Таг: студенти

таг: студенти

Младите лекари и студенти предупредуваат: Нѐ демотивираат непотизмот и ниските плати

Лекарите бегаат од земјава не само поради ниските плати, туку и поради демотивирачките услови со кои се соочуваме уште во текот на студиите, велат студентите на Медицинскиот факултет, кои од денеска се дел од Неделата на студенти по медицина, што ја организира Клубот на млади лекари. - Проблемот е во тоа што не секогаш најдобриот студент ја добива највисоката оценка,...

Медицинските струки се виза за работа во странство за младите од Источниот регион

На последниот ден од уписите на универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, се повтори сликата од уписите во средните училишта. Пополнети се речиси сите места на факултетите со медицинските струки. Според последните бројки до 15 часот се пријавиле 389 завршени ученици. - Се очекува и во вториот уписен рок да има голем интерес за Факултетот за медицински науки, од студенти од...

Професори од Оксфорд, Сорбона, Колумбија… со поддршка за Преспанската спогодба

Повеќе од 40 универзитетски професори, интелектуалци, филозофи и студенти ја изразија својата поддршка за Преспанската спогодба на Македонија и Грција за решавање на спорот за името, оценувајќи го како пробој и најдобро решение за решавање на 27-годишниот спор на двете земји. Во писмо до британскиот весник „Гардијан“, потписниците кои се од некои од највидните светски универзитети, како Оксфорд, Сорбона, Лондон,...

Студентите по хемија и фармација ќе може да одат на тримесечна пракса во „Алкалоид“

„Алкалоид“ потпиша меморандум за соработка за практиканство со Фармацевтскиот факултет и Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет. Во рамките на овој проект кој ќе почне во јуни, 15 студентите кои се на дипломски и додипломски студии ќе може да се стекнат со тримесечна пракса во компанијата. - Целта на овој Меморандум за соработка за програмата за практиканство е да се поттикне...

Во Македонија има 283.834 вработени жени – најголем дел во приватниот сектор

Државниот завод за статистика објави податоци за жените во Македонија по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената. Според нивната последна статистика за 2016 година, вкупниот број на вработени жени изнесува 283.834 од кои 74,8 отсто се вработени во приватни компании. Бројот на дипломирани жени изнесува 6.787 или 58 отсто од вкупниот број на дипломирани студенти. Жени магистри на науки изнсува 1.107...

Владата планира да ги субвенционира студентите

Владата на денешната 49. седница ја разгледала и усвоила информацијата за воведување на проект „Субвенциониран студентски оброк и други студентски потреби“. Проектот, како што информираат од таму, предвидува можност за субвенционирање на потребите на студентите по нивен избор и тоа оброк, автобуска карта, карта за во театар, книга и други услуги, а плаќањето ќе се врши преку мобилен телефон или...

Повеќе од 80 лица се повредени при рушење на тераса во зградата на индонезиската берза

Повеќе од 80 лица се повредени при рушење на тераса во зградата на индонезиската берза. Во моментот на рушење на терасата, имало голем број на студенти кои биле во посета на берзата во Џакарта. Полицијата ги евакуирала луѓето и ги утврдува причините за несреќата. Според информациите од портпаролката на индонезиската берза, немало застој во работата на системот и берзата продолжила непречено да работи. https://www.youtube.com/watch?time_continue=44&v=QPZ-PrHzsXQ

Конкурс на МОН за доделување 2.890 стипендии за студенти

Министерството за образование и наука за академската 2017/2018 година ќе додели вкупно 2.890 стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи. Ќе бидат доделени 1.500 стипендии за студенти од социјални категории, како и 630 стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето. За студентите запишани на студиските програми...

ОЈО Скопје почна истрага за тепањето на студентите на ланските студентски избори

Основното јавно обвинителство Скопје по 16 месеци почна постапка за расветлување на упадот на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) на МВР во просториите на Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ по минатогодишните студентски избори. Обвинителството постапува по кривичната пријава што тогаш ја поднесе Хелсиншкиот комитет за човекови права против поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко...

Нападнат студентски дом во Кенија

Најмалку две лица вработени во Техничкиот универзитет во Момбаса загинаа откако вооружено лице отвори оган во студентски дом во универзитетот. Кениската полиција се сомнева дека станува збор за екстремистички напад, кој се случил во време додека кенискиот претседател Ухуру Кијата држел предизборен собир во крајбрежниот округ Квале. Според шефот на полицијата во Квале, постои сомневање дека напаѓачот бил припадник на бунтовничката...

