Таг: Специјално јавно обвинителство

таг: Специјално јавно обвинителство

СЈО отвори предистражна постапка за снимките со функционери на ДУИ

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска соопшти дека повело предистражна постапка за снимките од приватните разговори на високи функционери на Демократската унија за интеграција (ДУИ) кои беа објавени на социјалните мрежи, соопшти денеска СЈО. Оттаму најостро го осудуваат објавувањето на материјалите на социјалните мрежи, со кои, како што велат, се нарушува интегритетот, достоинството и моралот на определени лица. ОД СЈО потсетуваат дека...

Обвинителството отворило предмет за објавените приватни разговори на членови на ДУИ

Основното јавно обвинителство Скопје отворило предмет за снимките од приватните разговори меѓу високи функционери на Демократската унија за интеграција, потврдиле за „Дневник“ од Обвинителството. Во објавените снимки има и разговори меѓу вицепремиерот Муса Џафери и пратеничката Ермира Мехмети. Мехмети претходно изјави дека во врска со случајот дала исказ во скопското јавно обвинителствот, а го повика и Специјалното јавно обвинителство да...

Бејли порача на „Твитер“: Сите неовластени снимки да му се предадат на СЈО

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, на својот „Твитер“ профил соопшти дека сите кои имаат незаконски аудио-снимки од прислушувани разговори да ги предадат во Специјалното јавно обвинителство. „Како што нагласи Специјалната јавна обвинителка вчера, неовластените материјали треба да бидат предадени во СЈО. Најдобар начин да се спречат понатамошни објавувања? Дополнете го Законот за заштита на приватноста во согласност со...

Манчевски: Случајот „Тврдина“ е доказ дека немало сечени, лепени и монтирани снимки

Настаните од вчера се најдобар доказ дека немало странски служби, немало жолти комбиња, немало сечени, лепени и монтирани снимки, изјави денеска потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски запрашан за коментар за вчерашната прес-конфереција на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Тврдина“. - Вчерашните настани се најдобар доказ дека Никола Груевски постојано и цело време лаже. Вчерашните настани се најдобар доказ дека сите...

Судот му одреди 30 дена притвор на Горан Грујовски, првоосомничениот во „Тврдина“

Кривичниот суд го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и му одреди мерка притвор од 30 дена на првоосомничениот во случајот „Тврдина“, началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски, официјално потврди Основниот суд Скопје 1. „Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои...

Јанкулоска на „Фејсбук“: Во обид да одработи за Заев, СЈО се надмина себеси

Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи,  на „Фејсбук“ го сподели своето мислење за случајот „Тврдина“, кој денеска Специјалното јавно обвинителство го отвори против неа и службеници во МВР за уништување на опремата со која се вршело нелегалното прислушување. „Во обид повторно да одработи за Заев, СЈО се надмина себеси. Отвориле истрага за расходувани неупотребливи предмети и наводна штета од...

Кривичен совет: Судијата оправдано не одобрил претрес на домот на началникот во УБК

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1 денеска одржал седница на која констатирал дека судијата на претходна постапка постапил правилно што не издал наредба за  претрес на домот на Горан Грујовски на барање на Специјалното јавно обвинителство. „Кривичниот совет при овој суд по извршениот увид во списите на предметот одлучил дека судијата на...

Опремата за прислушување ја користеле и лица надвор од УБК и МВР

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) има докази дека опремата за прислушување освен лица кои работат во МВР, ја користеле и „други лица“ надвор од Министерството, изјави обвинителката на СЈО, Ленче Ристовска, одговарајќи на новинарско прашање. Таа во својата презентација на случајот „Тврдина“, меѓудругото рече дека првоосомничениот (Горан Грујовски, н.з.) „заради прикривање на „други лица“ кои неовластено ги користеле системите за следење...

Ристовска: Одбивањето на барањето за претрес е преседан во правосудната практика

Одлуката на судијата да го одбие барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за претрес во домот на првоосомничениот во случајот „Тврдина“, началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски е преседан во правосудната практика, рече обвинителката на СЈО, Ленче Ристовска на денешната прес-конференција. Според Ристовска, досега не се случило судија на претходна постапка да одбие вакво барање на обвинителствата. - Што...

Аневски не и ги даде предметите што ги бара Јанева

Советот на јавни обвинители на денешната седница одлучи предметите за „Маѓар телеком“, за пиштолот на Зоран Верушевски и за детска порнографија против синот на Верушевски да се вратат во надлежност на матичните јавни обвинителства Основното јавно обвинителство Скопје и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, рече дека на Јанева ѝ...

