fbpx
Таг: студенти

таг: студенти

Студентите на протест во 14 часот пред Влада

„Ние сакаме корисни реформи поткрепени со аргументи, анализи и поддржани од јавна дебата. Ќе нè гледате и ќе нè слушате додека не ги добиеме. Но, ние не сме насилници. Студентите овојпат ја имаат вистината и тоа е она што нè прави автентични. Токму затоа ве повикуваме сите студенти и наши поддржувачи да го зачуваме редот и мирот на денешниот протест....

ДОМ: Да се одложи носењето на законот за државен испит

ДОМ не се сложува со брзината на носењето на законот за високо образование и затоа од партијата бараат одложување на неговото носење. - ДОМ предлага одложување на носењето на законот за високо образование за да се обезбеди широка јавна дебата и да се земат превид аргументите на студентите и на професорите - велат од ДОМ. Од партијата апелираат до МОН да...

„Студентски пленум“: Да не дозволиме да продолжи монологот на Владата

Студентите од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ повикуваат протестот, кој во 14 часот ќе почне пред Владата на Република Македонија, да биде мирен, без инциденти и без партиски и национални обележја. Револтирани, бидејќи законот беше усвоен на владината сединица без да бидат повикани на јавна дебата, ги повикуваат сите граѓани да ги поддржат и да им се придружат на масовен...

Новинарскиот синдикат го поддржува студентскиот протест

Самостојниот синдикат на новинари на Македонија целосно го поддржува студентскиот протест најавен за петок, насочен против државниот испит во високото образование, кој власта се обидува да го наметне набрзина и без јавна дебата. ССНМ ги повикува новинaрите при инфoрмирањето за протестот да се борат против цензурата и автоцензурата со која се соочуваат во своите редакции. - Членовите на „Студентски пленум“...

Пленумот доби поддршка од студенти од светот

Неформалната студентска организација „Студентски пленум“ доби поддршка од колеги студенти од секаде од светот. Студенти од Сараево (БИХ), Пекинг (Кина), Виљанди (Естонија), Владимир (Русија), Мураманск (Русија), Мериленд (САД), Ахен (Германија), Флорида (САД) и Талин (Естонија) ги поддржуваат студентите во Македонија во протестот против законските измени со кои се воведува државен испит. - Мислењето на студентите е важно. Ние, студентите од целиот...

Реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе се одложи?!

Заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, на отворената владина седница информираше дека во најголем дел со предвидената динамика се вршат сите активности поврзани со реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Тој појасни дека се работи на комплетна реконструкција на првиот блок од студенстскиот дом, а во тек се активности за затворање со прозорци и подготовка за малтерисување...

Денеска напладне протест против воведување давачки за хонорарците

Денеска напладне ќе се одржи протест против законските измени со кои за сите хонори ќе се плаќаат придонеси од 35 отсто. На протестот, како што беше соопштено, ќе се приклучи и „Студентски пленум“. Поддршка за протестот против законското решение со кое се воведуваат давачки за придонеси за хонорарите, авторските договори и за договори на дело, дадоа и девет гранкови синдикати од конфедерацијата...

„Студентски пленум“: Министрe, го слушнавте ли гласот на 10.000 студенти?

Студентите од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ си заминаа по два часа чекање пред Министерството за образование, каде зад затворени врати министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, и заменик-министерот, Спиро Ристовски, имаа работна средба со деканите на педагошките факултети. Средбата беше префрлена во последен момент, па наместо најавената јавна дебата по повод предложените предлог-закони која беше првично закажана на Педагошкиот...

На претставници од „Студентски пленум“ им беше забрането да влезат на дебата во Министерството за образование

На студентите од „Студентски пленум“ не им беше дозволено да влезат на дебатата за измените во Законот за високо образование, која експресно беше пренесена во просториите на Министерството за образование. Во последен момент, Министерството за образование и наука ја промени локацијата за одржување на најавената дебата. Таа денеска требаше да се одржи на Педагошкиот факултет во Скопје, но наместо таму, се...

Министерството за образование во последен момент ја смени локацијата на дебатата

Во последен момент, Министерството за образование и наука ја промени локацијата на одржување на најавената дебата, која денеска требаше да се одржи на Педагошкиот факултет во Скопје. Таа се одржа во просториите на Министерството. Тоа ги изреволтира дваесетината студенти од „Студентски пленум“ кои со транспаренти, иако непоканети, се упатија на дебатата. Нив, пак, ниту вчера, ниту денеска никој не ги поканил и информирал...

