fbpx
Таг: Србија

таг: Србија

Вучиќ: Ова ми е последен мандат

Повеќепати кажав дека ова ми е последниот мандат, вели српскиот претседател Александар Вучиќ во интервјуто што вчера го даде за српската телевизија „Пинк“, зборувајќи за неговите политички непријатели. Тој првин ја разчисти дилемата околу оценките на факултетот, која стана актуелна откако шефот на пратеничката група на Српска напредна странка, Александар Мартиновиќ, во српското Собрание ги донесе индексот и фотокопија од...

Светот глув на прогласувањето независност на Каталонија

Србија, САД, Германија и Франција денеска соопштија дека ја поддржуваат владата на Шпанија и не го поддржуваат прогласувањето независност на Каталонија. Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, рече дека за Србија објавувањето на независноста на Каталонија нема правен легитимитет. - Србија го поддржува шпанскиот територијален интегритет и оваа акција не е во согласност со шпанскиот устав - рече тој. Министерот за...

Српски уметник приведен поради маска со ликот на Вучиќ

Српскиот уметник Владан Јеремиќ синоќа биле приведен од полицијата пред Музејот на современа уметност во Белград по изведувањето на уметничката акција во рамките на настанот „Салон на неподмитливите“, јавува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Посетителите на оваа акција биле поканети да станат „сендвич-човек“, односно да стават маска со ликот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и да делат сендвич-летоци...

Ердоган вели дека соработката меѓу Анкара и Белград е клучна за Балканот

Турција и Србија се двете клучи земји за Балканот и нивната соработка е од суштинско значење за одржување на мирот, стабилноста и на просперитетот на полуостровот и во Европа, наведува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во авторскиот текст за весникот „Политика“ објавен по повод неговата денешна посета на Белград. „Врските меѓу Турција и Србија се силни и со длабоки корени....

Состанок на САД и на Русија во Србија за Украина

Портпаролот на американскиот Стејт департмент за „Гласот на Америка“ потврди дека специјалниот претставник на САД за ставање крај на судирите во Донбас, Курт Волкер, и помошникот на рускиот претседател, Владислав Сурков, на 7 октомври ќе се сретнат во Белград. Како што наведуваат од Стејт департментот, тема на разговорот е имплементацијата на договорот од Минск. Волкер вчера на својот твитер-профил го најави...

Борисов: Грција и Македонија да најдат решениe, како што тоа го направивме ние

„Треба да се најде решение меѓу двата народа, така како што ние го најдовме. Инаку Грција ќе ги блокира за НАТО и за ЕУ“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за бугарскиот весник „Труд“. Тој сепак не одговори на прашањето зошто на конференцијата на премиерите на балканските земји вчера во Варна не присуствувал и македонскиот премиер Зоран Заев. Во Варна вчеравечер...

Брнабиќ: Србија ќе даде сѐ од себе за да има најдобри односи со Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ вчеравечер на приемот организиран во Белград по повод Денот на независноста на Република Македонија. порача дека Србија ќе даде сѐ од себе за со Македонија да има само најдобри односи. Таа рече дека не разговарала со својот македонски колега Зоран Заев, ниту со амбасадорката на Македонија во Белград, Вера Јовановска-Типко околу можноста Македонија да го...

Томиќ на Заев му пренела позитивни и конструктивни реакции од Србија

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со српската амбасадорка во земјава, Душанка Дивјак–Томиќ, која изразила благодарност за конструктивноста во унапредувањето на соработката помеѓу Македонија и Србија, соопшти владината прес-службата. Томиќ на Заев му ги пренела „позитивните и конструктивни реакции од Србија за понатамошна блиска соработка“. - Пренесувам и благодарност за поддршката од Владата на Македонија, седиштето на Транспортната заедница да биде...

Пратениците побарале информации од УБК и од АР за 27 април и за случајот со Србија

Членовите на собраниската комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разунавање (АР) од редовите на СДСМ на денешната седница побарале информации од двете служби за насилствата од Собранието од 27 април и за дипломатскиот скандал со Србија. Пратенциите побарале информации за улогата на институциите во насилствата во Собранието, додека за случајот...

Македонија да знае дека Косово не смее да биде дел од Интерпол и од УНЕСКО, порача Вулин

Властите на Македонија треба да ја водат политиката на својата земја, но треба да знаат дека нам многу ни е важно Косово да не биде член на УНЕСКО и на Интерпол, изјави денеска српскиот министер за одбрана Александар Вулин. - И Македонија и секоја друга земја треба да знае дека нам прашањето за УНЕСКО и прашањето за влез на Косово...

