fbpx

Корона вирусот „пристигна“ во Тетово, 503 лица во самоизолација

-

69-годишен пациент е првиот заболен од корона вирусот од Тетово. Вирусот „пристигна“ и во Тетово, а во моментов во градот има 503 лица што се наоѓаат во самоизолација. Овој број бил поголем, но на некои од самоизолираните кои се вратиле од земјите на ЕУ им поминал периодот на инкубација, односно 14 дена. Сите овие лица постојано се проверуваат, потврдува еден од изолираните кој се вратил од Германија пред 9 дена, пренесува „Порталб.мк“.

Фатмир Реџепи, портпарол на Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово истакна дека полицискиот надзор се спроведува редовно и дека до сега имало само едно прекршување на самоизолацијата што потоа резултирало со соодветна казна.

– Сите лица што дошле од земји на Европската унија потпишале декларација дека ќе се изолираат. Така, секоја станица секојдневно известува за делот што тие го имаат под надлежност да го контролираат. Полицијата ги контролира овие лица два или три пати на ден. Досега оваа мерка се почитува, односно наидовме на само едно кршење на оваа мерка што резултираше со соодветна казна. Бројот на лица во самоизолација во Тетово е 508, тој беше поголем, но некои од нив го минаа 14-дневниот период и нивните тестови беа негативни – посоли Фатмир Реџепи.

Покрај тоа, Реџепи не извести дека вкупно 22 лица од Тетово и Гостивар се во изолација по налог на санитарниот и здравствен инспекторат, овие лица не се вклучени во групата на оние што се дојдени од странство, туку како посебна категорија.

– Санитарниот и здравствен инспекторат на Република Северна Македонија стави во самоизолација 22 лица од Тетово и Гостивар кои не мора да биле во некоја од државите погодени од корона вирусот. Тие се осомничени дека биле во контакт со заразено лице или покажале симптоми на вирус – рече Фатмир Реџепи за „Порталб.мк“.

Дека повратниците од земјите погодени од корона вирусот постојано проверуваат дали ја прекршуваат изјавата што самите ја потпишале, го потврдува едно од лицата што се вратило од Германија пред 8 дена.

Студентот Адем Јашари цели осум дена престојува во домашна изолација и досега имал неколку контроли од полицијата од полициската станица Жеровјане.

– Поминаа 8 дена откако се вратив од Германија, една од државите што сега веќе е со висок ризик. За време на домашната изолација, полицијата неколку пати доаѓаше да провери дали сум дома или пак сум ја прекршил владината мерка за изолација. Доаѓаат еднаш наутро околу 9 часот и еднаш навечер околу 8 часот и се однесуваат многу добро. Ми се допаѓа, контролите се постојани затоа што ако не јас, има некој за кој верувам дека не ја почитува оваа мерка и со тоа им се загрозува животот на многу други – вели Јашари.

Инаку, во Тетово вчера беше потврден и првиот случај со корона вирус. Лицето од Тетово било хоспитализирано две недели во болница во Скопје, тој е неподвижен и боледува од хронични заболувања, а неговото семејство во моментов се тестира дали тие се заразени од овој вирус.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...