Масовноста на маршот ќе го потисне стравот од протести

Масовната посетеност на студентскиот марш значи почеток на промените, преставува чекор напред да се потисне стравот што владее во Македонија, а студентите се движечка сила која може да ги поттикне и другите слоеви на општестовото. Ова е ставот на експертите кои го проследија маршот и го подржуваат правото на студентите да протестираат и слободно да говорат. Професорот по социологија на...

Српските студенти со поддршка за македонските колеги

Студентите од Белград им дадоа поддршка на македонските студенти. Тие денеска излегоа пред македонската амбасада во Белград, Србија, со пароли „Да живее борбата на студентите во Македонија! Еден свет – една борба!“.

Адеми: Сè уште нема конкретен предлог за државен испит

Министерот за образование Абдилаќим Адеми, по денешната посета на тетовското основно училиште „Миѓени“, уште еднаш го повтори истиот став дека сè уште нема конкретен предлог за државниот испит, пренесе „Радио Слободна Европа“. - И претходно кажавме, кога ќе излеземе со конкретен предлог, ќе ги повикаме сите да се вклучат во дебата и во тој период да дадат нивни размислувања, сè со...

Студентски марш: Брзи реформи, слепи студенти раѓаат!

Писмо со барања доставија студентите до Владата на Република Македонија на крајот на вториот студентски марш организиран од неформалната студентска организација „Студентски пленум“. И покрај притисоците, маршот беше масовен, со двојно повеќе присутни од првиот марш одржан на 17 ноември. - Главниот аргумент во писмото е дека предлогот се коси со автономијата на Универзитетот. Ние сме против одборот за акредитација...

Студентите од Битола со порака до Владата: Не сме експериментални глувци

„Сега ќе нè слушнете“, „Лесно ви е вам, никогаш не сте студирале“, „Индексот е книшката“, „Екстерно за Владата“ и „Стоп за лошите реформи во образованието“, беа само дел од паролите што ги скандираа студентите и средношколците од Битола на денешниот протест на кој масовно маршираа низ градот. Преку илјада млади, но и возрасни битолчани, почнувајќи пред Техничкиот факултет во Битола, повеќе...

(ВИДЕО) Студентите маршираа со пароли и со свирежи (Обновено)

„Автономија, автономија“ ,Ние не сме клиенти, ние сме студенти“, „Заокружете нè“ се паролите што ги извикуваат студентите на студентскиот марш. Тие се упатуваат кон Собранието на Република Македонија, извести репортерот на новинската агенција „Мета“. Како што јави нашиот репортер, студентите масовно се приклучуваат на протестот, а за сè да помине во најдобар ред, имаат задолжено и редари. Се забележува и зголемено присуство...

Студентите масовно се собираат пред Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“

Двојно повеќе студенти во споредба со минатиот протестен марш се собраа денеска пред Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје да го искажат својот револт против воведувањето екстерно тестирање, јави репортерот на новинската агенција „Мета“, кој е на местото на настанот. Како што нè информираше нашиот репортер, студентите сè уште се собираат, а за кратко време треба да тргнат и по...

Кодекс на студентски марш: Аплаудирајте ако видите насилство

Вториот студентски марш почнува денеска, точно напладне, пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а ќе продолжи кон Собранието и кон Владата на Република Македонија. Од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ објавија „Упатство за учество на марш“, во кое се вели дека доколку некој забележи говор на омраза, истакнување симболи или поттикнување насилство, да му се даде групен аплауз,...

Адеми: Кога ќе утврдиме модел, ќе разговараме со студентите

Наредните денови ќе се разгледува информацијата на Министерството за образование за проектот државен испит, истакна денеска министерот Абдилаќим Адеми. - Не успеавме да дискутираме поради голем број точки. Се надевам дека деновиве ќе има продолжение на седницата и ќе се дискутира за пакетот закони кои МОН ги достави до Владата како нацрт-закони. Тука се законите за педагошката реформа која ја...

„Студентски пленум“: Дојдете на маршот без партиски и национални симболи

Утре, во 12 часот, пред платото на УКИМ ќе почне вториот студентски марш против предлогот на Владата да се воведе државен испит на факултетите. Студентите ќе маршираат од платото на УКИМ покрај Собранието и ќе го завршат маршот пред Владата на Република Македонија. Од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ повикуваат на мирен марш, без насилство и без истакнување на партиски...

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...