fbpx
Таг: Србија

таг: Србија

Коѕиас по средбата со Дачиќ: Направен е чекор напред во преговорите на Грција и Македонија

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас по денешната средба со неговиот српски колега Ивица Дачиќ во Белград изјави дека во преговорите на Грција и Македонија за спорот за името е направен чекор напред, како и дека клучот за решавање на проблемот се „реализмот, прагматизмот и сфаќањето дека треба да се направат компромиси“, пренесуваат српските медиуми. - Треба да направиме...

Се урнаa воени авиони во Србија и во Алжир, загинаа над 200 луѓе

Во две одвоени несреќи на воени авиони, во Јужен Банат во Србија и во Алжир, загинаа над 200 луѓе. Според српските медиуми, во 9.30 часот во регионот Јужен Банат во Србија, меѓу селата Ковачица и Идвор, се урнал школско-борбен авион Супергалеб Г4, откако претходно двајцата пилоти се катапултирале, но за жал едниот од нив загинал при падот на земја. Другиот...

Лавров: Русија ќе ги брани легитимните интереси на Србија

Русија е подготвена и понатаму на српските партнери да им дава поддршка во одбраната на легитимните национални интереси во однос на Косово, пред сè во меѓународните структури, му напишал шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на својот српски колега Ивица Дачиќ. Во врска со акцијата на РОСУ на косовската полиција во Косовска Митровица и апсењето на директорот на Канцеларијата за...

Oдложена заедничката седница со владата на Србија, Брнабиќ била зафатена

Неколку часа откако Владата на Република Македонија најави дека следната седмица, односно на 21 март, ќе се одржи заедничка владина седница со Владата на Република Србија,  владината служба за информирање испрати соопштение дека седницата ќе биде одложена. Како причина се наведени неодложни обврски на српската премиерка Ана Брнабиќ.

Македонската и српската влада на 21 март ќе одржат заедничка седница во Ниш

Претседателите на владите, Зоран Заев и Ана Брнабиќ во Ниш ќе имаат тет-а-тет средба, додека истовремено министрите во владите на двете земји ќе одржат билатерални средби со своите тимови. Заедничката седница на владите на Македонија и на Србија ќе се одржи веднаш по средбите на премиерите и министрите. Теми на заедничката седница ќе бидат од областа на одбраната, безбедноста, економијата, трговијата,...

За четири дена двајца починати од мали сипаници во Србија

Четириесетгодишно лице, чиј пол не е соопштен, починало од компликации предизвикани од морбили, односно мали сипаници, и со тоа стана осма жртва на епидемијата на мали сипаници во Србија. Лицето било од Белград, а починало на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград, соопшти Институтот за јавно здравје на Србија „Др. Милан Јовановиќ - Батут“. Претходниот смртен случај беше...

Вучиќ: Ако идејата е дека Србија мора да го признае Косово, тогаш – фала, довидување

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Давос изјави дека ако идејата на дијалогот меѓу Белград и Приштина и на процесот за нормализација на односите е само Србија да ја признае независноста на Косово, „тогаш - фала, довидување“, притоа истакнувајќи дека се потребни отстапки од двете страни. Вучиќ, кој учествува на Светскиот економски форум во Давос, пред новинарите изјави...

Вучиќ: Убиството на Ивановиќ е терористички акт, бараме учество во истрагата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, е терористички акт и дека Србија ќе бара да учествува во истрагата на Косово. - За Србија ова е терористички акт и така ќе се однесуваме кон него - изјави Вучиќ на прес-конференцијата по седницата на Советот за национална безбедност на Србија. Тој...

Откриени 128 килограми марихуана во македонски камион во Србија

Во камион со македонски регистерски таблички во близина на Владичин Хан, српската полиција пронашла 128 килограми марихуана. Возачот И.И. (69), македонски државјанин, е уапсен, јави „Јужне вести“. Првично полицајците во резервоарот и во шуплини во камионот пронашла вкупно 131 пакување марихуана со тежина од 80 килограми, а при дополнителните проверки уште 48 килограми марихуана. Возачот ќе биде предаден на Основното јавно...

Ципрас: Ако Скопје направи отстапки, 2018 година би можела да биде позитивна

Македонската влада треба да сопре со иредентизмот и со реторката за единствени потомци на Македонците, за да се направат суштински чекори и да се најде заемно прифатливо решение, порача грчкиот премиер Алексис Ципрас од Белград, велејќи дека ако се направат неопходните чекори, следната година може да донесе позитивен развој на прашањето за името. Во Белград, по вториот состанок на четворката...

