fbpx
Таг: спорот за името

таг: спорот за името

Ахмети: Влез во НАТО со привремената референца, па решавање на спорот за името

Двата главни приоритети на новата владина коалиција во Македонија се решавање на долгогодишниот спор со Грција околу уставното име на државата и влегувањето во НАТО под референцата „поранешна југословенска Република Македонија“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за грчки „Катимерини“. - Решавањето на спорот за името е еден од најголемите приоритети. Ние сме соседи и нашата заедничка иднина...

Заев – Нимиц: Постои позитивна клима за развој на добрососедските односи

На денешната средба на премиерот Зоран Заев со специјалниот претставник на Обединетите Нации во разговорите меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, бил споделен ставот дека постои позитивна клима за нов импулс во развојот на добрососедските односи, преку чекорите за зголемување на довербата меѓу државите, што може да придонесе и за продолжување на процесот на преговори, соопшти Владата на РМ. Според официјалното...

Нимиц – Димитров: Сега не е време да се излезе со дефинитивен предлог

„Не разговаравме за нови предлози за името ниту, пак, дојдов со конкретен предлог. Разговаравме за самиот процес и за тоа како да се интензивира“, изјави за медиумите специјалниот пратеник на ОН за спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, по средбата со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. На прашање дали постои одреден напредок, поместување во позициите на...

Нимиц ќе даде изјава по средбите со Заев и со Димитров

Специјалниот претставник на Обединетите Нации за спорот за името Метју Нимиц утринава се сретна со премиерот Зоран Заев. По ова медијаторот ќе се сретне и со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. По двете средби предвидена е изјава за медиумите. Нимиц, кој од саботата е во четиридневна посета на Скопје, претходно изјави дека целта на неговата посета е да ја испита...

Нимиц в недела доаѓа во дводневна посета на Македонија, па потоа оди во Атина

Специјалниот претставник на Обединетите нации и посредник во преговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, в недела ќе допатува во дводневна посета на Македонија, по што заминува во дводневна посета на Атина. За време на посетата на Скопје, Нимиц ќе има средби на кои ќе се запознае со ставовите на новата влада во врска со спорот за...

Нимиц неделава во Скопје на средба со државниот врв

Специјалниот претставник на Обединетите нации и посредник во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, кон крајот на неделава ќе допатува во Скопје, јавува МТВ, повикувајќи се на извори од Вашингтон. Нимиц, според неофицијалните извори, во Скопје ќе има средби со државниот врв, на кои ќе се разгледаат ставовите за продолжување на преговорите во спорот за името. Тој, сепак, по...

Димитров за „То вима“: Нерешавањето на спорот за името ја загрозува регионалната безбедност

„Спорот за името е долгогодишен. Иако во суштина тоа е билатерално прашање, последиците од негово нерешавање, како што се гледа во последно време, може да ја загрозат регионалната стабилност“, вели македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во интервју за грчкиот весник „То вима“. Тој нагласува дека Република Македонија предолго е оставена во чекалница пред заклучените врати на НАТО и...

Чавушоглу: На Македонија ѝ се нанесува голема неправда

Односите меѓу двете држави, приоритетите на Македонија, членството во ЕУ и во НАТО, како и политичката ситуација во земјава и надвор од неа, се темите за кои разговарале министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу, и министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров. Шефот на македонската дипломатија посочи дека со турскиот колега зборувале за развивање на економските односи...

Алтхаузер: Германија е само набљудувач во спорот за името

Германија не се меша во решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција, изјави денеска германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер, одговарајќи на новинарско прашање дали е можен прием на Македонија во НАТО под привремената референца. – Секако дека е значајно тоа што министерот Никола Димитров на една од првите свои средби отиде токму во Атина. Ова прашање не...

Коѕиас до Димитров: Грција нема да дозволи влез во НАТО под привремената референца

Грција го поддржува територијалниот интегритет на северниот сосед, изјави шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров. Тој ја отфрли можноста Грција да дозволи Македонија да стане членка на ЕУ и на НАТО под привремената референца. - Сега Македонија ќе сака да биде членка на повеќе меѓународни организации. Ние тоа ќе...

