fbpx

Филипче побара од МВР поажурно да контролира и да казнува за непочитување на мерките за заштита

-

Дел од заболените не ги почитуваат мерките за самоизолација, даваат лажни адреси и ја избегнуваат комуникацијата со епидемиолозите. Граѓаните во одредени делови од земјата не се заштитуваат себе си и останатите околу нив со тоа што не носат маски и не одржуваат растојание, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција по објавата дека во последните 24 часа се регистрирани 52 новозаболени и 4 смртни случаи. Филипче побара поголема ажурност во контролите од страна на Министерството за внатрешни работи и санкции за оние кои не ги почуваат мерките.

Министерот, исто така, најави дека доколку во следните денови се зголеми бројот на заболени од корона вирусот во Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром, како и во одредени региони како во тетовскиот може да се воведе таргетиран карантин. Сепак, Филипче изјави дека постои можност денешната бројка од 52 нови заболени да биде варијација, но не и тренд.

„Одлука за карантин во овие општини засега нема, но ќе ја пратиме ситуацијата за време на викендов и почетокот на следната недела и ќе одлучиме,“ изјави Филипче.

Тој потенцираше дека зголемување на бројот на новозаболени е како резултат на непочитување на мерките за самоизолација и за превенција, граѓаните се собираат и не носат маски.

„Во Тетово и околината не се почитуваат мерките за самоизолација, но и генерално. Не се носат маски и не се држи растојание. Во Штип исто така има непочитување на правилата при транспорт со автобуситедо и од конфекциите. Вработени од повеќе конфекции се возеле со исти автобуси без да се носат маски и да се почитуваат мерките за дистанца,“ информираше Филипче и додаде дека во една конфекција има 17 заболени и 70 се во изолација.

Министерот за здравство рече дека епидемиолозите се соочуваат со проблеми на терен во спроведување на епидемиолошките анкети бидејќи пациентите не даваат точни податоци, оставаат лажни адреси, па така има потешкотии во доставувањето на решенија за самоизолација.

„Имаме информации дека граѓаните со решенија за самоизолација се шетаат надвор. Барам апсолутно поголема ажурност од МВР, поголема контрола и санкции кон оние кои не ги почитуваат мерките,“ вели Филипче.

Тој потсети дека мерките се олабавија со јасна порака за задолжително почитување на препораките за превенција, бидејќи не можеме постојано да живееме во изолација и со затворени граници. Но имајќи ги предвид вчерашните собирања во ресторани и кафеани, Филипче рече дека ако знаеле дека ќе е така, немало да дадат препорака да се отворат.

Министерот за здравство информираше дека Бугарија од понеделник ќе ги отвори границите за граѓани од ЕУ како и за Србија и Македонија, а следната недела ќе се разговара кога ние ќе ги отвориме границите. На новинарско прашање, дали одредени држави би забраниле граѓаните од Македонија да патуваат во тие држави тој додаде дека тоа е интерна одлука, но сепак се чека усогласување на правилата на земјите од регионот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...