недела, 15 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници | 14 резултати

Синдикати: Кривична одговорност за работодавачите кои зедоа државни пари за плати, а не ги исплатија работниците

29 јули 2020

Шест синдикати, неколку здруженија и асоцијации ги осудија сите работодавачи кои зедоа државни пари за исплата на плати, а не им ги дадоа на своите вработени. Во нивното заедничко соопштение се вели дека целта на државната финансиска поддршка утврдена со владината уредба за справување со кризата од ковид-19 беше да се зачуваат работните места на […]

ССНМ, ЗНМ и Советот за етика со прашања до политичките партии

24 јуни 2020

Во пресрет на изборната кампања која започнува денес, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) јавно поставија десет прашања до политичките партии и коалиции кои ќе настапат на предвремените парламентарни избори 2020 година. Дел од прашањата се однесуваат на […]

Федерацијата на новинари објави совети за медиумските работници во време на корона кризата

27 март 2020

Меѓународната федерација на новинари (МФН) најголемата организација во светот која претставува 600.000 членови од 146 земји ги објави советите за медиумите да преземат мерки на претпазливост и почитување на препораките од здравствените експерти во ова време на здравствена криза. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, како членка на МФН ги сподели препораките за новинарите […]

Синдикатот на новинари и Советот за етика во медиумите ги осудуваат онлајн нападите врз новинарката Бурнс

2 март 2020

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите најостро ги осудуваат нападите, навредите и онлајн малтретирањето врз новинарката на „Слободен печат“, Мирослава Бурнс, од страна на вработен во Царинската управа на Македонија. Во соопштението на ССНМ се вели дека новинарката Бурнс на нивната телефонска линија за помош при напад […]

ССНМ објави конкурс за новинарската награда „Роберто Беличанец 2019“

14 октомври 2019

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) отвори повик за конкурирање за годишната награда „Роберто Беличанец“ за 2019 година. Наградата се доделува „за медиум-промотор на новинарството како јавно добро“. Признанието ќе се додели на медиумот кој ги задоволува следниве критериуми: континуирано чувство за општествена одговорност, третирање на новинарството како јавно добро преку залагање за […]

Европските колеги ги поддржаа новинарските здруженија против измените на Изборниот законик

14 август 2018

Европската федерација на новинарите (ЕФН) даде силна поддршка на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), кои се спротивставија на последните измени на Изборниот законик. Според измените, и во приватните медиуми ќе се спроведува платено политичко рекламирање во […]

ССНМ: Мора да се подобрат правата на новинарите заради доброто на професијата

3 мај 2018

По повод Светскиот ден на слободата на медиумите 3 Мај, Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници на Македонија (ССНМ) порача дека е неопходна итна промена на приоритетите и фокусирање на работните и професионални права на новинарите и медиумските работници, како место од кое почнува, но и во кое може да заврши, искривоколчувањето на професијата. […]

Синдикатот на новинарите и правно ќе се бори за заштита на авторските права

14 декември 2017

Кршењето на авторските права на новинарите, фоторепортерите и снимателите од страна на медиумите ќе биде предмет на правна помош и заштита од страна на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), беше соопштено на денешната прес конференција на Синдикатот. – Авторските права мора да се почитуваат и медиумите да престанат да бидат учесници во […]

ССНМ го поздрави бесплатниот пристап до документи од Карастарот и од Централниот регистар

6 септември 2017

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ја поздрави одлуката на Владата за бесплатен пристап на истражувачките новинари до документите од Централен регистар и од Агенцијата за катастар на недвижностите, и истовремено побара власта да го измени Законот за пристап до информации од јавен карактер. „Сметаме дека со оваа одлука на истражувачките новинари ќе […]

ЗНМ бара повеќе пари за финансирање на МРТ, ССНМ – подобри услови за новинарите

14 јули 2017

На јавната консултација со новинарските и со медиумските организации посветена на реформите во медиумите, која ја организираше Министерството за информатичко општество и администрација, претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, ја критикуваше одлуката на Владата во ребалансот на буџетот да обезбеди само 3,2 милиони евра за финансирање на „Македонската радио-телевизија“ во последните […]

Страна 1 од 1