fbpx
Таг: Скопје

таг: Скопје

Бројот на заболени е 48 лица, се подготвува план и за болницата „8 Септември“

До 16 часот денеска во нашата земја се регистрирани шест нови случаи на пациенти со корона вирус, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Вкупниот број на заболени сега е 48, а се подготвува план за ставање во функција на болницата „8 Септември“. - Во Штип за прв пат е дијагностициран вирусот кај девојче на возраст од четири години. Семејството се...

Се испитува можноста за зголемување на брзината и безбедноста на пругата Скопје – Кичево

Министерството за транспорт и врски со средства од Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) ја испитува потребата за подобрување на состојбата на железничката инфраструктура на потегот од Скопје до Кичево на паневропскиот Коридор 8. Во моментов се изработува пред-физибилити студија, како прв од документите што ќе следат во функција на зголемување на брзината и подобрување на безбедноста во согласност...

Работниците во продавниците се чувствуваат загрозени поради корона вирусот

Корона вирусот што се шири низ Македонија им прави огромни проблеми на работниците. Голем број бизниси се привремено затворени, институциите работат со намален капацитет, а голем број од компаниите ги испратија вработените да работат од дома. Но, оваа мерка на надлежните органи не ги опфаќа и професиите кои се на служба на граѓаните и треба да ги исполнуваат нивните...

Четиригодишно девојче од Штип со корона вирус

До 16 часот денеска дијагностицирани се шест нови пациенти заболени со корона вирус. Едно од заболените лица е четиригодишно девојче од Штип, кое се инфицирало во градинка во Англија, информираат во Министерството за здравство (МЗ). - Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало...

Не се знае колку точно возила секојдневно влегуваат во Скопје од другите општини

Скопските градски власти немаат прецизен податок за бројот на возила кои дневно влегуваат во Скопје, а се од другите градови. Последен документ што ја определил оваа бројка е Студијата на ИДОМ изработена во 2012 година, во која се вели дека во македонскиот главен град дневно влегуваат околу 30.000 автомобили од другите општини. Ваквите податоци можат да се искористат во...

Авион од Брисел со македонски државјани слетал во Скопје, сите со симптоми одат веднаш на тестирање

Патниците во авионот кој слетал во Скопје од Брисел, а кои имаат симптоми на грип ќе бидат однесени на Клиниката за инфективни болести да бидат тестирани ковид-19, додека другите ќе чекаат на аеродромот додека не стасаат резултатите, информира вечерва на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче. - На аеродромот во Скопје слета авион од Брисел со наши државјани. Тие што...

Со пари од ЕБОР ќе се изработува Студија за реструктурирање на автобускиот превоз во Скопје

По одлуката на македонската влада за поддршка на проектот за воведување на брз автобуски систем (БРТ) во Скопје, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) објави дека ќе го поддржи Градот Скопје во овој проект преку издвојување на средства од подигнатиот кредит за изработка на Студија за реструктурирање на јавниот автобуски превоз во Скопје. „Целта на оваа задача е да...

Корона вирусот го сопре сообраќањето на возот Скопје – Приштина

Три дена по повторното воведување на брзиот воз меѓу Скопје и Приштина, косовската компанија ТРАИНКОС вчера го сопре сообраќањето на возот поради случувањата поврзани со вирусот COVID 19, информираат од Железници на РСМ - Транспорт. Прекинувањето на железничката врска меѓу Македонија и Косово е на неопределено време. По подолго време, овој воз почна да сообраќа на 9 март. Станува...

ЕСМ изработува проект за проширување на парно греењето во населбата Железара

Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) го склучија договорот за изработка на основен проект за проширување на топловодниот систем кон скопската населба Железара. Во овој дел од Скопје ќе се проширува бројот на корисници на централното греење откако минатата година беше пуштена во употреба новата когенеративна гасна електрана „КОГЕЛ“ во кругот на скопската железарница. Со овој енергетски капацитет, за една...

Град Скопје ќе ја отстрани првата галија од Вардар

Град Скопје почнува со отстранување на првата од трите галии во коритото на Вардар, најави Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје на денешнатаа прес конференција. „Градот Скопје во изминатиов период водеше сериозни правни постапки за да создаде правни предуслови за отстранување на првата галија. Се надевам дека ќе се создават услови без финансиски импликации по градот и по државата овие објекти...

Сопружниците од Дебар со корона вирус од Италија се возеле со 40 патници кои се симнале и во Скопје и во Куманово

Имаме два нови случаи позитивни со корона вирусот, тоа се двајца сопружници на 62 и на 68 годишна возраст кои овде стигнале на 27 минатиот месец од Северна Италија, информира министерот за здравство Венко Филипче. - После влезот во земјава, од автобусот патници се симнале во Куманово, во Скопје и во Дебар. Сопружниците немале никакви симптоми, но на 2 март...

