fbpx
Таг: самоизолација

таг: самоизолација

Од утре се отвораат сите гранични премини, но со посебни услови за влез во земјава

Владата на денешната седница донесе одлука од утре, 17 јуни, да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни, при што за влез во Северна Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. „Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“,...

Филипче: Јавно ќе се објавуваат имињата на лицата кои одбиваат самоизолација

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференцијата најави дека јавно ќе се објавуваат имињата на лицата кои треба да се во самоизолација со решение, а не се. Овие лица свесно ја шират заразата, па затоа се оди со ваква мерка. Имињата ќе бидат објавени најверојатно на веб-страницата на Министерството за здравство. - Ќе биде јавно објавен список на лица...

Поднесени 1.022 прекршочни пријави за граѓани кои не носеле заштитна маска

Продолжува прекршувањето на задолжителните мерки за заштита од ширење на коронавирусот. Само во последното деноноќие, Министерството за внатрешни работи поднело 1.022 прекршочни пријави за граѓани кои не носеле заштитна маска на лицето. Од 1 мај наваму, оваа мерка прекршочно се санкционира согласно пропишаните казни во Уредбата на Владата на РСМ. Мета.мк и претходно пишуваше дека расте бројот на прекршоци по...

Во изминатото деноноќие 1.143 лица не носеле заштитна маска

Граѓаните и понатаму не ја почитуваат мерката за носење лична заштитна маска како заштита и превенција од ширење на корона вирусот. Бројката на прекршоци по овој основ надмина илјада. Само во последното деноноќие, 1.143 лица не носеле заштитна маска на лицето, информираат од Министерството за внатрешни работи. Но се зголемува и бројот на оние што одат во изолација и самоизолација....

За еден месец 5.783 лица во изолација и 2.216 во самоизолација (инфографик)

Во тек е вториот бран на корона вирусот, расте бројот на новозаразени, а со нив и бројот на лицата што одат во изолација и самоизолација. За еден месец, од 8 мај до 9 јуни, Министерството за внатрешни работи евидентирало 5.783 лица на кои им биле издадени решенија за изолација, а 2.216 потпишале изјави за самоизолација. Нивниот број почнува да расте...

203 граѓани вчера не го почитувале полицискиот час, казни и за 481 лице без маски

И покрај тоа што земјава е присутен вториот бран со забрзано ширење на корона вирусот, Министерството за внатрешни работи (МВР) регистрира непочитувања на владините мерки за спречување на ширењето на Ковид-19 од страна на граѓаните. Само во текот на вчерашниот ден, евидентирани се 203 лица низ целата земја кои не го почитувале полицискиот час, при што приведени биле 155...

Во последното деноноќие 48 лица го прекршиле полицискиот час, регистриран 591 прекршок за неносење заштитна маска

Во тек е полицискиот час кој почна да важи од синоќа во 21 часот, а се однесува на сите скопски општини, како и за Куманово, Липково, Штип, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. За останатите градови важи забраната за движење од четврток од 21 до 05 часот, а петок и за викендот од 16 до 5 часот, следниот...

Маски не се носат, за еден ден фатени осум лица што не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација (инфографик)

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека во изминатото деноноќие осум лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. Полициски службеници биле во посета на адресите кои овие граѓани ги дале, но не ги пронашле дома и тие ќе бидат соодветно санкционирани. Во изминативе 24 часа, издадени се 435 решенија за изолација и 75 лица потпишале изјави...

Затворени пет текстилни фабрики во Штип, градот пред карантин

Доколку продолжи растот на заболени од Ковид-19, Штип заедно со Скопје и Тетово многу веројатно ќе биде затворен по пример на карантинот во Дебар. Утре за ова ќе одлучува Комисијата за заразни болести, која во зависност од новите бројки ќе препорача или не, карантин за градовите со голем број на заболени со Ковид 19. Ова на прес-конференција во Штип...

Царовска, Манчевски и Забрчанец во самоизолација бидејќи имале средби со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и националниот координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец се во самоизолација откако имале средби со потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири. Иако на средбите биле почитувани сите протоколи, сепак според препораките на епидемиолозите, тие ќе бидат во самоизолација. Инаку, поради гостување на Зекири на ТВ „24“ во самоизолација...

