среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Сирија | 733 резултати

Во воздушни напади во Сирија загинале 29 лица

август 9, 2017

Сириската опозиција соопшти дека изминатите два дена во воздушни напади на северот на Сирија, кој е под контрола на Исламската држава, загинале најмалку 29 лица. Коалицијата предводена од САД се обидува повторно да воспостави контрола на Рака, а силите предводени од Курдите, моментно контролираат половина од тој сириски град. Опсерваторијата за човекови права соопшти дека […]

Повеќе од 200.000 лица побегнале од Рака, тврдат ОН

јули 28, 2017

Обединетите нации соопштија дека повеќе од 200.000 луѓе од 1 април ги напуштиле своите домови во областа околу сирискиот град Рака, упориште на екстремистите на Исламска држава. Меѓу нив има и повеќе од 30.000 раселени месецов, поради борбите кои ги водат сириските формации што имаат поддршка во САД, за протерување на екстремистите. Се проценува дека Рака […]

Единаесет цивили убиени во напад во Сирија

јули 26, 2017

Најмалку 11 цивили загинаа во воздушните напади во Сирија во изминатите 24 часа, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Во нападот на периферијата на Дамаск се убиени осум лица, меѓу кои има и деца, соопштија опозициските активисти. Како што се наведува, тоа е прв инцидент откако Русија пред три дена соопшти дека постигнала спогодба со […]

Русија распоредила воена полиција во безбедносната зона во Сирија

јули 24, 2017

Рускиот генералштаб денеска соопшти дека руска воена полиција е распоредена во источните предградија на Дамаск за да го надгледува прекинот на огнот во „сигурносната зона“. Генералот Сергеј Рудској денеска изјави дека Русија поставила два контролни пункта и четири набљудувачки станици во регионот Источна Гута. Тоа е една од четирите „сигурни зони“ од планот кој во […]

Русија сака да ги казни САД, тврди директорот на ЦИА

јули 21, 2017

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, тврди дека Русија не планира да ја напушти Сирија и дека ќе продолжи да се меша во американските работи за да ги казни САД. Тој повторно изрази уверување дека Русија се мешала во претседателските избори во САД, а односите меѓу двете земји ги опиша како „комплицирани“. Помпео додаде дека видел само […]

Четириесет жени од Косово се во екстремистички групи во Сирија и во Ирак

јули 15, 2017

Според податоци на Центарот за анализи на безбедноста во Приштина, 40 жени од Косово се членови на екстремистички групи во Ирак и во Сирија. Центарот додава дека и 37 деца од Косово се во тие конфликтни зони. Според пласираните податоци од косовската полиција, 316 жители на Косово се заминати да се борат во војната во […]

Трамп најави можност „нешто да се постигне“ околу Парискиот договор

јули 13, 2017

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој е во посета на Франција, на денешната заедничка прес-конференција со својот домаќин, францускиот претседател Емануел Макрон, најави дека „нешто може да се постигне“ во врска со Парискиот договор за климата, но не прецизираше што. „Нешто може да се случи во врска со Парискиот договор, но ајде да видиме што ќе […]

Гори воената зона на турско-сириската граница, експлодирала муниција

јули 13, 2017

Голем пожар изби во воената база во турската јужна провинција Килис, која се граничи со Сирија, пренесуваат утринава турските медиуми. Како што се наведува, мали експлозии можеле да се слушнат од складиштето за муниција кое се наоѓа таму. Пожарот избил нешто по полноќ, а додека пожарникарите го гаселе, сообраќајот во регионот бил целосно запрен. Засега […]

Во Женева се одржува седма рунда преговори за Сирија

јули 10, 2017

Седмата рунда мировни преговори за Сирија денеска почна во Женева со состанок на специјалниот претставник на ОН, Стефан де Мистура, со делегација на сириските власти. Состанокот се одвива во Палатата на нациите, односно во седиштето на ОН во Женева. Темата на новата рунда преговори е пакетот од четири предлози на Де Мистура: за формирање влада, […]

Во Сирија стапи на сила договорот за прекин на огнот

јули 9, 2017

Прекинот на огнот на југозападот на Сирија стапи на сила напладне по локално време во Дамаск. САД и Русија постигнаа договор за прекин на огнот на југозападот на Сирија, а тоа го соопштија по средбата помеѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и на Русија, Владимир Путин, на самитот на Г20 во Хамбург. Договорот за прекин […]

ОН сметаат дека договорот за примирје во Сирија ќе помогне за мировните преговори

