од МОН велат дека апликациите ќе бидат разгледани од страна на посебна комисија формирана за оваа намена, откако ќе пристигнат податоците за апликантите кои се бараа согласно повикот, а кои...

МОН го објави конкурсот за стипендии за студенти Роми

Министерството за образование и наука (МОН) го објави конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во земјава за академската 2022/2023 година. Годинава се предвидени вкупно 135 стипендии за редовните студенти Роми, а заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и условите да бидат државјани на Северна Македонија и...

Наскоро конкурс за стипендии за студенти Роми и конкурс за втор и трет циклус на студии

Конкурсот за стипендии за студенти Роми ќе биде објавен во наредните неколку денови, а подоцна и конкурсите за стипендии за студенти на втор и трет циклус на студии, информираа од Министерството за образование и наука (МОН) за Мета.мк. Оттаму велат дека стипендиите за постдипломски и магистерски студии се предвидени во Програмата за научно- истражувачката дејност за 2022 година и...

Објавен е конкурсот за студентски стипендии

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за студентски стипендии за академската 2022/2023 година. За оваа година се предвидени вкупно 3.000 стипендии, а воведени се и три нови категории, поради, како што велат од МОН, информациите за недостиг на кадар во одредени области. Меѓу новите категории се предвидени 30 стипендии за студенти запишани на студиски програми од областа на...

Стипендиите за студентите на земјоделство, ветеринарство и шумарство ќе изнесуват 18.000 денари

Новите стипендии кои ќе се доделуваат на студенти запишани на студиски програми од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки ќе изнесуваат 18.000 денари месечно, а ќе се доделуваат за девет месеци во текот на една академска година. Предвидени се вкупно 30 вакви стипендии, информираше денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. „Ова е добра прилика уште еднаш да...

Универзитетските собранија и „Студентски отпор“ со заеднички марш на Меѓународниот ден на студентите

По објавата на два паралелни марша што за утре ги најавија формалните студентски претставници од универзитетските студентски собранија и движењето „Студентски отпор“, двете страни вчеравечер соопштија дека сепак протестот ќе го одржат заедно по повод 17 ноември, Меѓународниот ден на студентите. „Оваа борба е заедничка и само сплотени заедно ќе успееме да ги заштитиме нашите права и барања“, се вели...

Државата ќе доделува стипендии и за студенти на земјоделски, ветеринарни и шумарски науки

На предлог на Министерството за образование и наука, Владата на последната седница донесе одлука за воведување на нови категории на студентски стипендии. Како што соопштија од Владата, со предложените измени се воведуваат нови мотивирачки стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, на студиски програми од областа на земјоделските,...

Конкурсите за ученички и студентски стипендии ќе бидат објавени наскоро, нема да се кратат износите

До крајот на месецов се очекува да биде објавен конкурсот за доделување на ученички стипендии, а потоа и конкурсот за доделување на студентските, вели за „Мета.мк“ министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Во однос на шпекулациите за намалување на стипендиите за студентите, Шаќири вели дека нема да бидат кратени ниту износите, ниту квотите, но додава оти ќе се менуваат...

Студентите што користат стипендии од утре ќе можат да ги продолжат истите

Министерството за образование и наука (МОН) извести дека сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на ова право, ќе можат истите да ги продолжат почнувајќи од утре. Корисникот на стипендија треба да достави Потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, Уверение за положени...

Објавен Конкурсот за студентски стипендии за странски државјани кои се од интерес за земјава

Министерството за образование и наука (МОН) го објави Конкурсот за доделување на студентски стипендии за странски државјани кои се од интерес за Република Северна Македонија за студиската 2022/2023 година. Ќе бидат доделени вкупно 50 стипендии на странски државјани кои се од интерес за земјава, а се со македонско потекло и живеат во Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија,...

МОН прифатило изедначување на стипендиите за сите ученици и студенти, се чека одобрување од Влада

Запрена е постапката за поведување прекршочна пријава при надлежен суд против Министерството за образование и наука (МОН) од страна на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Од Комисијата за Мета.мк информираа дека МОН прифатило да ги изедначи стипендиите за сите студенти и ученици во средно образование, откако КСЗД претходно утврди индиректна дискриминација во државната политика на стипендирање. „Комисијата...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...