Таг: Специјално јавно обвинителство

таг: Специјално јавно обвинителство

Нема мерки на претпазливост за Груевски, Јанакиески и Трајковски

Судијата на претходна постапка го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и не им одреди мерки на претпазливост на поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и на актуелниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, кои денеска беа на распит во Кривичниот суд, за случајот „ТНТ“. „Судија...

Груевски: Не се чувствувам виновен, ниту планирам да ја напуштам државата

Поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по распитот пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје, на кој се задржа околу еден час, изјави дека не се чувствува виновен, додавајќи дека и во иднина очекува да има нови обиди за негово малтретирање и повикување во судот. Тој рече дека постапките на Специјалното јавно обвинителсто и...

Никола Груевски пристигна на распит во Кривичниот суд за случајот „ТНТ“

Поранешиот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пристигна на распит пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд. Груевски е осомничен во случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство, за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во судот пристигнал со своите адвокати и со портпаролот на Владата, Александар Георгиев. Околу судот, како што јавува порталот „Нова...

Груевски, Јанкулоска, Мијалков, Јанакиески, Заев од списокот на Иванов се преселија кај Јанева

Специјалното јавно обвинителство продолжува со истражните постапки против сите осомничени во петте случаи што ги отвори, соопшти денеска СЈО. Поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари и на нивни соработници, за дел од осомничените во овие случаи беа запрени постапките, а дел поради помилувањето не беа официјално осомничени. СЈО поднело и предлог до Апелациониот суд Скопје да го...

ЛП: Власта сака да го „дисциплинира“ Економскиот факултет

Либералната партија оценува дека целта на акцијата на МВР на Економскиот факултет е да се „дисциплинира“ оваа институција, која може да обезбеди веродостојни вештачења за потребите на истрагите на Специјалното јавно обвинителство. „Либералната партија изразува сомневање во мотивите на полициската акција на Економскиот факултет во Скопје. Либералната партија оценува дека целта на акцијата е пасивизирање и „дисциплинирање“ на вистинската институција што може...

Кривичен суд: Одлуката на Иванов ќе ја спроведеме штом ќе ја добиеме

Кривичниот суд сè уште не ја добил одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за поништување на аболицијата и во моментов не може да каже што ќе преземе во врска со случаите за кои беше запрена постапката поради помилувањата, велат од Основниот суд Скопје 1. „Секако по добивање на одлуката судот ќе постапува и ќе ја спроведе одлуката во согласност со законските...

На СЈО ќе му треба повеќе од година и пол да ги преслуша сите прислушувани разговори

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во моментов има отворено седум истражни постапки, во кои осомничени се 60 лица, додека вкупната бројка на предистражни постапки се зголемува, изјави денеска портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристоска. Голем дел од предистражните постапки, како што посочи обвинителката, се фокусирани на случаи на финансиски криминал, за чие финализирање е потребно повеќе време. Одговарајќи на новинарско прашање, Ристоска рече дека...

Кривичен суд: Апелaциjа не може да ни наложи да ги дадеме на СЈО доказите за „Пуч“

Кривичниот суд сè уште не ја добил одлуката од Апелацискиот суд Скопје во врска со жалбата на адвокатите на обвинитетите во случајот „Пуч“ против запирањето на постапката по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на 56 политичари и нивни соработници. „По поднесувањето жалба од страна на одбраната на обвинетите во однос на решението на Судскиот совет за запирање на...

СЈО: Имаме изјава од Крпач дека му се заканувале

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) поседува изјава од Коста Крпач во која тој ги известува за заканите што ги добивал, изјави денеска на прес-конференција, портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристоска. Таа додаде дека овие докази ги имаат кај нив, а до Основното јавно обвинителство Скопје биле доставени сите релевантни податоци што можат да помогнат во истрагата за околностите за смртта на Крпач. Ристоска...

Манчевски: Уставниот суд да се произнесе за уставноста на законот за СЈО

Уставниот суд веднаш да се произнесе за иницијативата околу уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство, а срамните и неуставни одлуки за аболиција од страна на Ѓорѓе Иванов веднаш и целосно да бидат поништени, вели Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ. - Една од најголемите придобивки од Договорот од Пржино е формирањето на Специјалното јавно обвинителство, наводно поддржано од сите четири политички партии....

Крпач извршил самоубиство, покажала предистрагата на Обвинителството

Коста Крпач, кој на 27 април годинава беше пронајден мртов во неговиот стан во Капиштец, со прострелна рана во градите, извршил самоубиство, покажала предистражната постапка на Основното јавно обвинителство Скопје. Во краткото соопштение од јавното обвинителство се вели дека иако предистражната постапка е тајна, тие ја споделуваат оваа инфромација со јавноста за да ги отстранат шпекулациите околу околностите за смртта...

