fbpx

Пучдемон се закани, а Мадрид најави радикални мерки

-

Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон ј известил шпанската влада дека Каталонија не прогласила независност, но дека би можела тоа и официјално да го направи доколку Мадрид продолжи со репресијата, односно со суспендирање на автономијата.

Истовремено, неименуван шпански државник изјави дека писмото на Пучдемон не одговора на повикот на шпанската влада да разјасни дали веќе е прогласена независност. Според истиот извор, владата на седница закажана во сабота планира да го активира членот 155 од Уставот и да ја суспендира автономијата на Каталонија.

Во политичките кругови овој член го нарекуваат „нуклеарна опција“, додека поранешниот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Гарсија го нарече „атомска бомба“. Станува збор за екстремна мерка, предвидена за екстремни ситуации, која никогаш не била досега практикувана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...