fbpx
Таг: Шпанија

таг: Шпанија

Шпанија в сабота ќе ја почне постапката за укинување на автономијата на Каталонија

Шпанската влада денеска соопшти дека в сабота ќе одржи вонредна седница и ќе ја почне постапката за укинување на автономијата на Каталонија. Владата на Народната партија на десниот центар, која е на власт од 2011 година, в сабота ќе одржи вонреден состанок на министрите, по кој би требало до шпанскиот парламент да испрати предлог-мерки од членот 155 на шпанскиот устав,...

Пучдемон се закани, а Мадрид најави радикални мерки

Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон ј известил шпанската влада дека Каталонија не прогласила независност, но дека би можела тоа и официјално да го направи доколку Мадрид продолжи со репресијата, односно со суспендирање на автономијата. Истовремено, неименуван шпански државник изјави дека писмото на Пучдемон не одговора на повикот на шпанската влада да разјасни дали веќе е прогласена независност. Според истиот извор, владата...

Шпанија се заканува со целосно укинување на автономијата на Каталонија

Шпанските власти денеска соопштија дека се укинува делумно или целосно автономијата на областа Каталонија, ако регионалните лидери не се откажат од независност. - Ако претседателот на Каталонија, Кралес Пучдемон, не се откаже од независноста, тогаш ќе биде применет член 155 од Уставот, кој овозможува укинување на автономијата – изјави потпретседателската на шпанската влада, Сораја Саенс де Снатамарија. Шпанскиот премиер, Маријано Рахој, денеска...

Воен авион се урна кај Мадрид

Шпански воен авион „ф-18“ се урнал при полетување од воздухопловната база во околината на Мадрид, а пилотот загинал на самото место, соопшти шпанското министерство за одбрана. „Во инцидентот за време на маневар при полетување, смртно настрада пилотот на авионот“, напиша министерството на „Твитер“. Телевизиите објавија снимка од огромен облак од чад како се издига над воздушната база Торејон де Ардоз, дваесетина километри...

Пучдемон доби нов рок, треба да одлучи до четврток

Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон, кој требаше денеска да се изјасни дали прогласил независност на Каталонија или не, има нов рок – четврток до 10 часот. - Господинот Пучдемон има уште една шанса да почне да ја решава оваа ситуација, тој мора да одговори со „да“ или „не“ за тоа дали прогласил независност – изјави вицепремиерката на Шпанија, Сораја Саенс де...

Јункер: Ако ѝ дозволиме на Каталонија, и други ќе сакаат да се отцепат

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска изјави дека не сака Каталонија да стане независна затоа што тоа би охрабрило и други региони во други држави да го направат истото, што дополнително би го комплицирало управувањето на Европската Унија. - Доколку дозволиме Каталонија да се одвои, а тоа не е наша работа, тогаш и други ќе го направат истото. Јас не...

Воен авион се урна по парадата за Националниот ден на Шпанија

Воен авион се урна во базата Лос Љанос во Шпанија по воена парада во Мадрад, соопшти денеска шпанското министерството за одбрана. Засега не е познато дали има жртви. Авионот учествувал на воената парада „12 Октомври“, по повод Националниот ден, пренесоа шпанските медиуми. https://twitter.com/marioruiz_ab/status/918420778743365632

Рахој бара од каталонската влада да разјасни дали прогласила независност или не

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска на прес-конференција соопшти дека ќе бара од каталонската влада да разјасни дали Каталонија прогласила независност или не. Рахој рече дека се бара појаснување пред да биде преземена каква било акција, во согласност со членот 155 од уставот на Шпанија. Портпаролот на каталонската влада, Жорди Турул, за „Радио Каталонија“ утрово изјавил дека доколку шпанската влада одлучи да...

Масовен протест во Барселона против отцепувањето на Каталонија од Шпанија

Стотици илјади лица денеска излегоа на улиците на Барселона за да протестираат против плановите на регионалната каталонска влада да се отцепи од Шпанија. Ова е најмасовниот протест против отцепувањето на просперитетниот регион од Шпанија, што ја доведе оваа европска земја на раб на национална криза. Барселонската полиција соопшти дека на протестот учествувале околу 350.000 луѓе, додека организаторите на протестот, „Каталонското цивилно...

Шпанската влада најави замрзнување на автономниот статус на Каталонија

Владата на Шпанија ќе ги употреби сите уставни мерки за да го замрзне автономниот статус на Каталонија и за да го спречи нејзиното отцепување, изјави шпанскиот премиер Мариано Рахој во интервју за весникот „Паис“. Тој не ја исклучува можноста да го активира членот 155 од Уставот, според кој премиерот може да ја распушти регионалната влада и да распише нови избори...