Селективната аболиција не поминува кај меѓународната заедница

Претседателот, Ѓорге Иванов во петокот, минатата недела, реши да ги поништи помилувањата на 22 политичари од вкупно 56 аболирани лица, одлука која наиде на жестоки критики од претставниците на меѓународната заедница. Денеска, според најавите, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) треба да излезе со официјален коментар за поништувањето на аболицијата за 22 лица. Во кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева ги чекаат...

СЈО за одлуката на Иванов: Поништувањето на аболицијата треба да важи за сите

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска нема да излезе со коментар за одлуката на претседателот, Ѓорге Иванов за поништување на помилувањата за 22 политичари, бидејќи сè уште не знаат за кои лица се однесува одлуката на претседателот, изјави за „Мета“, портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристоска. - Наш став е дека не постои оправдување за селективен пристап кога станува збор за...

Хајндл: Не ја исклучувам можноста од последици за оние што ќе ги попречуваат промените

Договорот од Пржино и натаму е добра основа за изнаоѓање на решение за кризата во Македонија, вели во интервју за „Дојче Веле“, специјалниот пратеник на германскиот шеф на дипломатијата, Јоханес Хајндл, и додава дека „априлската амнестија за политичарите на претседателот Ѓорге Иванов ги поткопа досегашните напори и не е во согласност до договорот“. „Решенијата произлегуваат од Договорот од Пржино, кој...

„Протестирам“: Нема да не заплашат заканите и притисоците!

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска на својата страница на „Фејсбук“ порача дека власта нема да ги заплаши со повиците за информативни разговори и ги повика граѓаните масовно да излезат на улиците. „Од оваа борба нема откажување! Нема да не заплашат заканите и притисоците! Нема да не заплашат повици за информативни разговори! Дознавме дека за утре е повикана Уранија Пировска.#Протестирам е прво...

Иванов: СЈО е одговорно за атмосферата на конфликт

Претседателот Ѓорге Иванов се уште смета дека одлуката за помилување е исправна, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Иванов, на прашање на весникот дали повторно би донесол одлука за помилувања, вели:„Да!“. - Оваа атмосфера на конфликт е дело на Специјалното обвинителство. Тоа истражува селективно само против владејачката партија – вели Иванов, додавајќи дека опозицијата, не успеала да победи на избори...

Јанева во Палермо на комеморација во чест на судијата Фалконе

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева денеска во Палермо, Италија учествува на комеморацијата во чест на сицилијанскиот истражен судија Џовани Фалконе, кој на денешен ден пред 24 години беше убиен во атентат организиран од мафијата, чии членови ги гонеше Фалконе, заедно со неговиот соработник Паоло Борселино. Организатор на комеморацијата, како што соопштија од СЈО, е Фондацијата „Франческа Морвиљо Фалконе“, а во...

Чавков на чело на „Алфите“ го врати аболираниот Ивица Антески – Пуки

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков веќе го сменил Примислав Димовски од командир на едницата „Алфа“ и на негово место го поставил Ивица Антески - Пуки, еден од 56. лица кои се најдоа на списокот на помилувани од претседателот, Ѓорге Иванов, пишува  „Либертас“ повикувајќи се на свои извори од МВР. Од Министерството за внатрешни работи засега нема потврда, но ниту демант...

СЈО за измените на Законот за помилување: Клучен е секој закон што ни помага

Секој закон што ни овозможува непречено да ги водиме истрагите е од клучно значење за нас. Ова е одговорот од кабинетот на специјалната јавна обвинителата, Катица Јанева, на нашето прашање за став и коментар во врска со измените на Законот за помилување што вчера ги изгласа Собранието, а денеска ги потпиша претседателот Ѓорге Иванов. „Една од примарните цели на ова...

Судијата на Јанкулоска од боледување замина на одмор

Судијата што го водеше случајот „Тврдина“ се вратил од боледување, на кое беше подолго време. Нему му се слоши на почетокот на април за време на распитот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е една од осомничените во случајот кој го отвори СЈО, потврдија за „Мета“ од Кривичниот суд. Сепак, иако е вратен од боледување, судијата не...
Близард попусти до 67% скриншот од Батлнет

Попусти до 67 отсто на игри на Близард до 23 септември

До 23 септември има драстични попусти на сите игри од Близард, што достигаат до 67 отсто. Сепак, игри како World of Warcraft , Диабло 4 и најновата верзија на...