ДОМ не се сложува со брзината на носењето на законот за високо образование и затоа од партијата бараат одложување на неговото носење.
– ДОМ предлага одложување на носењето на законот за високо образование за да се обезбеди широка јавна дебата и да се земат превид аргументите на студентите и на професорите – велат од ДОМ.
Од партијата апелираат до МОН да се направи темелна анализа на овој образовен систем, како и евалуација на досегашниот кредитен трансфер-систем, да се укаже на недостатоците и на сите недоследности, да се ревидираат наставните програми во согласност со европските.
– Во спротивно, доколку набрзина се прифати ваква реформа во високото образование, ДОМ е убедена дека тоа нема да придонесе за подобрување на квалитетот на образованието, притоа ќе се наруши интегритетот на професорите и автономијата на универзитетите, а ризикот од несакани ефекти и негативни последици од набрзина донесените промени во високото образование е несомнен – велат од ДОМ.