Протести во Мадрид и во Барселона со повик за политички дијалог

Илјадници граѓани на Шпанија, облечени во бело, се собраа на симултани демонстрации во Мадрид и во Барселона и со слоганот „Сакаме да зборуваме“, ги повикаа шпанските политичари да почнат дијалог. Организаторите на собирите ги повикаа граѓаните да не носат ниту шпански, ниту каталонски знамиња на протестите, туку да се облечат во бело. https://twitter.com/thespainreport/status/916613418563571712 Во Мадрид истовремено се одржа уште еден собир, на...

Шпанскиот суд ја суспендира седницата на каталонскиот парламент за прогласување независност

Уставниот суд на Шпанија го суспендираше одржувањето на седницата на каталонскиот парламент, закажана за понеделник, на која требаше еднострано да биде прогласена независноста на Каталонија, јавуваат шпанските медиуми. Според судот, таквиот потег би бил кршење на шпанскиот устав. Администрацијата на лидерот на Каталонија, Карлес Пуџдемон, претходно соопшти дека планира да прогласи независност на покраината на 9 октомври. Шпанскиот премиер, Маријано Рахој, денеска...

Каталонците стапуваат во генерален штрајк

Каталонците денеска стапуваат во генерален штрајк, кој ќе го блокира функционирањето на најголем дел од регионот кој бара независност, односно од одвојување од Шпанија, пренесува „Би-би-си“. Штрајкот го организираат каталонските синдикати и трговските здруженија, поради, како што се наведува, тешко кршење на правата и на слободите, за време на обидот за одржување на референдумот во неделата. https://twitter.com/guardian/status/915116560930476033 Шпанските централни власти, врз основа...

Каталонија и Косово не се споредливи бидејќи Шпанија е во ЕУ, тврди Европска комисија

Европска комисија, која референдумот во Каталонија го прогласи за неуставен, тврди дека случајот со таа шпанска покраина и со Косово и Метохија се неспоредливи затоа што Шпанија е членка на Европска Унија. - Кога станува збор за признавањето на Косово, тоа беше многу специфичен контекст. Тоа беше позиција усвоена од различни декларации и резолуции на Обединети нации и на меѓународната заедница....

Каталонското прашање треба да се реши во рамки на Уставот на Шпанија, смета Димитров

Прашањето за Каталонија треба да биде решено во рамки на Уставот на Шпанија, изјави денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров. - Загрижуваат случувањата поврзани со референдумот во Каталонија. Нашиот став е дека тоа прашање може да се реши само во рамките на уставниот поредок на Шпанија и низ политички дијалог. Прашањето е премногу комплексно за во овој момент да...

Европска комисија: Референдумот во Каталонија е нелегален

Европската комисија соопшти дека референдумот за независност на Каталонија не е легален. Каталонската влада претходно соопшти дека 90,9 отсто од граѓаните излегле на референдумот за независност и се изјасниле дека се за независност на оваа област од Шпанија. Каталонскиот премиер Карлес Пуџдемон прогласи победа на опцијата за независност и истакна дека е направен пат за едногласно прогласување независност. Регионалната влада соопшти дека...

Дури 460 луѓе биле повредени од полицијата, тврди каталонската влада

Во акцијата на шпанската полиција во Каталонија да го спречи референдумот за независност на оваа покраина, се користеше и директно физичко насилство и пендреци и гумени куршуми, јавуваат медиумите. Во пресметката што се случуваше кога на гласачките места полицијата интервенираше за да го одземе гласачкиот материјал, а граѓани се спротивставуваа, се повредени најмалку 460 цивили и 11 полицајци. Полицијата дејствуваше по...

Во Каталонија пожарникарите ги бранат граѓаните од полицијата

Пожарникарите во шпанскиот регион Каталонија застанаа во одбрана на граѓаните од полициските акции, јави „Индепендент“, откако во денешните интервенции и судири беа повредени неколку стотини лица. Со жив штит, пожарникарите ги двојат граѓаните кои протестираат против полициската бруталност од националните сили. Полициската акција се случуваше во текот на денешниот ден поради наредбата на шпанската влада да се спречи гласањето за...

Во акцијата на полицијата во Каталонија најмалку 38 лица се повредени

Досега се регистрирани 38 повредени лица, најголемиот дел од нив со помали повреди, сооштија здравствените органи во Каталонија, додека во оваа шпанска покраина се случува масовна полициска акција со брутално насилство за да се спречи референдумот за осамостојување на Каталонија од Шпанија. Каталонскиот водач Карлес Пуџдемон го осуди, како што рече, „неоправдливото насилство“ од шпанската држава. Гласачкото ливче за референдумот има...

Полицијата пука со гумени куршуми по граѓаните во Барселона

Крвави судири се случуваат во Барселона помеѓу шпанската полиција и поборниците за независност на покраината Каталонија, откако полицијата изврши неколку брутални упади на избирачки мести и почна да се пресметува со граѓаните на улиците, а почна и да пука со гумени куршуми по луѓето. Според извештаите на светските медиуми, веќе има десетици ранети луѓе. Демонстранти низ улиците на Барселона извикуваат...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...