Пресување, балирање, дробење: Како се уништувала опремата за прислушување во МВР

Незаконско формирање на комисија за попис, уништување на траги, конспиративно носење и уништување на опрема на отпади за старо железо, прикривања, фалсификување на документација, антидатирање на материјали во архивата на Министерството за внатрешни работи (МВР) се дел од работите што осомничените во случајот „Тврдина“ на СЈО ги направиле за да се ослободат од двата системи за прислушување вредни 10...

Катица Јанева се појави во Советот на јавни обвинители

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се појави во Советот на јавни обвинители каде што трае седницата. Таа во Советот се задржа кратко и на заминување изјави дека нема потреба да им објаснува на членовите на Советот зошто смета дека е надлежна за случаите „Маѓар Телеком“, „Шпион“ и „Верушевски“ и се повика на Законот за специјално јавно обвинителство, односно делот...

Основен суд: Го повикавме началникот на УБК да се појави на сослушување

Основниот суд Скопје 1 денеска соопшти дека судија на претходна постапка не се согласил со барањето на Специјалното јавно обвинителство да достави барање за издавање на наредба за претрес во домот на осомничениот Г.Г. затоа што Судот треба да утврди дали СЈО има овластување дека случајот е поврзан со содржината на незаконското следење на комуникации. „Од барањето за издавање на...

Груевски: СДСМ својата кампања ја темели врз работењето на СЈО

Лидерот на владејачката партија, Никола Груевски денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ вработува и реализира проекти, додека СДСМ својата кампања ја темели на работењето на Специјалното јавно обвинителство. - Во однос на случајот што вчера беше отворен од страна на Специјалното јавно обвинителство, мислам дека се им е јасно на граѓаните што се случува, зошто се случува и кои се целите. СДСМ максимално...

Видеата од апсењето на Бошкоски исчезнаа од интернет

Видео-инсертите и текстовите од новинарските прилози за апсењето на Љубе Бошкоски на 6 јуни 2011 година, исчезнаа од интернет-страниците на телевизиите кои тогаш сензационалистички известуваа за настанот пред ресторанот „Воденица“. Вчера тимот на Катица Јанева соопшти дека отворила истражна постапка под името „Тортура“ против 7 лица за употреба на прекумерна физичка сила, вулгарности и закани врз Бошкоски. Со пребарување на интернет, насловите...

Ако за три дена не го ослободат Бошкоски, ОМ ќе ги радикализира протестите

Доколу најдоцна за три дена претседателот на Обединети за Македонија (ОМ) и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски не биде ослободен од затвор, партијата ќе ги радикализира протестите, најави денеска на прес-конференција генералниот секретар на ОМ, Раде Милососки. Тој изјави дека трпението на членството и поддржувачите на партијата е при крај и доколку директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејковски...

Аневски: Јанева в среда да дојде и да објасни зошто го бара „Маѓар Телеком“

Членовите на Советот на јавни обвинители денеска на седница ги разгледувале барањата на Специјалната обвинителка Катица Јанева за преземање на предметот на „Маѓар Телеком“ и двата случаи со Зоран Верушевски и неговиот син и заклучиле дека Јанева мора да се појави пред Советот и да образложи врз што ја темели надлежноста над овие предмети. Претседателот на Советот, Петар Аневски ја...

Го апселе нечовечки за да му удоволат на Мијалков: Детали за „Тортура“ и „бомбата“ број 3

„Бескрупулозно“, „нечовечно“, „дискриминаторско“, „понижувачко“, „сурово“ се термините со кои обвинителката на Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи денеска го оквалификува апсењето на претседателот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски во 2011 година, ден по изборите. Фетаи, пред да почне со образложувањето на случајот посочи дека за разлика од „Титаник“ каде осомничените со „беспрекорна дисциплина дејствувале...

Ристовска: СЈО ги доби сите документи од Централен регистар

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги добило сите барани документи од Централниот регистар, потребни за дел од истрагите што ги води, соопшти на денешната прес-конференција, обвнителката на СЈО, Ленче Ристовска. Обвинителката рече дека нема уништени материјали меѓу оние што биле предмет на нивен интерес. - Во Централен регистар немаше уништени документи, а наш интерес беа, односно ги баравме регистарските влошки за одредени...

Јанева очекува согласност од Аневски за да го преземе случајот „Маѓар Телеком“

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева на денешната прес-конференција соопшти дека во текот на оваа недела ќе го преземе и случајот „Маѓар Телеком“, во кој поранешни високи државни функционери се осомничени дека примиле поткуп за да не дозволат влез на трет мобилен оператор во земјава пред десетина години. „Маѓар Телеком“ еден од предметите кои Јавното обвинителство одби да му ги предаде...

Македонија и регионот се прегреваат, просечните температури ќе бидат и за три степени повисоки

Топлотните бранови во Северна Македонија, како и во другите држави на Западен Балкан, ќе се зголемат по интензитет, времетраење и фреквенција, веројатно за шест до осум пати годишно. Извештајот...