fbpx
Таг: самоизолација

таг: самоизолација

Заев и Мицкоски во домашна изолација, имале контакт со новинар заболен од корона

Министерот за здравство Венко Филипче на вонредна прес-конференција објави дека лидерите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација бидејќи имале контакт со лице заболено од корона вирусот. - По информацијата која ја доби Министерството за здравство дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на Ковид-19 вирусот, кој новинар во...

Досега 533 граѓани добиле кривични пријави за непочитување на самоизолацијата и полицискиот час

Движењето надвор за време на полицискиот час и непочитувањето на мерките за самоизолација и карантин доведе до тоа 533 граѓани да добијат кривични пријави со вкупна вредност од неколку стотици илјади евра. Основното јавно обвинителство ги објави збирните информации за предмети во сите јавни обвинителства низ градовите во државата по членовите 205 или 206 од Кривичниот законик, како и...

Скопјанец позитивен на корона вирусот непречено си се шетал низ Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишниот Д.А. од Скопје. - На 13-ти март 2020 година, кога од Австрија пристигнал во Република Македонија, тој потпишал изјава за самоизолација, која ја прекршил на 20.03.2020 година, кога во Скопје се упатил во болничка установа со...

Кривични пријави против Александар Вучиќ и Синиша Мали поради одбегнување на самоизолација

Српскиот „Топлички центар за демократија и човекови права“ поднесе кривични пријави против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и против српскиот министер за финансии Синиша Мали поради непостапување по здравствените прописи во време на епидемија, оти не се придржувале кон одредбата за самоизолација по враќањето од Унгарија, во време кога во Србија имало вонредна состојба. Организацијата наведува дека Вучиќ и Мали...

Подолг полициски час: Повеќе прекршители, но помалку „бегства“ од самоизолација

Над 500 граѓани викендов го прекршиле полицискиот час низ целата земја. Министерството за внатрешни работи имало полни раце работа. Зголемувањето на времетраењето на забраната за движење на граѓаните од 16 часот до 5 часот наутро предизвика и зголемување на бројот на граѓани што не го почитувале. Според статистиката на МВР, во текот на изминатите 24 часа евидентирано било дека 242...

Над 40 проценти од светското население во карантин

Над 3,38 милијарди луѓе во речиси 80 земји и територии се во состојба на домашен карантин, по наредби или препораки од властите, како мерка за справување со ширење на новиот корона вирус, јави АФП. Тоа се околу 43 отсто од светското население, кое според податоците на ООН од годинава изнесува 7,79 милијарди. И најголемата земја на светот, Русија, ги затвори...

Корона вирусот „пристигна“ во Тетово, 503 лица во самоизолација

69-годишен пациент е првиот заболен од корона вирусот од Тетово. Вирусот „пристигна“ и во Тетово, а во моментов во градот има 503 лица што се наоѓаат во самоизолација. Овој број бил поголем, но на некои од самоизолираните кои се вратиле од земјите на ЕУ им поминал периодот на инкубација, односно 14 дена. Сите овие лица постојано се проверуваат, потврдува...

МВР: Се намалува бројот на лица што го прекршуваат полицискиот час

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека во текот на изминатата ноќ се намалил бројот на лица што го прекршиле полицискиот час. По однос на контролата на забраната за движење од 21 до 05 часот, утврдено е дека 66 лица не ја почитувале забраната при што приведени биле 37 лица, а за другите се изготвени записници и ќе бидат...

МВР: 103 лица не го почитувале полицискиот час во текот на вчерашната ноќ

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека 103 лица не го почитувале полицискиот час во текот на вчерашна ноќ. Поради непочитување на забраната за движење во периодот од 21 до 5 часот, ноќта меѓу 24 и 25 март биле приведени 63 лица во полициска станица, 31 лице биле опоменати и воедно биле сочинети и девет записници на место на...

Принцот Чарлс позитивен на корона вирус, војвотката Камила е негативна

Принцот Чарлс е тестиран на ковид-19 и наодот покажал дека е позитивен, пренесуваат британските медиуми. Како што се вели во објавите, синот на кралицата Елизабета кој има 71 година, е со слаби симптоми на вирусот и се чувствува добро. Во соопштението од кралската резиденција „Кларенс Хаус“ во Лондон, се дополнува дека е тестирана и војвотката од Корнвал, Камила, но нејзините...

МВР до денес утврдило 105 случаи на непочитување на самоизолацијата

Министерството за внатрешни работи информира дека од започнувањето на примената на мерките и препораките на Владата  заклучно со денеска (22.03.), поднесени се вкупно 77 кривични пријави, а по основ на член 206 и член 205 од Кривичниот законик. Во дел од вкупно поднесените кривични пријави се застапени и двата члена од Кривичниот закон - “пренесување заразна болест“ (чл.205) и “непостапување...

МВР реди кривични пријави за граѓаните кои не ја почитуваат мерката за самоизолација

Петмина битолчани, четворица прилепчани, двајца кумановци и еден охриѓанец добија кривични пријави од МВР за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Станува збор за лица кои за време на пандемија дошле во нашата држава од ризични држави, при што на влез во земјата од страна на Државен санитарен и здравствен инспекторат им биле издадени писмени Решенија за...

Обвинителство предлага парична казна за лице кое не ги почитувало препораките за самоизолација

Основното јавно обвинителство Кавадарци до Основниот суд Кавадарци поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице обвинето дека сторило кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. „Обвинетиот умислено не постапил според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на...

Спасовски: Ќе се казнуваат оние кои ќе допатуваат од странство, а нема да се самоизолираат

Техничкиот премиер Оливер Спасовски испрати апел до сите граѓани, особено до оние кои патуваат кон Македонија, сериозно да ги следат упатствата и препораките на надлежните, да бидат на висината на својата лична одговорност. „Апелирам до граѓаните, кога ќе пристигнат на граница да кажат точно од каде патуваат и потоа да одат во самоизолација 14 дена. На петте гранични премини кои...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...