Димитров: Во Атина ќе барам помош, поддршка и разбирање

Не сум во Атина за да извршам притисок, тука за да побарам помош, поддршка и разбирање, изјави синоќа шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во интервју за грчката телевизија „Скај“. - Би сакал Грција да биде нашиот најголем сојузник, бидејќи ние сме соседи. Ќе бидеме тука, ќе делиме граница, а се надеваме еден ден, ако имаме заедничка европска идина, да нема...

Димитров и Коѕиас утре нема да разговараат за името, туку ќе се запознаваат

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, утре нема да разговараат за спорот за името, туку за продлабочување и за интензивирање на односите со јужниот сосед, изјави премиерот Зоран Заев. Тој рече дека првичните разговори меѓу него и грчкиот премиер Алексис Ципрас и шефот на грчката дипломатија, Коѕиас, даваат оптимизам за градење пријателски односи со...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не се обесхрабрува пред грчките црвени линии

Целта на патувањето во Брисел не смее да бидат само најави за разгледување на можностите за членство на Република Македонија во НАТО, туку мора да се испорачаат резултати, порача ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение. Опозициската партија порачува дека СДСМ не смее да попушти пред грчките црвени линии и порачува министрите да внимаваат какви изјави даваат. „СДС не треба да одмолчува и да...

Ѓорчев: СДСМ да обезбеди влез во ЕУ и во НАТО без задирање во идентитетот

„Новиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, не смее да отстапи од највисоките државни и национални интереси, а тие се веќе дефинирани: членство во евроатлантските структури и одбрана на македонскиот идентитет“, порача пратеникот Владимир Ѓорчев денеска на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека Република Македонија треба да стане членка на НАТО и на ЕУ веднаш и без одложување, но притоа...

ВМРО-ДПМНЕ: Преговори за името без да се задира во идентитетот

„Сите очекуваат СДС да го оствари и ветувањето за брз влез во НАТО и во ЕУ без притоа да се задира во идентитетските прашања и да се прават договори на штета на македонскиот народ“, се вели во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија додаваат дека без разлика на повторувањето на грчките црвени линии од страна на шефот на грчката...

Заев и Ципрас разговарале за билатералните односи, името и за интеграциите на Македонија

Билатералните односи, спротот за името и евроатлантските интеграции на Македонија биле теми на телефонскиот разговор на македонскиот премиер, Зоран Заев, и премиерот на Грција, Алексис Ципрас. Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, Ципрас му честитал на Заев за стапувањето на функцијата. Двајцата премиери разговарале за развојот на настаните во регионот, понатамошниот развој на односите помеѓу двете земји и за унапредувањето на...

Нимиц чека формирање влада за да се реактивираат преговорите за името

Медијаторот Метју Нимиц чека да се формира нова влада во Скопје за да започне со нови сериозни разговори за решавање на спорот за името. Нимиц во интервју за грчкиот весник „Реал њуз“ вели дека решавањето на спорот за името треба да биде високо на агендата на новата македонска влада и потенцира дека решавањето на овој проблем може да помогне...

Коѕиас: Тие што одбиваа да преговараат за името, сега не дозволуваат да се формира влада

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, испрати остра порака до Македонија дека иредентизмот кон Грција ја кочи европската перспектива на државата. Говорејќи за грчката надворешна политика во Атинската стопанска комора, Коѕиас истакна дека во спорот за името се проблематични иредентистичките тенденции што земјава ги покажува со барањето на името Македонија. - Проблемот за името не доаѓа од расправија за нечија крштевка,...

Изборите ја продлабочуваат кризата во Македонија, анализира радиото „Атина 98.4“

Изборите ja продлабочуваат политичката нестабилност во Македонија, коментира грчкото радио „Атина 98.4“ во анализа на резултатите од предвремените парламентарни избори во земјава, што се одржаа на 11 декември. Проблемите, според анализата, ги преминуваат внатрешно-политичките рамки и може да се одразат и на етничките и на општествените односи во земјата. Коментирајќи ги етничките односи, анализата забележува дека е импресивен резултатот од изборите...

Павлопулос од Костур ѝ порача на Македонија да не ја имитира грчката историја

Нова порака за македонските власти да престанат да ја фалсификуваат грчката историја упати претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, од Костур. Павлопулос во говорот по повод годишнината од ослободувањето на градот, директно се обрати до македонските власти и апелираше да стават крај на обидот за фалсификување и за имитирање на грчката историја, бидејќи таа насока во која ја водат државата...

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...