Неформалната студентска организација „Студентски пленум“ доби поддршка од колеги студенти од секаде од светот. Студенти од Сараево (БИХ), Пекинг (Кина), Виљанди (Естонија), Владимир (Русија), Мураманск (Русија), Мериленд (САД), Ахен (Германија), Флорида (САД) и Талин (Естонија) ги поддржуваат студентите во Македонија во протестот против законските измени со кои се воведува државен испит.
– Мислењето на студентите е важно. Ние, студентите од целиот свет, сме иднината на народот и иднината на општеството. Нашето мислење мора да биде важно, нашето мислење мора да биде слушнато! Затоа, викнете силно, побарајте си ги правата и излезете на улица! – вели студентка од Ахен, Германија.
Третиот студентски протест почнува в петок, во 14 часот, пред Влада на Република Макеоднија.