fbpx

Силите предводени од САД бомбардираа позиции на сириските власти

-

Коалициските сили предводени од САД извршија воздушен напад на провладините сириски сили во близина на тромеѓето на Сирија, Јордан и на Ирак, јави „Гласот на Америка“.

Американските одбранбени претставници соопштија дека сириските провладини сили оперирале во воспоставената зона за намалување на тензиите, во близина на граничниот премин Ал Танф, каде командант на коалициски сили на терен проценил дека провладините сили претставуваат опасност за коалициските единици.

– Коалициските сили „покажа сила и отворија предупредувачки оган“ во обид да ги наведат провладините сириски сили да се оддалечат од областа – соопшти претставникот. Командантот потоа одлучил да повика воздушна поддршка откако провладините сили не го послушале предупредувањето.

Локалните медиуми јавуваат дека нападите резултирале со жртви и со уништување на поголем број возила. Не е јасно дали руските сили оперирале заедно со провладините сириски сили за време на нападот.

Американските претставници велат дека „нападот не претставува промена во политиката“, туку дека е пример за однесување кога командантот на терен ќе се повика на заштита на силите.

Тензиите во областа ескалираа кога сириските провладини сили и силите што ги поддржуваат САД продолжиле да напредуваат едни кон други. И двете страни тврдат дека се обидуваат да ги истиснат борците на Исламска држава од областа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...