fbpx

„Катимерини“: Следната година може да биде клучна за решавање на спорот за името

-

Следната година може да биде клучна за решение на долготрајниот спор меѓу Грција и Македонија за официјалното име на државата, пишува грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Официјални претставници во Европа и во Вашингтон сметаат дека може да се открие можност за решавање на спорот за името во периодот меѓу локалните избори во октомври оваа година и претседателските избори во 2019 година во Македонија.

„Надежи за решавање на проблемот се појавија откако премиерот Зоран Заев состави влада во јуни по неколку месеци политички хаос. Друга причина поради која дипломатите сметаат дека решението е остварливо, е тоа што американскиот интерес за регионот повторно се засилува, главно поради загриженоста дека Русија може да се обиде да го прошири своето влијание над слаби држави како,  на пример, Босна и Херцеговина“, пишува грчкиот медиум.

Според изворите на „Катимерини“, американски официјални претставници го забележале враќањето на прагматизмот во Македонија и сметаат дека властите се подготвени да направат компромиси и отстапки.

„Западните дипломати не ги притискаат ниту Атина ниту Скопје за попусти во оваа фаза, но ги советуваат и двете страни да избегнуваат јавен дијалог за темата, за да не создаваат очекувања, посочиле изворите. Целта е да се преземат чекори и од двете страни следната година и преговорите да бидат завршени пред претседателските избори во Македонија во 2019 година, кога Грција ќе излезе на парламентарни избори“, пишува „Катимерини“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...