Објавени се резултатите од конкурсот за стипендии за редовните студенти Роми

Фото: Sincerely Media on Unsplash

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави резултатите од Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи за академската 2022/2023 година.

Доделени се вкупно 125 стипендии, и тоа 50 за студенти кои студираат во прва година и 75 за студенти од повисоките години. Инаку, во конкурсот МОН предвиде 135 стипендии. Листата со одобрени стипендии може да се најде на овој линк, додека договорите што студентите треба да ги склучат со МОН се достапни тука.

Висината на стипендијата за студентите Роми изнесува 5.000 денари месечно за девет месеци во една студиска година.