Србија и Македонија брзо и на позитивен начин го решија проблемот, оцени Хан

Немаше потреба од вклучување на Европската унија во решавањето на дипломатскиот спор меѓу Скопје и Белград бидејќи проблемот беше брзо решен, изјави еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан на денешната прес-конферфенција во Драч. – Секако дека би сакал да се запознаам подобро со причините за овој проблем, но добро е што веќе постои доверлива врска меѓу лидерите на...

Македонската Влада не била инволвирана во разузнавањето, утврдиле Димитров и Дачиќ

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Србија, Никола Димитров и Ивица Дачиќ денеска во Ниш разговараа за последните случувања на релација Белград – Скопје, по обвинувањата од српските власти за офанзивни разузнавачки активности против Србија. Министрите, како што соопштија на прес-конференцијата, детално ги разгледале доказите, по кои Белград го повлече персоналот на српската амбасада од Скопје и заклучиле,...

Мекалистер: Брисел беше изненаден од дипломатскиот спор меѓу Србија и Македонија

Брисел бил изненаден од дипломатскиот спор меѓу Србија и Македонија, но е задоволен што раководствата на двете држави овозможиле да се дојде до решение преку дијалог на дипломатско ниво без ескалации, вели известувачот за Србија во Европскиот парламент и шеф надворешнополитичкиот совет на ЕП, Дејвид Мекалистер во интервју за балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Мекалистер вели дека вчера разговарал...

Димитров и Дачиќ денес во Ниш ќе ги затоплуваат односите

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Ниш ќе се сретне со својот српски колега Ивица Дачиќ, во рамките на обидите за затоплување на односите меѓу Македонија и Србија. По средбата, двајцата министри ќе одржат заедничка прес-конференција. Средбата во Ниш следи по телефонскиот разговор на премиерот Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ, на кој беше договорено прашањето да...

Брнабиќ ќе го покани Заев на заедничка владина седница, најави Вучиќ

Српската премиерка, Ана Брнабиќ ќе испрати покана до премиерот Зоран Заев за одржување на заедничка седница на владите на двете земји до крајот на годината во Белград. Ова, меѓу другото, го истакнал претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на денешната средба со амбасадорката на Македонија во Белград, Вера Јовановска - Типко. На средбата, како што се наведува во соопштението на официјалната интернет-страница...

Димитров и Дачиќ задутре во Ниш ќе ги затоплуваат меѓусоседските односи

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров и неговиот српски колега Ивица Дачиќ денеска ги поздравија принципите за надминување на тензиите меѓу Србија и Македонија, договорени од македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ. Дачиќ во телефонскиот разговор со Димитров соопштил дека вработените во српската амбасада утре ќе се вратат во Скопје и дека амбасадорот наскоро исто така ќе...

Српската опозиција во собранието бара итна седница по изјавите на Вучиќ

Пратеничкиот клуб на опозициската Демократската странка во српското собрание бара итни седници на комисиите за контрола на службите за безбедност и за одбрана и внатрешни работи, поради ситуацијата во односите меѓу Србија и Македонија. Од партијата велат дека е неопходно пратениците да бидат информирани за состојбата со односите со Македонија, за деталите и сознанијата на службите, причините за повлекување на...

ВМРО-ДПМНЕ: Вучиќ не ја кажува вистината, проверивме

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение за јавноста ги демантира тврдењата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека некоја македонска институција му дала согласност на српскиот дипломатски претставник Горан Живаљевиќ да влезе во парламентот на Република Македонија за време на инцидентот. „ВМРО-ДПМНЕ, имајќи предвид дека сега е во опозиција, во текот на денешниот ден во рамките на своите можности вршеше проверки и утврди дека...

Османи: Најмалку што ни треба е отворање на нови прашања со соседите

Сè уште се нејасни причините за повлекување на персоналот на амбасадата на Србија во Скопје, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, истакнувајќи дека треба да се почекаат целосните информации и да не се избрзува со „заклучоци, декларации и изјави кои што можат дополнително да ги влошат односите“ Османи наведе дека Македонија има и ќе има конректен однос кон...

Брисел ги повика Македонија и Србија на воздржаност

Европската комисија ги повика властите во Скопје и во Белград да покажат воздржаност и по мирен пат да го решат прашањето со повлекувањето на персоналот на српската амбасада во Скопје. Портпаролот на Европската комисија вели дека дипломатскиот инцидент е билатерално прашање на двете земји кое Европската Унија внимателно го следи. - Очекуваме двете страни да покажат воздржаност и прашањето да го...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...