fbpx
Таг: спорот за името

таг: спорот за името

Заев: Имаме асови во ракавот што не сме ги употребиле против Грција

„И ние имаме асови во ракавот што не сме ги употребиле, немојте да мислите дека ги немаме поради тоа што не ги употребуваме. Веројатно и Грција има такви адути, но тоа е нејзина работа“, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашање за спорот за името со Грција во вечерашната емисија „Топ-тема“ на телевизијата „Телма“. Премиерот Заев кажа дека новата власт...

Димитров: Паралелно да се одвиваат преговорите за влез во ЕУ и за спорот за името

Македонија се надева дека направи доволно за да ја убеди Европската Унија да почне преговори и покрај тоа што сè уште не е решен спорот со Грција за името, изјави вчера шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, за „Ројтерс“. - Ако ги спроведеме реформите во земјата, се надеваме дека ќе стигнеме до таа фаза (почеток на преговори за влез во ЕУ)...

Димитров: Преговорите со Грција дефинитивно ќе почнат до крајот на годинава

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за „Дојче веле“ дадено при неговата посета на Германија, изразува силна увереност дека преговорите со Грција за спорот околу името, кои подолго време беа во застој, ќе продолжат до крајот на годинава. - За време на посетата на грчкиот министер Никос Коѕиас, минатата среда во Скопје, ги дискутиравме мерките за градење доверба....

Димитров: Допрва почнува процесот за решавање на спорот за името

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска не сакаше да прецизира за што конкретно ќе се разговара на утрешната средба со неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, додавајќи дека е некоректно да се каже дека ќе зборуваат само за мерките за доверба, имајќи предвид дека довербата е клучна за добрите односи. - Треба да се утврди што е најважно за Грција...

Работни групи на Македонија и на Грција ќе усогласуваат нови мерки за доверба

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас за време на својата посета на Скопје во четврток, покрај средбата со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров ќе има состанок и со претседателот Ѓорге Иванов, како и со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, дознава „Мета“. Коѕиас со автомобил ќе допатува во Скопје и тоа непосредно пред планираните средби. Причината за ваквиот...

Заев очекува од Нимиц нови предлози за името до крајот на годината

Премиерот Зоран Заев денеска во Драч изјави дека очекува од специјалниот претставник на Обединетите нации во разговорите за прашањето за името меѓу Грција и Македонија, Метју Нимиц, да добие нови предлози до крајот на годинава. - Очекувам до крајот на годината да има нови идеи од Нимиц за решавање на овој проблем. Убеден сум дека позитивниот амбиент што постои...

Димитров и Коѕиас нема да разговараат за спорот за името

Спорот со името нема да биде тема на претстојната средба на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и неговиот грчки колега Никос Коѕиас во Скопје, дознава „Мета“ од добро упатени извори. Коѕиас во Скопје, вообичаено, ќе допатува со автомобил, за да се избегне слетување на аеродромот „Александар Велики“. Димитров и Коѕиас следниот четврток повторно ќе разговараат за мерките за градење доверба,...

Во Берлин Димитров ќе бара помош за почеток на преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров за време на посетата на Берлин, на 6 септмеври, ќе побара Германија и Европската Унија да и помогнат на Македонија целосно да ја реализира евроатлантската интеграција. - Ова е шанса и за ЕУ и за Германија да покажат дека не само што можат да помогнат да се стопира кризата и да не оди подлабоко,...

Османи почнува редовни консултации со амбасадорите од Западен Балкан

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ја одржа првата средба со амбасадори на земјите од Западен Бакан, која, како што рече е увод во постојани координативни средби. Во средбата во Секретаријатот за европски прашања (СЕП) учествувале претставници на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и на Црна Гора. На средбата се разговарало за регионалната соработка на земјите од Западниот...

Албани: Се надеваме со посредство на ЕУ да се најде компромис за спорот за името

Македонија, со новата влада предводена од Зоран Заев, повторно ќе може да се фокусира на проектите од надворешната политика, како што е интеграцијата во ЕУ и во НАТО, оцени во интервју за „Јуропиен Вестен Балканс“, германскиот пратеник од редовите на владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Штефан Албани, кој претседава и со германско-југоисточната европска парламентарна група. - Македонија од 2005 година е...