јули 8, 2017

Обединетите нации го поздравија договорот што САД и Русија го постигнаа за примирје на југозападот на Сирија, наведувајќи дека тоа ќе помогне за мировните преговори. Заменикот на специјалниот известувач на ОН за Сирија, Рамзи Рамзи, изјави дека договорот за примирјето кој е постигнат вчера во Хамбург на самитот на Г20, претставува чекор напред во правилна […]

Трамп: Со Путин имавме извонреден состанок

јули 8, 2017

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека имал извонреден прв состанок лице в лице со рускиот претседател Владимир Путин. Ова Трамп го изјави на почетокот на средбата со британската премиерка Тереза Меј, со која ги почна обврските на вториот ден од самитот на Г20 во Хамбург. Состанокот помеѓу Трамп и Путин во Хамбург, кој требало да […]

Двајца убиени и девет ранети во самоубиствен напад во Хама

јули 6, 2017

Бомбаш самоубиец уби најмалку две лица, а рани девет други во сирискиот град Хама, соопштија сириските државни медиуми. Како што се наведува, нападот се случил на автобуска станица во југозападниот дел на градот, кога напаѓачот активирал експлозив кој го носел на појас. Гувернерот на Хама соопшти дека во нападот се убиени две жени, а според […]

САД се подготвени да соработуваат со Русија околу Сирија

јули 6, 2017

САД се подготвени да соработуваат со Русија за со заеднички сили да ја стабилизираат ситуацијата во Сирија, изјави американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон. Тилерсон изјави дека САД сакаат да разговараат со Русија за прекин на огнот на копно и да го координираат испраќањето помош на Сиријците. – Доколку нашите две земји работат заедно на воспоставување стабилност […]

Сирија ќе добие банкнота со ликот на Башар ал Асад

јули 4, 2017

Првпат во 17-годишното владеење на претседателот Башар ал Асад, Сирија в недела ќе ја добие првата банкнота со неговиот лик. Станува збор за нова банкнота од 2.000 сириски лири (вредност на 3,9 американски долари), соопшти Централната банка на Сирија. Потегот се образложува со оштетувањето на банкнотите што се во употреба. Досега сириските банкноти беа со […]

Најмалку деветмина загинати во самоубиствен бомбашки напад во Дамаск

јули 2, 2017

Најмалку девет лица загинале, а 12 се повредени во самоубиствен бомбашки напад кој денеска се случил во источниот дел на главниот град на Сирија, Дамаск, соопштила сириската опсерваторија за човекови права, јавуваат светските агенции. „Властите беа во потера по три возила наполнети со експлозив и успеаја да детонираат две на патот кон аеродромот. Третото возило […]

Половина милион Сиријци се вратиле во своите домови

јуни 30, 2017

Речиси половина милион бегалци од Сирија се вратиле во своите домови од почетокот на годинава, вклучувајќи и 440.000 внатрешно раселени лица и повеќе од 31.000 лица од соседните земји, соопшти денеска УНХЦР. Повеќето се вратиле во Алепо, Хам, Хомс и во Дамаск, што наведува на заклучок дека дошло до подобрување на безбедносната ситуација во одредени […]

ОН: 173 загинати, 100.000 заробени лица во Рака

јуни 28, 2017

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Зеид Раад ал Хусеин, соопшти дека овој месец најмалку 173 цивили се убиени во операција против Исламска држава во Рака. Тој соопшти дека 100.000 цивили се заробени во тој сириски град. Светските агенции пренесуваат дека Ал Хусеин ги изнел овие податоци во време кога борците со поддршка од […]

ИД изгонета од граничниот премин на Ирак со Сирија

јуни 17, 2017

Ирачката војска и борците на сунитските племиња ги изгонија единиците на Исламска држава (ИД) од подрачјето на граничниот премин Ал Валид меѓу Ирак и Сирија, соопшти денеска ирачката војска. Со протерувањето на ИД од подрачјето Ал Валид се отстранети екстремистите од непосредна близина на американската база, која се наоѓа од другата страна на границата. Во […]

Русија проверува дали Ал Багдади е убиен при воздушните напади на Рака

јуни 16, 2017

Министерството за одбрана на Русија ги проверува наводите дека лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, е убиен во руските воздушни напади извршени кон крајот на мај во Рака. Во соопштението на министерството се наведува дека воздушниот напад е изведен на 28 мај, на командна позиција на ИД, при што се ранети нејзините лидери, […]

Страна 5 од 37