fbpx

Совети од ендокринологот Амети: Корона и дијабетес, како да се добие битката?

-

Имајќи во предвид дека луѓето со дијабетес спаѓаат во категорија со најголем ризик во случај на инфекција со корона вирус, разговаравме со ендокринологот Ирфан Амети за тоа како луѓето со дијабетес полесно да се справат со оваа состојба, јавува „Порталб.мк“.

Светската здравствена организација (СЗО) но и Министерството за здравство во неколку наврати истакнуваат дека лицата со дијабетес може да имаат сериозни симптоми и компликации во случај на инфекција, но ова нема да биде исто ако тие навремено го контролираат дијабетесот.

А за тоа како да се контролира дијабетесот деновиве кога дури и слободното движење е ограничено, разговаравме со специјалистот од оваа област, Ирфан Амети, според кого е многу важно да се внимава на начинот на исхрана и таа да се прилагоди според вредностите на шеќерот во крвта и физичката активност.

– Пред сè, за луѓето кои имаат хронични заболувања, но особено дијабетес, многу е важно да го задржат шеќерот во крвта под контрола. Тие не треба да престануваат со редовната терапија, напротив, треба да ја земаат. Треба да се консумираат доволни количини вода, овошје и зеленчук, главно сé што содржи витамин Д. Сепак, во случај на сомнителни симптоми на корона вирус, треба веднаш да се консултира лекар – објасни ендокринологот Ирфан Амети.

Последиците можат да бидат сериозни ако дијабетесот не се контролира добро, и тоа може да доведе до инфекција на белите дробови или пневмонија кај овие лица, истакна лекарот, повторувајќи ја потребата шеќерот во крвта да се држи под контрола.

– Луѓето кои страдаат од дијабетес, особено оние кои страдаат и од други болести како што се висок крвен притисок, срцеви заболувања, заболувања на бубрезите, многу е важно да го држат под контрола шеќерот во крвта, не треба да престанат со редовната терапија како за дијабетесот исто така и за другите болести. Препорачливо е да се консумира доволно количество вода, особено во случај на висока телесна температура, овошје и зеленчук кои содржат доволно количество витамин Ц, минерали. Препорачливо е да се консумира риба барем двапати неделно затоа што рибата има витамин Д со што се зголемува имунитетот, 90 отсто од дневните количини на овој витамин се добиваат од сонцето, па затоа излегувањето во сонце од 15 до 30 минути на ден е задолжително – додава Амети.

Според Асани, препораките кои се многу валидни за обичните луѓе, треба да бидат валидни два или три пати повеќе за лицата со хронични заболувања, особено за оние со дијабетес, и затоа тој препорачува изолација на овие лица и поголема внимателност.

– Се претпочита физичка активност, одење 30 минути на ден, придржувајќи се на физичката дистанца, а во услови на изолација, импровизација на физичка активност во затворено. Доколку тоа не е можно, подобро е да се намали консумирањето храна за 30 отсто. Препорачливо е да се избегнуваат готови шеќери, да се консумира интегрален леб. Меѓутоа, во случај на сомнителни симптоми на вирусот на корона, треба веднаш да се консултира лекар – објаснува Ахмети.

Тој предупредува дека состојбата кај одреден број лица со дијабетес и корона вирус може да се влоши и да го зголеми ризикот од смрт, особено ако дијабетесот не бил добро контролиран.

– За оваа група пациенти, инфекција на белите дробови или пневмонија, може да доведе до откажување на белите дробови или ARDS, како и оштетување на други органи што може да доведат до смрт. Луѓето со дијабетес не се изложени на поголем ризик за заразување со корона вирус, меѓутоа кај нив ризикот од компликации е поголем. Но, ако добро го контролираат дијабетесот, ризикот од компликации е сличен на оној како кај луѓето без дијабетес – додаде докторот.

И на официјалната веб-страница на Министерството за здравство е објавена статија со совети за луѓето со дијабетес за тоа како да го контролираат шеќерот во крвта, а некои од препораките се:

  • Консумирање доволни количини течности
  • Следење на нивото на шеќерот во крвта
  • Следење на температурата
  • Ако сте на инсулин, да се следат и кетонските тела
  • Следете ги препораките на здравствените тимови

Инаку, според сегашните податоци, 98 отсто од заразените пациенти преживуваат, повеќето 80 отсто од случаите имаат благ клинички изглед и покажуваат само минимални симптоми слични на грип и луѓето можат да се лекуваат дома. Голем број случаи околу 14 отсто се сериозни, а многу малку околу 5 отсто може да бидат критични. Ковид-19 може да доведе до сериозни проблеми, како пневмонија или дури и смрт.

Оваа состојба е почеста кај лицата со други здравствени проблеми, особено кај постарите лица, кај оние со кардиоваскуларни заболувања, хронично заболување на белите дробови и висок крвен притисок, како и кај лица со дијабетес кои можат да имаат сериозни симптоми и компликации при инфекција со Ковид-19. Но, како што истакнавме претходно, ако дијабетесот се контролира добро, ризикот од сериозни компликации е сличен на оној на општата популација.

Ако луѓето со дијабетес не го контролираат добро дијабетесот и имаат варијации на шеќер во крвта, постои поголем ризик од потешка форма на инфекција со Ковид-19 во споредба со општата популација, бидејќи способноста на организмот да се бори против инфекција е ослабена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...