fbpx

Изборите ја продлабочуваат кризата во Македонија, анализира радиото „Атина 98.4“

-

Изборите ja продлабочуваат политичката нестабилност во Македонија, коментира грчкото радио „Атина 98.4“ во анализа на резултатите од предвремените парламентарни избори во земјава, што се одржаа на 11 декември.

Проблемите, според анализата, ги преминуваат внатрешно-политичките рамки и може да се одразат и на етничките и на општествените односи во земјата. Коментирајќи ги етничките односи, анализата забележува дека е импресивен резултатот од изборите на новото албанско движење Беса.

Она што Грција очекува да го види е како следната влада ќе се постави кон грчко-македонските односи. Според анализата на „Атина 98.4“, интересно е дека и двете големи партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во однос на прашањето за името имаат слични позиции и ветуваат дека нема да направат отстапка од теми како македонскиот идентет и јазик, како и дека секое договорено решение ќе оди на референдум.

„Ова е негативен развој, бидејќи го поткопува преговарачкиот процес во рамки на Обединетите нации. Иредентизмот на националистичкиот лидер на Албанија, Еди Рама, се вкрстува со иредентизмот на политичките партии во Скопје и соработката меѓу Тирана, Скопје и Анкара создава еден силен бран на ревизионизам и на нашата северна граница“, се вели во анализата.

Спорот за името, според текстот, се состои од поттикнување иредентистички и територијални претензии од македонска страна кон Грција, преку фалсификување на националното, историското и културното наследство на Грција.

„Грција останува стабилна на политиката за компромис и се стреми за наоѓање одржлив договор за спорот за името. Грчката влада има јасна позиција за ова, а тоа е сложено име со географска одредница пред зборот Македонија, кое ќе важи кон сите, ќе биде за севкупна употреба, внатрешна и меѓународна“, се вели во текстот од анализата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...