fbpx
Таг: Шпанија

таг: Шпанија

Гласањето за независност на Каталонија почна со силна полициска интервенција

Референдумот за независност во Каталонија утрово почна хаотично кога полицијата се обиде да ги затвори гласачките кутии, по наредба од шпанската влада. Полицијата ги спречува граѓаните да се доближат до местата за гласање и одзема материјали подготвени за гласање. Во Џирона, полицијата насилно влезе во гласачко место каде требаше да гласа лидерот на Каталонија, Карлес Пуџдемон. Шпанската цивилна гарда влета на...

Каталонците чекаат во редици за гласањето за независност

Илјадници граѓани на Каталонија од рано утрово чекаат во редици пред изборните места за да гласаат на референдумот за независност на оваа богата шпанска покраина, во чие срце е Барселона, без разлика што шпанската власт го прогласи референдумот незаконски и презеде низа мерки за да го спречи. Дел од граѓаните утрово блокирале врати на изборни места во случај полицијата да...

Шпанската полиција ден пред гласањето за независност на Каталонија затвора училишта

Националната гарда на Шпанија денеска затвори 1.300 од 2.315 училишта во Каталонија, во кои според плановите треба да се гласа на референдумот за независност на оваа покраина, кој е закажан за утре. Полицијата исто така го држи под контрола и регионалниот центар за телекомуникации на подрачјето на Каталонија. Како што известуваат шпанските медиуми, полицијата има наредба да ги исчисти сите...

Европската комисија ќе ја почитува одлуката на Каталонија за независност, вели Јункер

Европската комисија ќе го почитува потврдниот исход од референдумот за независност на Каталонија, соопшти претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, додавајќи дека регионот не треба да очекува по гласањето веднаш да стане членка на ЕУ. - Комисијата не се вклучува во интерните, домашни дебати во земјите членки – истакна Јункер, додавајќи дека дискусијата за референдумот во Каталонија е хипотетичка затоа...

Каталонија усвои закон за референдум за независност

Каталонскиот парламент усвои закон со кој ги официјализираше своите планови на 1 октомври во овој шпански регион да се организира референдум за независност. Владата во Мадрид претходно го прогласи референдумот за противзаконски и најави дека ќе го спречи. Мнозинството пратеници од регионалниот парламент, во кој мнозинство има партијата која сака да се отцепи од Шпанија, гласаа за законот за референдум и...

Семејна расправија во Шпанија заврши како терористички напад

Најмалку две лица се повредени откако автомобил влета во група луѓе пред бар во шпанскиот град Хуелва, што предизвика страв од тероризам. Полицијата доцна синоќа соопшти дека причината за нападот најверојатно е семејна расправија, која се случила нешто пред инцидентот. Повредени се двајца мажи, на возраст од 18 и од 31 година. Очевидци направиле видеоснимка, на која се гледа црн автомобил сред...

Исламска држава се заканува со нови напади во Шпанија

Милитантната организација Исламска држава објави снимка на шпански јазик во која се заканува со „одмазда“ за осумте терористи кои се убиени за време на минатонеделните напади во Барселона и Камбрилс. Видеото е објавено синоќа, шест дена по нападите за кои ИД презеде одговорност, а во кои загинаа 15, а ранети се повеќе од 100 лица. На снимката еден борец на ИД,...

Терористите од Барселона подготвувале уште поголем напад

Еден од уапсените и осомничените за терористичкиот напад во Барселона, признал дека бил планиран „многу поголем напад“, јавуваат француските медиуми, повикувајќи се на судски извори. Четворица уапсени мажи, за кои се сомнева дека се дел од терористичка ќелија се појавиле пред судот во Мадрид под сомнение дека се вмешани во планирањето или изведувањето на двата напада во Каталонија, во кои...

Осомничените за вмешаност во нападите ќе бидат изведени пред суд во Мадрид

Четворицата осомничени за вмешаност во планирање и изведување на напади во Шпанија, кои беа уапсени минатата недела, по нападот во Барселона, денеска ќе бидат изведени пред националниот суд во Мадрид, јавуваат светските агенции. Како што пишуваат шпанските медиуми, осомничените се Дрис Укабир, Мухамед Ала, Салх ел Кариб и Мухамед Хули Кемал. Тројца од нив се уапсени на 17 и 18...

Идентификуван возачот на „комбито на смртта“ во Барселона

Шпанската полиција соопшти дека е идентификуван возачот на белото комби кое минатата недела влета во маса во Барселона и усмрти 13 лица. - Сè укажува дека возач бил Јунес Абујакуб – наведе денеска полицијата и додаде дека се трага по 22-годишниот Мароканец. Засега нема информации за судбината на Абујакуб. Неколку часа по нападот во Барселона, едно лице е убиено, а шест...

