fbpx

Атина му порача на Рот да се воздржи од лекции по историја

-

Министерството за надворешни работи на Грција денеска апелираше државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, „да се воздржи од лекции по историја“ кога ги посетува балканските земји.

„Го повикуваме германскиот заменик-министер за надворешни работи, Михаел Рот, да биде повнимателен кога ги посетува балканските земји, да избегнува да се обидува да дава лекции по историја и да го покаже потребното почитување за чувствителноста на неговите европски партнери“, стои во реакцијата на грчкото МНР, по повод вчерашната изјавата на Рот во Скопје дека „никој надвор од Македонија и од Грција не го сфаќа спорот, кој е сосема апсурден“.

Рот вчера на заедничката прес-конференција со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, рече дека треба да се остави историјата да си остане историја и да се движиме кон заедничка иднина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...