Од 9 март повторно ќе сообраќа брзиот воз меѓу Скопје и Приштина

Железници на РСМ - Транспорт од 9 март повторно ќе го пушти во функција брзиот воз Скопје - Приштина - Скопје, информираат од ова железничко претпријатие. Возниот ред на возот не е променет, од Скопје ќе поаѓа во 16:10 часот, додека од Приштина ќе има поаѓање во 7:10 часот. Од железничкото претпријатие информираат дека овој воз меѓу двата главни...

Низ старите цевки и со дивите приклучоци губиме една третина од водата за пиење во Скопје (инфографик)

Околу една третина од вкупните количества вода за пиење што во 2018 година влегле во цевките од скопскиот водоводен систем се фактурирани како губитоци на вода, покажува Годишниот извештај од работењето на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје. Во водоводниот систем на главниот град исчезнале 34.158.252 метри кубни вода, што е повеќе од вкупните количества вода што на годишно...

Бројни интервенции на екипите на Град Скопје по синоќешното невреме

„Екипи на Град Скопје, составени од јавните градски претпријатија и Противпожарната бригада на Скопје, во соработка со Центарот за управување со кризи, интервенираа на поголем број локации за отстранување на штетите и препреките предизвикани од невремето и силниот ветар што синоќа дуваше во Скопје и достигна брзина од над 100 километри на час“, соооштија од Градот. Се додава дека на...

Шилегов: Средношколските екскурзии за Италија се одложени на неодредено време

Градот Скопје во рамките на своите надлежности ги презема сите неопходни мерки за да се спречи ширење на вирусот Ковид 19, рече на денешната прес-конференција градоначалникот Петре Шилегов. Согласно со задолженијата добиени од владата, сите училишта своите планирани патувања и екскурзии во Република Италија ќе ги откажат или одложат на неопределено време. - За сите други патувања и екскурзии да...

„Гранит“ ќе го гради пробивањето на булеварот АСНОМ и мостот кон Керамидница

Градот Скопје ја избра компанијата „Гранит“ за пробивањето на булеварот АСНОМ кон населбата Керамидница и за изградба на новиот мост на реката Вардар. Станува збор за втора фаза од изградбата на булеварот АСНОМ, со која се предвидува изведба на трасата во должина од 400 метри, вклучувајќи го и мостот што ќе биде долг 120 метри. Идниот мост ќе има по...

Мицкоски предизборно ветува авион до Америка и автопат до Битола

Автопат Велес - Битола, експресен пат Куманово - Крива Паланка, експресен пат Битола - Меџитлија, експресен пат Струмица - граница со Бугарија се само дел од предизборните ветувања на опозициската партија ВМРО - ДПМНЕ, кои денес беа изложени од нејзиниот претседател Христијан Мицкоски. Како и пред секои избори до сега, ветувањата на политичарите добиваат небесни димензии овој пат и...

Билетот за едно возење од денеска може да се користи на сите линии на ЈСП

Откако беше пуштен во пробна употреба на дел од линиите од скопскиот јавен превоз, билетот за едно возење од денес може да се користи на сите градско-приградски линии во Скопје, информираат од ЈСП. Билетот за едно возење чини 50 денари и истиот може да се купи во сите возила на ЈСП Скопје и во билетарниците на јавното сообраќајно претпријатие. „Билетот...

Со електраната „КОГЕЛ“ за третина може да се зголеми бројот на корисници на парно греење во Гази Баба, Бутел и Чаир

Со новата когенеративна гасна електрана „КОГЕЛ“, лоцирана во кругот на скопската железарница, за една третина може да се зголеми постојниот број на приклучени корисници на парно греење на „ЕСМ - Подружница енергетика“ во скопските општини Гази Баба, Бутел и Чаир. Во моментов на централно греење од оваа електрана се приклучени околу 3.500 домаќинства, 17 градинки, основни и средни училишта...

За две години, нула изнајмени велосипеди и нула денари заработка за „Градски паркинг“ (инфографик)

И покрај тоа што Градот Скопје има поставено цел до 2021 година дури 5 отсто од вкупниот број на патувања на граѓаните да бидат со велосипеди, во реалноста бројките покажуваат дека јавниот систем за изнајмување велосипеди не функционира веќе две години. Остварените приходи на ЈП „Градски паркинг“ од изнајмување велосипеди во 2018 и 2019 година изнесувале 0 денари, а...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...