fbpx

Психологот Аделина Рашиди советува како да се одржи менталното здравје периодов

-

Во ситуации како оваа со пандемијата на корона вирусот, многу е нормално граѓаните да доживеат вознемиреност или да имаат негативни мисли. Не двоумете се да ги искажете овие чувства пред вашите роднини, ослободете ги, не ги потиснувајте, ова се дел од предлозите на психологот Аделина Рашиди за тоа како да се излезе од оваа состојба на психички и физички план, известува „Порталб.мк“.

Психологот Рашиди првично ги истакнува последиците што домашната изолација може да ги има врз луѓето, но вели дека секоја од нив е многу нормална и дека нема за што граѓаните да се плашат затоа што тие се краткотрајни и можат лесно да се надминат.

– Додека луѓето се обидуваат да се прилагодат на новата реалност на глобалната пандемија Ковид-19 и изолацијата како нејзин резултат, некои се вознемирени од стравувањата за тоа што може да се случи подоцна и што да правиме. Социјалната изолација може да доведе до чувство на осаменост, неприпаѓање и ниска самодоверба поради чувство на неспособност и чувство на непродуктивност. Прекумерниот страв и анксиозност можат да влијаат на вашето физичко здравје и да го ослабат вашиот имунолошки систем. Многу е нормално, за нас како социјални суштества, да се соочиме со вознемиреност во овој период, бидејќи самото одвојување од социјални активности и рутина го отежнува надминувањето на оваа состојба – вели Рашиди.

Рашиди дава неколку препораки како да излеземе од оваа вонредна ситуација што е можно поздрави ментално, и според неа многу е важно да си искажеме сѐ што чувствуваме со нашите најблиски.

– Овие негативни чувства како анксиозноста, лошите мисли можат да се надминат со нашите роднини, ослободувајќи ги овие чувства колку што е можно повеќе, да не се потиснуваат и тоа да се прави цело време, повторувајќи ја истата работа одново и одново. Да се пронајде одредена активност додека сте дома, што можеби сте ја сакале секогаш, но не сте ја правеле, останете ангажирани и не оставајте простор за песимистички мисли – активност како медитација, јога, вежбање дома. Поврзете се со природата за да помогнете во одржување на вашето ментално здравје, и покрај „Netflix and chill”, можете да најдете и интересни активности да ги споделите со вашето семејство – додава Рашиди.

Инаку, покрај гореспоменатите активности како медитација, јога, вежбање по дома, како и поврзување со природата, некои млади луѓе го поминуваат времето по социјалните мрежи преку креативни активности, предлагајќи книги едни на други, преку концерти на социјалните мрежи, како и хумор преку различни страници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...