Појасите со експлозиви на петтемина терористи од Камбрилс биле лажни

Појасите, што ги носеа петтемина ликвидирани терористи во Камбрилс биле лажни, изјави каталонскиот премиер Карлес Пуџдемон за локалното радио. Синоќа пет лица со автомобил ауди прегазија луѓе во летувалиштето Камбрилс во обид да го повторат нападот од Барселона од вчера попладне. Полицијата ги ликвидира терористите во Камбрилс, кои повредија петмина граѓани и еден полицаец.

Илјадници луѓе во Барселона извикуваа: „Не се плашам!“

Повеќе илјади луѓе, меѓу кои и шпанскиот крал Филип Шести, премиерот Маријано Рахој и претседателот на Каталонија, Карлос Пуџдемон се собраа на главниот плоштада во Барселона, каде со минутно молчење им одадоа почит на жртвите на нападите. По минутното молчење, на плоштадот одекна громогласен аплауз, а насобраните извикуваа „Не се плашам! Не се плашам!“. Тие се собраа во близина на местото...

Бројот на загинатите во Барселона се зголеми на 14

Бројот на жртвите во терористичкиот напад во Барселона се зголеми на 14, а медиумите јавуваат дека се уште трае потрагата по тинејџерот кој го возел „комбито на смртта“. Во нападот се повредени повеќе од 100 лица. Шпанската полиција, која ја спроведува истрагата за нападот на познатото шеталиште Лас Рамблас во Барселона, трага за тинејџерот за кој се смета дека управувал...

Експлодира куќа во Шпанија во која џихадистите правеле бомби

Куќа која се наоѓа јужно од Барселона целосно е разнесена во експлозија, а се сомнева дека во неа џихадистите правеле бомби, јавуваат светските медиуми. Има мртви и повредени! Во вчерашниот терористички напад во центарот на Барселона се повредени најмалку стотина лица, а 13 се убиени. Осум часа по првиот напад се случи и втор во познатото летувалиште Камбрилс. Експлозијата во куќата,...

Седумгодишно момче исчезна во нападот во Барселона

Седумгодишно момче од Австралија, кое се одвоило од семејството за време на терористичкиот напад во Барселона исчезнало, соопшти неговото семејство. Тони Кадмен од Сиднеј на „Фејсбук“ напишал дека неговиот внук Џулијан исчезнал, а неговата мајка е во болница во тешка, но стабилна состојба, пренесува „Гардијан“. Таткото на момчето, Ендрју вели дека разговарале неколку часа пред да исчезне. Тој веќе е на...

Најмладата жртва во Барселона е тригодишно девојче

Меѓу загинатите и повредените во терористичкиот напад во Барселона има државјани од најмалку 24 земји, а најмладата жртва е тригодишно девојче. Шпанската полиција потврдила дека меѓу убиените во Барселона, тројца се Германци и еден Белгиец. Повредените се државјани на Франција, Германија, Холандија, Аргентина, Венецуела, Белгија, Австралија, Унгарија, Перу, Романија, Ирска, Грција, Куба, Македонија, Кина, Италија и Алжир, соопшти шпанската агенција...

Македонски државјанин повреден во нападот во Барселона, потврди МНР

Македонски државјанин е повреден во терористичките напади што вчера се случија во Барселона. Како што соопшти утрово Министерството за надворешни работи, македонскиот државјанин се наоѓа во болница во Барселона и е надвор од животна опасност. „Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, македонската амбасадата во Шпанија дојде до информација дека еден македонски државјанин во моментот се наоѓа во болница во...

Најмалку еден загинат и 32 повредени во терористичкиот напад во Барселона

Најмалку едно лице загинало, а 32 се повредени, од кои 10 сериозно откако комби удри во група пешаци на улица во близина на плоштадот „Каталуња“ во центарот на Барселона, јавуваат светските медиуми. Шпанската полиција потврдила дека инцидентот го третира како терористички напад. Властите апелирале граѓаните да го избегнуваат тој дел од градот и да не ги напуштаат своите домови,...

Комби влета во група луѓе во центарот на Барселона, неколкумина повредени

Неколку луѓе се повредени кога комби се залетело и удрило во пешаци на плоштадот „Каталуња“ во центарот на Барселона, јавуваат светските медиуми. Службите за итна помош, апелирале граѓаните да го избегнуваат тој дел од градот и побарале да бидат затворени трамвајските и метро-страниците. Извештатите од местото наведуваат дека луѓето се засолнуваат во околните продавници и кафулиња. https://twitter.com/BBCBreaking/status/898208645942452224 Возачот на комбито...

Спасени 339 мигранти во Средоземното Море

Шпанската спасувачка служба соопшти дека спасила 339 мигранти од седум бродови кои се обиделе да го преминат Средоземното Море од Мароко. Бродовите со мигранти рано утрината се пресретнати во одвоени акции, а три спасувачки брода ги пренеле мигрантите гратчето Тарифе на југот на Шпанија, кај Гибреталскиот проток. Спасувачката служба наведе дека еден брод превезувал 34 мигранти од земјите од Супсахарска Африка,...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...