fbpx

Работниците во продавниците се чувствуваат загрозени поради корона вирусот

-

Корона вирусот што се шири низ Македонија им прави огромни проблеми на работниците. Голем број бизниси се привремено затворени, институциите работат со намален капацитет, а голем број од компаниите ги испратија вработените да работат од дома. Но, оваа мерка на надлежните органи не ги опфаќа и професиите кои се на служба на граѓаните и треба да ги исполнуваат нивните потреби, без разлика на ситуацијата во која се наоѓа државата. Во категоријата на оние што не прекинале со работа спаѓаат и продавниците кои ги снабдуваат граѓаните со храна и други секојдневни работи. Тие не само што не се затворени, туку нивниот обем на работа е видливо зголемен, известува „Порталб.мк“.

Бурим Бучи, менаџер на продавница во скопската населба Ченто, за „Порталб.мк“ вели дека нивните работни услови веќе се отежнати, бидејќи контактот со луѓе е зачестен, а со тоа е зголемен и ризикот од можно инфицирање со корона вирусот.

– Се чувствуваме загрозени, граѓаните не ги почитуваат препораките на Министерството за здравство. Како што можете да видите тука, никој не носи ниту маски ниту ракавици. Секој влегува и излегува. Ние може да бидеме првите што ќе бидат заразени од вирусот и да им го пренесеме истиот на другите. Ние ги почитуваме мерките на Владата и им препорачуваме на другите барем да носат ракавици – истакна менаџерот Бурим Бучи.

Сепак, иако досега не се соочиле со ваква ситуација, тој рече дека успеваат да го управуваат нивното работење и ќе продолжат да го прават тоа, за да ги исполнат потребите на потрошувачите.

– Обемот на работа е особено зголемен во последните денови, бидејќи има паника кај луѓето. Постојано полниме, како што се троши робата веднаш полниме, сега имаме повеќе стока од обично. Немаме проблем, дистрибутерите носат без прекин, но и магазините од кои купуваме немаат проблеми со стоката – изјави тој.

Во меѓувреме, Ердуан Рамани, касиер во продавница, исто така, вели дека заради паниката што е создадена меѓу граѓаните обемот на работа се зголемил како никогаш претходно, вклучувајќи го тука и контактот со луѓе.

– Се чувствуваме загрозено, постојано сме во контакт со луѓе, сега носиме и маски и ракавици согласно препораките на Владата. Од причина што имаме постојано контакт со луѓе, работното време би требало да се скрати. Обемот на работа се зголеми повеќе од нормалното, стоките постојано се трошат и не сме во можност да ја снабдуваме продавницата како што треба – истакна Рамани.

Тој додаде дека се соочуваат со многу тешкотии во справувањето со обемот на работа во кој се наоѓаат моментално и поради тоа, го зголемиле и бројот на работници.

– Веќе два дена немаме брашно. И мелниците не можат да постигнат. За 24 часа се продадени речиси 8 тони брашно. Покрај брашното, работите кои повеќе се продаваат се готовите производи, а не артикли за кои е потребно готвење. Го зголемивме бројот на работници бидејќи не можеме да се справиме со обемот на работа. Во рок од две недели ангажиравме дополнителни двајца работници – изјави Рамани, касиер во продавница.

Со цел спречување на ширењето на корона вирусот, од кој се прогласи глобална пандемија од страна на СЗО минатата недела, Владата донесе одлука да се затворат училиштата, рестораните, кафулињата, затворените трговски центри и др., а продавниците, аптеките и болниците ги исклучи од оваа одлука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...