„Катимерини“: Следната година може да биде клучна за решавање на спорот за името

Следната година може да биде клучна за решение на долготрајниот спор меѓу Грција и Македонија за официјалното име на државата, пишува грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на дипломатски извори. Официјални претставници во Европа и во Вашингтон сметаат дека може да се открие можност за решавање на спорот за името во периодот меѓу локалните избори во октомври оваа година и претседателските...

Бартол: Решавањето на спорот со Грција и реформите – клучни за зачленување во НАТО

Решавањето на спорот за името е од клучно значење за зачленување на Македонија во НАТО, но, покрај заемно прифатливото решение на спорот, тука е и важноста на реформите и стабилноста во земјата, вели капетан Горазд Бартол, шеф на воената канцеларија за врски на НАТО во Скопје, во интервју за „Јуропиан Вестерн Балканс“. Тој вели дека во поглед на евроатлантските интеграции...

Постои нов импулс за решавање на спорот за името, оцени Нимиц

Специјалниот претставник на Обединетите нации во разговорите за прашањето за името меѓу Грција и Македонија, Метју Нимиц, оцени дека постои „нов импулс“ во напорите за наоѓање решение за проблемот. - По неколкугодишен парламентарен ќор-сокак, имаме нова влада во Скопје, која е сака да ја реактивира надворешната политика во регионот, а очигледно спорот за името е голема пречка на патот за...

Коѕиас имал „интересна и сериозна“ средба со Нимиц

„Имав многу интересна и сериозна средба со господинот Нимиц, кој неодамна престојуваше во Скопје. Тој ме информира за климата таму“, изјави грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, по денешната средба со посредникот Метју Нимиц во Брисел. - Го информирав за тоа што ние мислиме по средбите што ги имавме со новата влада на нашиот северен сосед. Се согласивме да останеме...

Нимиц и Коѕиас во Брисел ќе разговараат за спорот за името на Македонија

Специјалниот пратеник на ОН во спорот за името меѓу Грција и Македонија, Метју Нимиц, денеска во Брисел ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Како што претходно соопшти канцеларијата на Нимиц, на средбата, која е на барање на официјална Атина, ќе биде разговарано за можноста за напредок во преговорите за спорот за името. Средбата доаѓа по последната посетата...

Нимиц и Коѕиас задутре ќе се сретнат во Брисел

Посредникот Метју Нимиц, специјален пратеник на генералниот секретар на ОН за преговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција, и грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, ќе се сретнат утре во Брисел. Како што извести канцеларијата на Нимиц, средбата е на барање на Грција. Според соопштението од ОН, целта на средбата, која следи по посетата на Нимиц на Македонија,...

Ципрас: Прво да се реши спорот за името, потоа влез во ЕУ и во НАТО

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ги повтори ставовите на Атина дека спорот за името меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија мора да се реши пред малиот балкански сосед да се приклучи кон Европската Унија и кон НАТО, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Говорејќи на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ, пред трилатералниот самит на лидерите на Грција, Србија и...

Атина му порача на Рот да се воздржи од лекции по историја

Министерството за надворешни работи на Грција денеска апелираше државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, „да се воздржи од лекции по историја“ кога ги посетува балканските земји. „Го повикуваме германскиот заменик-министер за надворешни работи, Михаел Рот, да биде повнимателен кога ги посетува балканските земји, да избегнува да се обидува да дава лекции по...

Груби побара помош од Германија во решавањето на спорот за името

Претседателот на Комисијата за европски прашања, пратеникот Артан Груби, денеска со германската амбасадорка Кристине Алтхаузер разговарал за состојбата и за политичката сцена во Македонија, спорот за името, јазичната еднаквост, системските реформи и за интеграцијата во НАТО и во ЕУ. Груби се заблагодарил за големата поддршка на Берлин за, како што се вели во соопштението, оформувањето и создавањето на една демократска...

„Гугл“ го преименува плоштадот Македонија во плоштад Вардарска

Светскиот интернет-гигант „Гугл“ во својата апликација „мапи“ (Maps) го пременува големиот скопски плоштад Македонија во плоштад Вардарска. При пребарување на компании кои имаат свои разграноци или седиште во строгиот центар на Скопје, „Гугл“ во својата мапа ви посочува каде се лоцирани и името на локацијата. За полесно снаоѓање, особено за туристите, имињата на локациите се дадени и на македонски и...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...