Директорот на Државен студентски дом вели дека сите сметки за вода се платени

Невистина се тврдењата на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје дека Државниот студентски дом „Скопје“ (ДСД) или Министерството за образование и наука не ги плаќале сметките за вода, реагираше Атанас Бојчев, директор на ДСД. Јавното претпријатие, откако вчера Бојчев обвини дека неосновано ја сопрело водата во студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, реагираше и порача дека тоа се случилоа поради неплаќање...

„Водовод и канализација“ демантира: Многу сметки на студентскиот дом не се платени

ЈП Водовод и канализација- Скопје ја демантираше изјавата на директорот на Државниот студентски дом „Скопје“, дека претпријатието без предупредување ја сопрело водата во студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“ денеска, велејќи дека тоа се случува поради неплаќање сметки во последните пет месеци и поради неподмирување на долгот од претходно. „Министерката уште во јуни месец вети дека Владата ќе ги подмири...

Поради неплатен долг сопрена водата во студентскиот дом „Кузман“

Водата во студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“ во Скопје била сопрена утрово од ЈП „Водовод и канализација“, иако на претпријатието му било кажано дека е најдено решение за да се покрие долгот за вода, соопшти Државен студентски дом „Скопје“. Според в.д. директорот Атанас Бојчев, водата била сопрена без предупредување. - Постапката на ова јавно претпријатие е без оправдување, со оглед...

Заев се обрати пред студентите на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот на надворешни работи, Никола Димитров, и од министерот за дијаспора, Едмонд Адеми, беше почесен говорник на Универзитетот „Колумбија“, каде што во организација на УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, имаше обраќање на тема „Свеж старт на Балканот: Демократско обновување и еколошко обновување на линија на одржливи развојни цели.“ „Новата Влада ја отвори Македонија...

Пријавувањето за упис на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде на 17 и 18 август

Пријавувањето за упис во прва година во академската 2017/2018 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје ќе биде в четврток и петок на 17 и 18 август. Според објавениот конкурс за запишување студенти на прв циклус студии за претстојната студиска година, слободни се вкупно 10.818 места. Од нив, 5.865 се за редовни студенти за кои годишната партиципација е 200 евра,...

Ласовска: Ако се грижи за студентите, СДСМ да гласа за ваучери за компјутери

Пратеничката Благица Ласовска денеска на прес-конференција ја повика власта да го прифати вчера презентираниот предлог-закон за ваучери за компјутери за студенти, ако навистина ги става во преден план потребите на студентите. Таа образложи дека ваучерите би се издавале на редовните студенти од семејства во кои месечните приходите не го надминуваат износот од две просечни месечни нето-плати, односно 45.344 денари нето-приход...

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има неплатени сметки за струја, студентите седеа во темница

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ синоќа остана без струја поради неплатени сметки, по што студентите реагираа до Министерството за образование и наука и до Владата. „Успеавме да воспоставиме контакт со компанијата за повторно да се приклучи студентскиот дом на електрично напојување и за да може активностите да се одвиваат нормално“, изјави министерката за образование, Рената Тренеска-Дескоска, која синоќа го посетила домот. Во соопштението на Владата...

Атанасов: Овој јуни нема да има екстерно тестирање

Oвој јуни нема да биде најстресниот месец во годината за учениците, наставниците и за родителите, бидејќи новата влада уште на првата владина седница ќе го укине нелогичното екстерно тестирање, кое освен притисоци врз учениците и казни за наставниците, не донесе ништо добро, велат од СДСМ. Оттаму најавуваат крупни реформи во образованието, кои треба да обезбедат успешен модерен и европски образовен...

Македонските факултети продуцираат кадри кои не можат да најдат работа

Македонските факултети продуцираат кадри кои не можат да најдат работа или по завршувањето на студиите мораат да се преквалификуваат. Ова меѓудругото се вели во анализата на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, каде што последните години 500 студенти станале стипендисти на неколку поголеми компании со кои соработува универзитетот. - Дипломираните студенти ретко завршуват во струката за која студирале и најчесто работат нешто...

Утре завршна конференција на проектот „Навивај без омраза“

Проектот „Навивај без омраза“, кој беше спроведен од 10 млади активисти, новинари и студенти, а беше финансиски поддржан од Амбасадата на САД во Албанија, ќе се финализира утре на прес-конференција која ќе се одржи во „ГЕМ-клубот“ со почеток во 14 часот. Притоа ќе бидат презентирани активностите на проектот, како што се влијанието на социjалните мрежи во спречувањето на говорот за...

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...