Филипче: Јавно ќе се објавуваат имињата на лицата кои одбиваат самоизолација

-

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференцијата најави дека јавно ќе се објавуваат имињата на лицата кои треба да се во самоизолација со решение, а не се. Овие лица свесно ја шират заразата, па затоа се оди со ваква мерка. Имињата ќе бидат објавени најверојатно на веб-страницата на Министерството за здравство.

– Ќе биде јавно објавен список на лица кои треба да се во самоизолација. Тоа се оние пациенти кои не сакаат да соработуваат со епидемиолозите и со инспекторите на санитарниот и здравствен инспекторат. Има луѓе кои не ги примаат решенијата заради различни причини. Има луѓе кои даваат погрешни телефонски броеви, погрешни адреси, па инспекторите не можат да ги најдат. А тоа е сериозен ризик. Имаат голем проблем со тоа да ги поделат решенијата за самоизолација – рече министерот.

Тој информира за бројот на новозаразени, кој денес е 103 пациенти. Рече дека на Инективната клиника и во „8 Септември“ се носи медицински кадар од внатрешноста за да може комплетно да се одговори на потребите. Во болницата „8 Септември“ во моментов хоспитализирани се 113 пациенти, а тимот е зајакнат со шестмина нови доктори.

– Се соочуваме со силен бран на епидемијата. Охрабрува тоа што огромен број од пациентите се или без симптоми или со многу лесна клиничка слика. Во моментов, 86 отсто од заболените се лекуваат во домашни услови. Во однос на капацитетите, има кревети слободни, има опрема. Со непочитување на мерките на заштита, бројот ќе расте. Други земји се соочија со нови бројки после попуштање на рестриктивните мерки. Затоа инсистираме на апсолутно почитување на протоколите за работа. Враќањето кон рестриктивните мерки не е добра опција. Мора да сфатиме дека уште долго ќе живееме вака. Економски оператори трпат загуби, градинките не можеме да ги отвориме, училиштата беа затворени за да нема групурања. Апелирам до родителите да им укажат на нивните деца да се заштитат и да не се групираат – истакна Филипче.

Во последните денови, тој кажа дека добива прашања за причините за смртност на пациентите. Појасни дека согласно податоците од историјата на болеста, се работи за пациенти со претходни хронични заболувања.

– Од 193 починати лица, најголем дел се над 60 години, а 76 отсто од нив имаат коморбдитети, најмногу проблеми со кардиоваскуларниот систем, шеќерна болест или проблеми со белите дробови – информира тој.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...