МОН го објави конкурсот за стипендии за студенти Роми

Фото: Green Chameleon on Unsplash

Министерството за образование и наука (МОН) го објави конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во земјава за академската 2022/2023 година.

Годинава се предвидени вкупно 135 стипендии за редовните студенти Роми, а заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и условите да бидат државјани на Северна Македонија и да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании.

Висината на стипендијата изнесува 5.000 денари месечно за девет месеци во една студиска година.

Студентите кои ги исполнуваат условите е потребно да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на порталот „е-услуги“. Крајниот рок за аплицирање е 9 декември.

Министерството информира дека некомплетно пополнетата апликација нема да се разгледува во процесот и нема да влезе во конкуренција со останатите кои се пријавиле на конкурсот.