Таг: превенција

таг: превенција

Градоначалникот Јованоски бара владата да преземе поригорозни мерки за Прилеп

Поригорозни мерки за Прилеп, слични на оние што ги изрече Владата за општина Куманово, побара прилепскиот градоначалник, Илија Јованоски, откако вчера се евидентирани нови 9 случаи на заразени од корона вирусот, со што вкупниот број на заболени од КОВИД-19 достига 33. - До овој момент, нема нови случаи денеска. Но, имајќи предвид дека за два дена бројот на инфицирани се...

Повик до кочанчани сами да соопштат дека се позитивни на корона вирусот

Институциите немаат право да објавуваат лични податоци и се должни да ги чуваат како приватни податоците од медицинската документација. Тоа е причината поради која институциите не смеат да ги соопштат имињата на заразените граѓани. Затоа пак, заболените можат сами тоа да го направат, со што ќе пројават висока свест во борбата против корона вирусот. Ова е повик од Кризниот...

Ќе се бира меѓу 158 дигитални алатки на повикот КРЕАТОН за справување со Ковид-19

Вкупно 158, од 546 пристигнати иницијативи, одат во фаза на финална селекција на јавниот повик КРЕАТОН наменет за креирање на дигитални алатки и решенија за справување со последиците од Ковид-19, информираат од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).  Сите апликанти чии иницијативи поминаа претселекција, во следните 48 часа треба да изработат на активности и буџет, како и куса видео презентација пред Комисијата за евалуација и избор. Комисијата е составена од членови на...

Кризниот штаб од Куманово повеќе од една недела бара воведување на карантин

Со денешните 23 нови случаи, Куманово ја достигна идентичната бројка на заразени лица со корона вирусот како и Дебар - вкупно 47 лица. Општинските власти од Куманово секојдневно заседаваат, при што на состаноците на општинскиот штаб за заштита и спасување редовно се даваат препораки, заклучоци и мерки за граѓаните, но и за државните власти. Од овој општински штаб повеќе од...

Корона вирусот „пристигна“ во Тетово, 503 лица во самоизолација

69-годишен пациент е првиот заболен од корона вирусот од Тетово. Вирусот „пристигна“ и во Тетово, а во моментов во градот има 503 лица што се наоѓаат во самоизолација. Овој број бил поголем, но на некои од самоизолираните кои се вратиле од земјите на ЕУ им поминал периодот на инкубација, односно 14 дена. Сите овие лица постојано се проверуваат, потврдува...

Внимавајте како го фрлате отпадот ако сте во самоизолација или карантин

Над 10.000 граѓани се наоѓаат во самоизолација или карантин во нашата земја. Бројот на лица на кои им се определени овие мерки секојдневно расте, а заедно со нив и грижата за управување на отпадот што овие граѓани секојдневно го создаваат. Од Министерството за животна средина и просторно планирање излегоа со препораки за начинот на одлагање на отпадот за лицата...

Во Прилеп двајца заболени од COVID 19, но засега е енигма колкумина се инфицирани

Во Прилеп се појавија првите два случаи на заболени од корона вирус, коишто се веќе префрлени на лекување на Инфективната клиника во Скопје. Двајцата сопружници, во трето доба, неофицијално, се инфицирани од нивниот син, којшто неодамна се вратил од одмор на Копаоник. - Двајцата заболени како што добив информација се во добра здравствена состојба. Апелирам до граѓаните кои што имале...

Психологот Аделина Рашиди советува како да се одржи менталното здравје периодов

Во ситуации како оваа со пандемијата на корона вирусот, многу е нормално граѓаните да доживеат вознемиреност или да имаат негативни мисли. Не двоумете се да ги искажете овие чувства пред вашите роднини, ослободете ги, не ги потиснувајте, ова се дел од предлозите на психологот Аделина Рашиди за тоа како да се излезе од оваа состојба на психички и физички...

Докторот Фазлиу ги споделува искуствата од борбата против корона вирусот во земјава

Адурим Фазлиу е млад доктор кој штотуку ја започнал својата кариера во оваа професија. Во нормална ситуација, во оваа рана фаза од кариерата, тој би требало да има поинаква рутина на работа, да ја истражува својата професија, да ги проучува најситните детали и секој ден сѐ повеќе и повеќе да се заљубува во неа, пишува „Порталб.мк“. Но, здравствената криза со...

Дизајнерката Крешнике Иљази произведе и дистрибуираше 1.400 заштитни маски

Во моментот кога вестите дека има недостиг од заштитни средства во македонските аптеки ги преплавија медиумите, модната дизајнерка од Тетово, Крешнике Иљази заедно со нејзиното семејство одлучија да направат нешто за да помогнат во однос на новонастанатата ситуација. Тие направија и дистрибуираа над 1.400 заштитни маски и не планираат да престанат тука, пишува „Порталб.мк“. Дизајнерката Иљази вели дека не се...

