fbpx

Павле Беловски избран за претседател на ССНМ

-

Новинарот Павле Беловски беше избран за претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) на вонредното изборно собрание кое се одржа во понеделникот во КЦ „Јадро“.

Беловски, кој година и половина ја извршуваше функцијата вршител на должност, беше избран за претседател едногласно од присутните 46 членови на седмото собрание на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

„Синдикатот на новинари и медумски работници ја води најтешката улога, да ги антиципира проблемите, да смислува решенија и да ги нуди до институциите и да се бори да бидат озаконети. Да го брани социо-економскиот статус на медиумските работници. Затоа сакам да истакнам дека најголемата обврска која ја има идното раководство, е да ги превенираме неправдите. Да работиме на свеста. Обврска која лично ја презедов и ја ширам неуморно. Да ги едуцираме нашите колеги за стекнатите права“, рече Беловски во своето обраќање на собранието.

На Собранието беше донесена и одлука за измена на бројот на членови на Извршниот одбор (ИО), од досегашните 13 членови на 11 членови. Покрај Тамара Грнчароска, Марина Илиевска, Павле Беловски, Теодора Цветковска и Теофил Блажевски, кои учествуваа во работата на Извршниот одбор и во изминатиот период, дел од ИО на ССНМ во наредниот ќе бидат и Јован Лесански, Викторија Миткова, Орданчо Костов, Славица Филиповска, Бојан Стојановски и Весна Коловска. Тие имаат петгодишен мандат со право на реизбор.

За членови на Надзорен одбор, пак, избрани беа Елисавета Бејкова, Игор Стефановски и Сашко Димовски.

На Собранието беа разгледани и активностите на ССНМ лани и оваа година, од кои беа издвоени формирањето на младинска секција и менувањето на Статутот на организацијата, за задолжително присуство на млади новинари и медиумски работници во Извршниот одбор, зголемувањето на бројот на членови преку низа активности и средби, како и плановите и начините на дејствување во наредните години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...