Фото: Арбнора Мемети, Мета.мк

Продолжува прекршувањето на задолжителните мерки за заштита од ширење на коронавирусот. Само во последното деноноќие, Министерството за внатрешни работи поднело 1.022 прекршочни пријави за граѓани кои не носеле заштитна маска на лицето. Од 1 мај наваму, оваа мерка прекршочно се санкционира согласно пропишаните казни во Уредбата на Владата на РСМ.

Мета.мк и претходно пишуваше дека расте бројот на прекршоци по овој основ.

Во изминатото деноноќие евидентирани се две лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. На територија на државата, на 231 лице им се издадени решенија за изолација, а 161 лице потпишале изјави за самоизолација. Од 29 мај наваму расте бројот на лица кои одат во изолација и самоизолација.