Хелсиншки: Нејасна е целта на полицискиот час, ако парковите и игралиштата се преполни преку ден

За Хелсиншкиот комитет за човекови права е нејасна целта на радикалната забрана за движење на населението во периодот од 21 до 6 часот секој ден и насловувањето на оваа мерка како „полициски час“, доколку во текот на денот парковите, игралиштата и другите јавни површини остануваат главни собиралишта на големи групи луѓе. „Можноста за ширење на вирусот е еднакво голема во...

Арбнора Мемети: Го жртвуваме сопственото здравје за известување во кризни времиња

Освен лекарите, една од најважните должности во кризните времиња ја имаат новинарите и фоторепортерите. Со единствена цел луѓето да се информираат за сé во врска со корона вирусот, тие се секој ден на терен, жртвувајќи го и нивното здравје. На оваа тема повеќе разговаравме со фоторепортерката Арбнора Мемети, пишува „Порталб.мк“. Пред појавата на корона вирусот Нора се будела од алармот...

Струга: Психолошката штета е потешка од онаа од корона вирусот

„Доколку не сте имале контакт со некое заразено лице или којшто допатувал од земјите со висок ризик, нема потреба ниту да се тестирате, а уште помалку да правите паника, доволно е да се почитуваат мерките на владата“, вели епидемиологот од Струга Јованка Стурлакова, известува „Порталб.мк“. Стурлакова, епидемиолог со големо работно искуство во оваа насока, сега се грижи за струшкиот регион....

Работниците во продавниците се чувствуваат загрозени поради корона вирусот

Корона вирусот што се шири низ Македонија им прави огромни проблеми на работниците. Голем број бизниси се привремено затворени, институциите работат со намален капацитет, а голем број од компаниите ги испратија вработените да работат од дома. Но, оваа мерка на надлежните органи не ги опфаќа и професиите кои се на служба на граѓаните и треба да ги исполнуваат нивните...

Охрид: Како им е на оние што мора да работат и ризикуваат за нам да ни биде полесно

Тие не може да работат од дома. Mора секој ден да бидат на своите работни места со цел, животот непречено да тече. Ова е сторија за дел од хероите во нашата држава кои секојдневно ризикуваат, работејќи ја својата работа. Љупчо Ничевски, еден од возачите на градските линии во Охрид, вели дека во моментов се вози редуцирано, има помала фреквенција на...

Општина Тетово ќе ги затвори сите пазари поради корона вирусот

На состанок со Штабот за управување со кризи на Општина Тетово било одлучено да се заострат мерките за спречување на коронавирусот на територијата на оваа општина. Една од мерките што е донесена од општинските власти е затворање на сите пазари на нејзината територија, јавува „Порталб.мк“. Заострените мерки за спречување на коронавирусот ги најави тетовската градоначалничка Теута Арифи преку видео -...

Докторите од Кичево смируваат: Се шири непотребна паника, локалната болница е подготвена

Кичевската болница е подготвена да се справи со корона вирусот, велат локалните доктори. Издвоен е посебен објект со две соби каде што во период од 48 часа ќе се сместуваат оние пациенти за кои се прават анализи за Ковид-19. Докторот Илми Мехмеди од инфективното одделение на кичевската болница апелира до граѓаните да не паничат, известува „Порталб.мк“. Докторот Мехмеди изрази оптимизам...

Мемети: Граѓани доаѓаат во гостиварската болница со знаци на страв, а не на корона вирус

Ситуацијата во Гостивар до овој момент е стабилна и официјално нема заразени лица со коронавирус, изјави лекарот инфектолог Енес Мемети од гостиварската болница, кој ги повикува граѓаните да не шират паника. Тој посочува дека граѓаните треба да се прегледуваат кај матичните лекари, а во инфективниот оддел да доаѓаат само оние со симптоми на коронавирусот, пренесува „Порталб.мк“. Според докторот Мемети од...

Медицинскиот персонал во тетовската болница е мобилизиран за справување со корона вирусот

До овие моменти на територијата на општина Тетово, односно тетовската болница состојбата е мирна, нема паника, а ние како медицински персонал сме максимално подготвени, вели Началникот на одделот за инфективни болести во Тетово, Али Исмаили во однос на состојбата со корона вирусот, пренесува „Порталб.мк“. Тој нагласува дека голем број лица во последниов период кои доаѓаат на преглед во болницата, и...

Задолжителна самоизолација на патниците и препорака да не се патува во 19 земји (инфографик)

Министерството за здравство објави листа со 19 земји со среден и висок ризик за патување поради присуството на корона вирусот на нивната територија. Во групата на земји со висок ризик, во која спаѓаат Италија, Кина, Јужна Кореја и Иран, препораката е граѓаните воопшто да не патуваат, додека граѓаните кои пристигнуваат од овие земји во Македонија треба да се подложат...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...