fbpx
Таг: Штип

таг: Штип

Пуштени во употреба игралишта во Карбинци и во Штип

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, денеска предадоа во употреба повеќенаменски игралишта во општините Карбинци и Штип. Во придружба на градоначалникот на општина Карбинци, Зоран Минов, прво во употреба беше пуштено повеќенаменското игралиште во село Таринци, општина Карбинци, а потоа со градоначалникот Илчо Захариев, го пуштија повеќенаменското...

Исчезна тригодишно дете во Штип

Тригодишниот Чинар Сулејманов вчера исчезна во Штип. Според неговиот татко, Амди Синанов, детето, околу 8 часот, излегло од дома и тргнало кај неговиот дедо. Откако заминал од куќата на неговиот дедо, му се губи секаква трага. Во текот на ноќта, роднините и полицијата ги пребарале улиците на Штип, но и околните населби околу градот. Од СВР-Штип потврдуваат дека е исчезнато тригодишно дете и...

Работилница на УНФПА во Штип

Караванот работилници на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), под наслов „Гласот на младите: Иднината што ја сакаме“, оваа недела продолжи во градот Штип. -Верувам дека приоритет за подобра иднина е подобрувањето на образовниот систем, кој ќе даде поквалитетен кадар. Така ќе се влијае на порастот и на развојот на македонската економија, а со тоа и на развојот на...

Концерт на Ана Гацева и на Татјана Џорлева во Штип

Вечерва во 19 часот, во Музичката академија во Штип, концерт ќе одржат пијанистките Татјана Џорлева, професор по пијано на штипската Музичката академија, и Ана Гацева, професор по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје. На концертот ќе бидат изведени композиции од Антонин Дворжак и од Жорж Бизе. Овој концерт е дел од нивната концертна турнеја во повеќе градови низ...

Споменикот на Александар во Штип бил исправен, покажала контролата

Вчерашниот инцидент, кога врз 12-годишно дете падна тешка мермерна плоча од постаментот на споменикот на Алексаднар Македонски на плоштадот во Штип, го отвори прашањето кој треба да се грижи за одржувањето на спомениците. По поминатата ноќ на хируршкото одделение, детето претпладнето е пуштено на домашно лекување. Констатирани му се полесни повреди. Споменикот е висок пет и половина метри. Според информацијата...

Мермер од споменик на Александар Македонски падна и повреди дете во Штип

Полуметарска мермерна плоча од споменикот на Александар Македонски на плоштадот во Штип, денеска по 14 часот паднала врз 12-годишно дете. Според првичните податоци, по завршувањето на наставата, група деца од основното училиште „Ванчо Прке“, на враќање дома, застанале да се сликаат до споменикот, при што една од мермерните плочи од постаментот паднала врз едно дете. Веднаш реагирале од групата, сопреле такси-возило и го...

Поплавените штипјани добија пари од Владата

117 домаќинства и 9 правни субјекти добија повеќе од два милиони и 600.000 денари обештетување од Владата, што е 15 отсто од претрпенaата штета, потврди Лазар Соколовски од општинската администрација. По интензивните дождови минатата година, на 25 и на 26 февруари пукна земјената брана кај Пишица, по што водата се излеа од реката Брегалница. Настрадаа домовите во штипско Ново Село, а во дивата населба...

СДСМ вечерва на трибина во Штип

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва ќе одржи трибина во Штип, со почеток во 19 часот, во Големата сала на Собранието на Општина Штип. „Целта е да разговараме со граѓаните за проблемите во државата, изворно да слушнеме што мислат граѓаните и да ги соопштиме нашите решенија, како да ја вратиме Македонија во нормален колосек. Ги покануваме граѓаните и медиумите да бидат...

Педесет наставници од Штип реагираат на казните

Педесетина наставници од Штип до училишните одбори поднеле приговори поради пониските оценки од интерното оценување. Тие реагираат затоа што со тоа ќе добијат и плата пониска за 3.000 денари. Најмногу приговори, 34, се во ОУ „Ванчо Прке“, каде повеќе од половината наставници, на внатрешното оценување добиле оценки со кои е предвидена и казна. Тие тврдт дека членовите на  училишната комисија, поради непознавање...

(ФОТОГРАФИИ) Одржан Саем за вработување во Штип

Повеќе од 10.000 заинтересирани посетители присуствуваа на третиот Саем за вработување кој се оддржа во Безистенот во Штип, во организација на Агенцијата за Вработување на Република Македонија. На саемот се претставија 32 компании од Македонија, од кои најзастапени беа од производствениот сектор.  

Саем за вработување во Штип

На саемот за вработување, што денеска ќе се одржи во Штип, 32 компании ќе ги престават потребите за работна сила  во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија. На саемот ќе се обрати директорот на АВРМ, Влатко Поповски, а предвидено е одржување на панел-дискусија за работодавци, како и информативна средба за млади.

СДСМ Штип: Од ЈП „Исар“ прво сечат, потоа мерат

Локалната власт и ЈП „Исар“ прво сечат, а потоа мерат, обвинија денеска на прес-конференција штипските социјалдемократи. Пример за ова, според нив, е зоолошката градина во Штип, каде прво се почнало со работа, а потоа се донела одлуката за градба. Реагираа и од ЈП „Исар“, од каде тврдат дека претпријатието е регистрирано за хортикултурно уредување на простор, но и за градење куќички и...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...