fbpx

Бројот на заболени е 48 лица, се подготвува план и за болницата „8 Септември“

-

До 16 часот денеска во нашата земја се регистрирани шест нови случаи на пациенти со корона вирус, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Вкупниот број на заболени сега е 48, а се подготвува план за ставање во функција на болницата „8 Септември“.

– Во Штип за прв пат е дијагностициран вирусот кај девојче на возраст од четири години. Семејството се вратило од Англија на 14 март и било во домашна изолација. На тестирање се јавиле вчера на инфективното одделение во болницата во Штип, два дена откако девојчето имало симптоми. Сега таа е таму со мајката. Се проширува епидемиолошката анкета – рече Филипче.

Во Дебар од денеска има три нови случаи, во Скопје еден, а првиот случај денеска е регистриран и во Гостивар.

– Се работи за жена на возраст од 45 години, вратена од Швајцарија. Откако пристигнала овде била во домашна изолација, се јавила сама на тестирање. Контактирани се сите од нејзиното семејство. Во овој момент се тестираат и 35 лица. Заболените се стабилни, со непоменета клилничка слика – додаде министерот.

Тој информира дека е направен план и за ставање во функција на третман на овие пациенти во болницата „8 Септември“, со тоа што таму ќе има друг тип на лекарска интевенција на пациенти кои се сомнителни или веќе имаат потврден корона вирус. Засега нема сместување таму пациенти, но тоа би бил следниот капацитет кој ќе биде ставен на располагање.

– Таму денеска направивме посета со посебна комисја, со директори на повеќе клиники, претставници на комисијата за инфективни болести. Го утврдивме текот и патот на движење на пациентите. Има дел за изолација, една посебна операциона сала, една посебна ангиографска сала, посебен кабинет за ехо прегледи како и посебен оддел кој во овој момент има 22 кревети и респираторни машини. Со ова ги обезбедуваме сите пациенти сомнителни или дијагностицирани, на кои им е потребна хируршка или друг тип на интервенција, тие ќе бидат таму препратени – објасни министерот.

Истакна дека бројот на заболени пациенти во нашата земја се во пораст. Смета дека здравствениот систем засега е добро менаџиран и дека е исклучително добро тоа што пациентите се откриваат во рана фаза.

– Праксата од другите земји покажа дека само тие што се откриваат во доцна фаза кога веќе мораат да бидат на интензивна нега, е нешто што го колабира здравствениот систем. Ова не е нешто што може само здравствениот систем да го изменаџира и затоа исклучително е битна улогата на граѓаните, на нивната свест, треба да знаат дека сите мора да придонесат да се надмине оваа криз – рече тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...