Филипче побара од МВР поажурно да контролира и да казнува за непочитување на мерките за заштита

Дел од заболените не ги почитуваат мерките за самоизолација, даваат лажни адреси и ја избегнуваат комуникацијата со епидемиолозите. Граѓаните во одредени делови од земјата не се заштитуваат себе си и останатите околу нив со тоа што не носат маски и не одржуваат растојание, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција по објавата дека во последните 24 часа...

Во изминатото деноноќие регистрирани 440 прекршоци за неносење заштитна маска

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во изминатите 24 часа регистрирани се 440 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лицето. Додека пак, за мерката самоизолација евидентиран е еден прекршител. На територијата на државата на 368 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 потпишале изјави за самоизолација. Поминаа два дена откако целосно се укина мерката...

Јавниот градски и меѓуградскиот превоз од и кон Куманово се нормализира

Владата на денешната 55 седница го прифати предлогот на Главниот штаб за координација, врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово, информираат од владината прес-служба. Автобускиот и железничкиот сообраќај ќе може да почне редовно да функционира од Скопје до Куманово, како и меѓу Куманово и...

Дури 75 лица фатени како ја прекршуваат забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие, МВР утврдило 75 случаи на прекршување на забраната за движење, при што 59 лица биле приведени, а останатите биле евидентирани и против нив ќе бидат преземени пропишани мерки. Во истиот временски период, на 102 лица им се издадени решенија за изолација, а 15 лица потпишале изјави за самоизолација. Полицајци извршиле контроли кај лица во изолација и...

Полицискиот час го прекршиле 42 лица

МВР соопшти дека во изминатово деноноќие (27/28.04) на територијата на земјава биле фатени 42 лица што не го почитувале полицискиот час, односно забраната за движење. Притоа, 32 од нив биле приведени, а вторите биле легитимирани и против нив ќе бидат преземени мерки. Во изминативе 24 часа на 53 лица им се издадени решенија за изолација, а 76 лица потпишале изјави...

159 лица го прекршиле полицискиот час изминатиов викенд, приведени 131 лице

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатиов викенд регистрирало вкупно 159 лица што не ја почитувале забраната за движење на населението. Од нив, приведени во полициска станица биле 131 лице, додека за останатите граѓани се земени податоци и за нив ќе следуваат соодветни мерки. Основното јавно обвинителство за прекршителите на полицискиот час ќе покрене кривични пријави по...

Изминатово деноноќие 84 лица го прекршиле полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие, како што соопшти МВР, на ниво на целата земја се евидентирани 84 лица што не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 67 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Во истиот период, односно во последните 24 часа на 31 лице им се издадени решенија за изолација, а...

Совети од ендокринологот Амети: Корона и дијабетес, како да се добие битката?

Имајќи во предвид дека луѓето со дијабетес спаѓаат во категорија со најголем ризик во случај на инфекција со корона вирус, разговаравме со ендокринологот Ирфан Амети за тоа како луѓето со дијабетес полесно да се справат со оваа состојба, јавува „Порталб.мк“. Светската здравствена организација (СЗО) но и Министерството за здравство во неколку наврати истакнуваат дека лицата со дијабетес може да имаат сериозни симптоми...

Филипче, Спасовски и Османи одат во 14 дневна самоизолација

Членовите на Владата кои вчера беа присутни на состанокот на кризниот штаб во Куманово, од денеска ќе бидат 14 дена во самоизолација, и покрај тоа што ги почитувале протоколите за заштита и носеле заштитна опрема. „По информацијата дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски е позитивен на Ковид-19, а кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово, информираме дека премиерот...

Заев и Мицкоски ги почитуваат препораките за самоизолација и засега се чувствуваат добро

Откако министерот за здравство Венко Филипче објави дека лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се тестирани на корона вирусот, тие двајцата се обратија на граѓаните на „Фејсбук“. Мицкоски е негативен на тестот, но Заев сѐ уште чека резултати. „Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...