Борисов: Да се обединиме и да помогнеме во решавање на проблемот за името

Прашањето за името меѓу Македонија и Грција мораме да го решиме. Мора да се обединиме и да ѝ помогнеме на Европската комисија да му помогне на Брисел да донесе правилни одлуки, а не да поставува некакви ултиматуми, истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Белград, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерите на Грција, Алексис Ципрас,...

ЕУ отвора уште две поглавја во преговорите со Србија

Постојаните претставници на земјите членки на ЕУ на денешниот состанок донеле одлука на меѓувладината конференција со Србија да ги отворат поглавјето 6, кое се однесува на правата на претпријатијата, и поглавјето 30 за економските односи со странство. Конференцијата е закажана за 11 декември, а официјален Белград се надеваше дека ќе отвори три поглавја, но одлуката на земјите членки зависеше од...

Милан Зарубица, притворениот од „фабриката“ во Тетово, бил доктор за рак и за дрога

Милан Зарубица, некогаш угледен фармацевт кој докторирал на анализа за лекување карцином, а подоцна станува озлогласен српски нарко-хемичар, е еден од главните организатори на нелегалното производство на амфетамини во „лабораторијата“ во Тетово. Бил уапсен во Мала Речица, во фабриката за екстази и за каптагон во петокот, но тоа не е неговото прво апсење. Како што пишува српскиот весник „Блиц“, Милан Зарубица од...

Илир Мета од Медвеѓа најави нова епоха на соработка меѓу Албанија и Србија

Моето доаѓање во Медвеѓа е јасна порака дека сме за соработка, изјави претседателот на Албанија, Илир Мета, за време на неговата неофицијална посета на оваа општина на југот на Србија, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. - Се наоѓаме во нова епоха на соработка меѓу Србија и Албанија. Нашата заложба е да зајакнеме на патот кон Европа - изјавил...

Мадагаскар ја призна независноста на Косово, соопшти Пацоли на „Твитер“

Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, изјави дека Мадагаскар ја признал независноста на Косово, на маргините на министерската конференција на Меѓународната организација на франкофонијата во Париз. Пацоли информацијата ја објави на својот твитер-профил. „Задоволство ми е да објавам дека Мадагаскар го призна Косово како независна и суверена држава“, напиша шефот на косовската дипломатија на „Твитер“. https://twitter.com/pacollibehgjet/status/934508081152708608 Заменик-министерот за надворешни работи, Петрит...

Заев: Србија е земјата со која односите најмногу ни напреднаа во последните пет години

Перцепцијата на граѓаните во Република Македонија е дека Србија е на прво место од соседите со кои најмногу се подобрени односите во последните пет години, сосед со кој граѓаните имаат најдобри лични искуства, сосед чија историја и култура најдобро ги познаваат, сосед за кој се има најдобро мислење, како и сосед со кој би сакале најблиски односи, рекол македонскиот...

Следната недела ќе биде густо: Хан во Скопје, Заев во Белград, Османи во Атина и пет судења

Следната недела македонските политичари, но и судовите ќе имаат набиена агенда. Се очекува посетата на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, посета на владина делегација во Србија и средба помеѓу вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас. Во скопскиот Кривичен суд, за следната недела на распоредот се рочишта за случаите „Поткуп“,...

Гутереш: Дијалогот меѓу Белград и Приштина бара цврста посветеност

Седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, на која ќе биде разгледан извештајот на генералниот секретар Антонио Гутереш за работата на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК) почна денеска во седиштето на организацијата во Њујорк. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во најновиот извештај оценува дека дијалогот меѓу Белград и Приштина бара цврста посветеност и додаде дека долготрајниот мир...

Хојт Ји: На Србија ѝ дадов совет, не ултиматум

Пораката Србија да не седи на две столчиња беше совет, а не ултиматум, рече заменик-помошникот на американскиот државен секретар, Хојт Брајан Ји, на собирот за Балканот во Центарот за меѓународни односи во Вашингтон, пренесува „Гласот на Америка“. Тој нагласи дека тоа што го кажал, иако изгледало нетактично, го рекол во контекст на напредокот на Србија кон Европската Унија. - На конференција...

Дачиќ смета дека треба да има меѓународна конференција за Косово

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, смета дека е потребно да се организира нова меѓународна конференција за да се најде решение за Косово, што би спречило евентуална војна во иднина. На конференцијата, според Дачиќ, би учествувале ЕУ, САД и Русија. - Србија, која Косово и Метохија исторски ги смета за нејзин нераскинлив дел, треба да побара меѓународна конференција за...

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Словачките новинари стравуваат дека обидот за атентат на премиерот Роберт Фицо може да доведе до уште поголема поларизација и задушување на независните гласови. Неколку високи политичари од владејачката коалиција...