fbpx

Мемети: Граѓани доаѓаат во гостиварската болница со знаци на страв, а не на корона вирус

-

Ситуацијата во Гостивар до овој момент е стабилна и официјално нема заразени лица со коронавирус, изјави лекарот инфектолог Енес Мемети од гостиварската болница, кој ги повикува граѓаните да не шират паника. Тој посочува дека граѓаните треба да се прегледуваат кај матичните лекари, а во инфективниот оддел да доаѓаат само оние со симптоми на коронавирусот, пренесува „Порталб.мк“.

Според докторот Мемети од инфективниот оддел на гостиварската болница, пациентите треба да бидат претпазливи, но не да се плашат, бидејќи, како што вели, сите контролирани досега немаат ниту симптоми на грип ниту вируси, туку на страв и анксиозност.

– До овие моменти ситуацијата на територијата на општина Гостивар е стабилна, нема ниту еден заразен од корона вирусот, барем официјално. Но, се гледа дека кај луѓето владее страв, сите пациенти, а ги има многу, кои дојдоа на инфективниот оддел се со знаци на страв и анксиозност, но во ниту еден момент со знаци на коронавирус. Оваа пандемија го зафати поголемиот дел од светот, затоа треба да бидеме внимателни, но не и да шириме паника. Нашиот оддел во Гостивар е подготвен за секоја ситуација – вели Енес Мемети за „Порталб.мк“.

Директорот на гостиварската болница, Јакуп Јакупи за „Порталб.мк“ изјави дека во нивната болница нема респираторни апарати, а доколку има потреба тие пациенти ќе бидат испратени во Скопје.

– Гостиварската болница е апсолутно подготвена за секоја ситуација, ние постојано сме во координација со тимот што е надлежен специфично со случаи на корона вирус за да бидеме колку што е можно повеќе информирани. Ситуацијата до овој момент е мирна и нема паника, лицата кои беа вчера тестирани од Гостивар, денес се со негативни резултати – нагласува тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...